- По кошаркарскиот натпревар меѓу КК Сплит и КК Партизан во рамки на АБА лигата, тројца симпатизери на белградскиот клуб биле нападнати од непознати напаѓачи пред салата. Тие биле без обележја и дошле да го гледаат натпреварот.
- Според изјави на сведоците кои виделе кога дошло возило на Брза помош, еден навивач имал крвава глава и пружена му е лекарска помош, пишува хрватскиот портал 24 часа.
- „Можеме да потврдиме како по кошаркарскиот натпревар на Грипе во близина на салата од страна на група млади лица нападнати се три српски државјани кои биле на натпреварот. Лицата не биле најавени во полиција како службени лица или навивачи на гостинскиот клуб, така што избегнале надзор и осигурување на полицијаа. Две лица се повредени и им се укажува помош. Спроведуваме криминалистичко истражување“, соопштила сплитската полиција.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.