Лидс Јунајтед изминатово коло одигра 1:1 на гостувањето против Брентфорд, кое се смета за тешко гостување.
Официјално, во гостинскиот сектор присуствувале 1.707 навивачи на Лидс, но имало и 1.708-ми, исто така како гостин, само зависи кој како гледа на тоа.
62 годишниот Крис Смит, опремен со реквизити, му даде поддршка на својот тим, ама од малку подалеку. Отишол на гости кај ќерка му, заедно со сопругата и уште тројца пријатели за да може на некој начин во живо да го бодри својот тим.
„Мојата ќерка живее во тој стан од мај оваа година. Таа е навивачка на Лидс, а нејзината цимерка навива за Арсенал. Кога го разгледале станот, им се допаднало тоа што има поглед кон теренот на Брентфорд. Таа е навивачка на Лидс, а другарка и навива за Арсенал. Со нетрпение го очекувавме овој натпреварот, а летоска сите чекавме да излезе распоредот за оваа сезона“, вели Смит.
Во еден момент се виделе и на тв за време на преносот, бидејќи камерите на Скај Спорт се насочиле токму кон балконот.
„Најсмешно беше што кога се појавивме на Скај, го пуштивме натпреварот на тв и сите велеа: `Тукушто те видовме на телевизија`. Тоа беше смешно.“
Инаку Смит и екипата, не успеале да го видат израмнувачкиот гол со глава на Калверт-Луин, поради малку ограничениот поглед, но сепак ја почувствувале атмосферата од високо.
Leeds United fans watching from the top floor balcony of the apartment block. Flag in window. They get everywhere.#lufc pic.twitter.com/nd23sdYT61
— Graham Smyth (@GrahamSmyth) December 14, 2025