Стадионот се наоѓа буквално на самиот брег, на десетина метри од заливот во Норвешкото море, со што добива посебна димензија
Првично, стадионот собирал нешто повеќе од 13.000 места, а рекордна посетеност имал во годината на неговото отворање, во 1998-ма на мечот против Розенборг кога дошле 13.308 гледачи или половина од градот Молде. Во тој момент имало и седечки и стоечки места.
Во следната 1999-та година, Молде првпат во клупската историја се пласираше во групната фаза од Лига на шампиони каде направи изненадувања и ги победи ЦСКА Москва и Мајорка. Тогаш управата на норвешкиот клуб решила да се откаже од стоечки места и капацитет се намалил на 11.249 седечки места.
Стадионот „Акер“ спаѓа во четврта категорија мали стадиони според УЕФА.
Името „Акер“ стадионот го добил во 2006 година после спонзорскиот договор со реномираната компанија Aker Solutions.
Пред почетокот на сезоната 2014/2015, клубот Молде ја сменил природната трева со вештачки тревник
Сезонава во норвешката Елитсерие останаа уште 2 кола до крајот. Молде во моментов е прв на табела со 11 бода предност во однос на главниот конкурент, така што ќе се слави нова титула на „Акер“.