Како се поделени Милано и Италија според миланисти и интеристи и кои се побројни?

Италија вечерва ќе биде поделена куќа по куќа, кварт по кварт, општина по општина, што всушност и не е некоја новина. Северот го држат навивачите на Милан, а Центар и Југ оние на Интер.

Миланистите и интеристите често се еквивалентни по број кога се собира друштво на пријатели, но се малку различни во однос на карактеристиките.

Традицијата вели дека социолошки, отсекогаш имало многу навивачи на Интер во средната и високата класа, а пак многу навивачи на Милан припаѓаат на работничката класа.

Географски центарот на Милано е повеќе за Интер, а периферијата за Милан. Во однос на возраста, четириесетгодишните се обично повеќе за Милан (Саки, Ван Бастен...), а дваесетгодишните за Интер (Мурињо, тројната круна).

8 МИЛИОНИ

Во однос на бројките, ќе одговорат StageUp и Ipsos, компании кои се занимаваат со истражувања и консултантски услуги во спортскиот бознис.

Нивната мапа покажува дека росонерите се побројни во 10 региони, а Интер во шест.

Според проценките, Милан во цела Италија има 4.222.000 навивачи, а Интер 3.955.000. Тие се на второ и трето место во цела земја, а прв е убедливо Јувентус кој владее со 8 милиони.

СЕВЕР vs ЈУГ

Освен во бројките, љубопитноста е и во географската поделба. Северот има мнозинство росонери, а Центар-Југ се повеќе за Интер. За изненадување се смета островот Сицилија каде за Интер навиваат 406.000 наспротив 283.000 миланисти.

Посебна дискусија заслужува Ломбардија, како домаќин на дербито. Провинцијата Бреша ги даде Бекалоси, но и Пирло и браќата Барези, по еден во двете екипи. Милано ги произведе Ѕенга и Бергоми, но и Малдини. Од Бергамо е Факети, но и Донадони.

Анализите на StageUp и Ipsos покажуваат дека миланистите владеат од Варезе до Мантова и дека 55% од навивачите на ова дерби се за Милан, а Интеристите во Ломбардија се 45%.

МЛАДИТЕ МЕНУВААТ

„Од анкетите произлегува дека врската меѓу навивачите и тимот, особено меѓу помладите, ги нема нераскинливите карактеристики од минатото. Тие се чувствуваат слободни да живеат два или три животи во еден и да го сменат тимот само затоа што нивниот омилен играч направил трансфер. Трансферот на Роналдо во 2007-ма денес би направил промени меѓу миланистите и интеристите и тоа во бројка од неколку илјади“, вели првиот човек на StageUp, Џовани Палаци.

Милано и многу делови од Италија вечерва истовремено ќе слават и тагуваат.