- Српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ ќе биде прво засилување за црвено-црните следната сезона во која РК Вардар 1961 се надева дека како нов шампион на Македонија ќе се врати после неколку години во Лига на шампиони.
- Десното крило на РК Војводина постигнал договор со РК Вардар 1961 и на лето ќе пристигне во Скопје. Тој со новосадските „лалиња“ освои шампионска титула, Куп на Србија и Суперкуп а два пати играше и во Топ 16 на ракометната Лига Европа.
- Воркапиќ е роден во Белград, има 28 години и е стандарден репрезентативец на Србија. Играл во Вождовац, Металопластика и во француски Иври две сезони од 2021 до 2023. РК Вардар како двократен европски шампион сонува да се врати во Лига на шампиони после четири сезони.
- Следната Лига на шампиони ќе биде проширена и ќе има 24 клуба наместо досегашните 16.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.