- Саудијскиот фудбал оди во нагорна линија. Тамошната лига веќе има голем број доскорешни светски ѕвезди на фудбалот, а и репрезентацијата на оваа земја бележи сјајни резултати.
- Саудиска Арабија веќе обезбеди пласман на Мундијалот 2026 во САД, Мексико и Канада, па министерот за спорт, принцот Абдулазиз Турки Ал Фаисал донел одлука на секој фудбалер и на секој член на стручниот штаб да им се даде по 1,150,000 евра. Притоа фудбалерите добиле ветување дека ќе добијат врвни подготовки, услови и специјална логистичка поддршка за време на спремањето за Светското.
- „Ова не е само награда за минатото, туку и подстрек за иднина. Фудбалот во Саудиска Арабија се игра со голем жар, а Светското првенство е визија на една нова епоха“, рекол министерот за спорт.
- Саудиска Арабија до сега шест пати била учесник на големите Светски првенства а во 1994-та година стигнаа дури до осминафинале. Во 2022 во Катар направија светско чудо откако ја совладаа Аргентина на Лионел Меси која подоцна стана светски првак.
- Македонската фудбалска репрезентација е влезена во длабока криза со 12 меча по ред без победа и 8 во низа без постигнат гол.
- Ниту тој податок не го спречи Горан Кипријановски, како еден од нашите најверни навивачи, да замине на долго патување до Шкотска за да ги бодри во живо нашите фудбалери. И уште од средата е таму, а средбата е закажана за в петок.
- Мечот ќе се игра на Хампден парк и се очекува да биде исполнет до последно место што значи дека би имало околу 51.500 навивачи. Сегашните проценки се дека Македонија ќе има поддршка од околу 100-тина македонски навивачи.
- Пред нешто повеќе од еден месец Англија забележа една од најубедливите победи во историјата а Хрватска еден од најтешките порази во историјата. Англичаните славеа 0-7 и ја продолжија низата против „коцкестите“.
- Хрватска вечерва гостува на кулниот „Вембли“ во претпоследното коло од Лига на Нации.
- Традицијата вели дека Англија има серија од 4 победи портив Хрватите. На Светското во групна фаза летово ги победија 4:1. Претходно ги победија со 1:0 и 2:1 а последен пат Хрватска остана непоразена со третопласираната селекција на светот во Лига на нации во октомври 2018 кога беше 0:0 во Ријека.
- Вечерва во Лига на Нации се играат уште и натпреварите: Ерменија - Кипар, Турција - Белгија, Италија - Франција, Чешка - Шпанија, Албанија Финска и Сан Марино - Белорусија.