Се гради нова спортска сала во склоп на комплексот Куќа на фудбалот
28 октомври 2025
- Новата сала ќе биде лоцирана зад Фудбалската федерација на Македонија и ќе содржи неколку мултифункционални спортски терени, наменети за различни спортови и активности.
- Со тоа, ќе се создадат современи услови за младите генерации, учениците и спортските клубови од ова подрачје да тренираат и да се развиваат во здрав дух.
- Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството за спорт и Владата на Република Македонија во соработка со Општина Аеродром.