Акциите на Манчестер Јунајтед првпат на слободен пазар се појавиле во 1990-та година. Во 2003-та американскиот бизнисмен Малколм Глејзер со неговите браќа купува 3,17% од акциите. Со текот на годините тој само ја засилувал контролата а на 14 јуни 2005-та завладеа со дури 98% од акциите.
Од првично силно финансирање и „да му даваат на клубот“, Глејзери стигнуваат до „да му земат на клубот“ што веќе 10-ина години предизвикува силен гнев и револт кај навивачите на Јунајтед кои сакаат Глејзери да го продадат клубот што е можно поскоро.