- Двократниот европски шампион Вардар 1961 планира во новата сезона да го донесе Шпанецот Јан Гури од Спортинг Лисабон кој би бил идеална замена за сјајниот Украинец Дмитро Хориха кој не го продолжи договорот со црвено-црните и ќе заминува веројатно во унгарски ПИК Сегед.
- Јан Гури има 23 години, стандарден член е на репрезентацијата на Шпанија за која на последното Европско првенство во Данска забележа дури 27 гола и беше втор стрелец на некогашниот европски шампион Шпанија.
- Гури е лев бек и одлично би дошол на позицијата која остана празна откако од клубот заминаа Вуко Борозан, Филип Талески, Стефан Петриќ и најавеното заминување на Хориха.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.