- Дејан Манасков не се враќа во националниот тим, откако Кире Лазаров го повика за прв пат после Мундијалот 2023-та.
- Крилото на Еурофарм Пелистер се најде на списокот за пријателските дуели со Јапонија на 30 октомври и 1 ноември, но преку соопштение објави дека во моментов нема простор за кам бек поради нарушени односи со селекторот.
- „Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван“, вели Манасков.
- Пред нешто повеќе од еден месец Англија забележа една од најубедливите победи во историјата а Хрватска еден од најтешките порази во историјата. Англичаните славеа 0-7 и ја продолжија низата против „коцкестите“.
- Хрватска вечерва гостува на кулниот „Вембли“ во претпоследното коло од Лига на Нации.
- Традицијата вели дека Англија има серија од 4 победи портив Хрватите. На Светското во групна фаза летово ги победија 4:1. Претходно ги победија со 1:0 и 2:1 а последен пат Хрватска остана непоразена со третопласираната селекција на светот во Лига на нации во октомври 2018 кога беше 0:0 во Ријека.
- Вечерва во Лига на Нации се играат уште и натпреварите: Ерменија - Кипар, Турција - Белгија, Италија - Франција, Чешка - Шпанија, Албанија Финска и Сан Марино - Белорусија.
- Игор Карачиќ е една од најголемите легенди во историјата на Вардар. Хрватскиот среден бек помина седум години во „црвено-црниот“ дрес, од 2012 до 2019 година, период во кој клубот од Скопје ги доживеа најубавите моменти во својата историја.
- Со Вардар, Карачиќ двапати ја освои Лигата на шампионите, во 2017 и 2019 година, а токму поради своите настапи и придонесот во европските успеси, остави неизбришлива трага кај вардаровите навивачи. Сепак, зад големите успеси, трофеи и европската слава, според неговите зборови, се криела и една многу поинаква реалност.
- Карачиќ откри дека во периодот по освојувањето на Лигата на шампионите, Вардар му должел огромен број плати.
- „Кога би пресметал некоја цифра, од моментот на освојувањето на Лигата на шампионите, тоа е отприлика 15 до 18 плати. Во еден момент, кога ти даваш сè од себе за тимот, на крај мораш да се јавуваш кај својот татко и да побараш пари. А треба јас него да му помагам“, рече легендарниот ракометар.