- Тркачот во скелетон, Владислав Хераскевич беше суспендиран и остранет од Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина откако се појави на патеката со кацига на која стоеа загинати спортисти во војната во Украина.
- Меѓународниот олимписки комитет во неколку наврати истакна дека според правилникот Хераскевич не смее да носи таква кацига, дека во светот постојат стотици активни конфликти и дека доколку секој би сакал да испрати некаква порака и носи нешто слично, на што би личеле Зимските олимписки игри...
- МОК побарал од Хераскевич да не го носи шлемот со загинатите украински спортисти, тој ги одбил, се појави на натпреварот после што беше суспендиран.
- Сега сопственикот на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк Ринат Ахметов го наградил младиот 21-годишен спортист со 200.000 долари. „На Влад Хераскевич му беше одземено правото да се натпреварува за победа на Олимписки Игри, но тој се врати во Украина како прав победник. Почитта и гордоста што ја заработи меѓу Украинците со својата постапка се најголема награда. Во истовреме сакам да има енергија и ресурси да ја продолжи кариерата и да се бори за вистината, за слободата и сеќавањето на оние кои ги дадоа своите животи за Украина“, напишал Ахметов во соопштение.
- Сумата од 200.000 евра колку што Ахметов му ја дал е еднаква со премијата која Украинскиот олимписки комитет ја предвидува за секој златен медалист на Игрите.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.