- Доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков, роден 1947 година, целиот свој работен век го мина во македонското радио, како новинар, репортер и уредник на спортската програма.
- Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.
- Во 42 годишната кариера известуваше од седум Олимписки игри, безброј фудбалски мечеви, Универзијада до медитерански игри, шаховска олимпијада, кошаркарски, ракометни, одбојкарски мечеви, како и преноси во бокс, борење, атлетика, хокеј, кајак, зимски спортови...
- Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за ФФМ говори за односите со ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, инвестициите во фудбалската инфраструктура, солидарноста во европскиот фудбал и рамноправната позиција на сите национални федерации во УЕФА.
- Чеферин, престојуваше во Македонија на покана на Омерагиќ и го следеше натпреварот меѓу Македонија и Словенија од Лигата на нации.
- „Луѓето постојано ги гледаат само резултатите на А репрезентацијата, но мора да разберат дека тоа е процес. Доаѓам од земја со приближно иста големина како Македонија и знам дека е потребно време за да се создаде вистинската генерација за вистински резултати.
- Македонската федерација се движи во вистинска насока. Колку што сум запознаен, ја подмладивте репрезентацијата и сметам дека јавноста треба да ви даде малку време. Македонија повторно ќе игра на Европско првенство“, порача Чеферин.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.