- МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија откако со 26 поени разлика (96-70) го растури домаќинот Куманово пред преполна сала во финалето. Организациски турнирот не помина идеално, иако од КФМ велат дека Куманово го положил испитот и се заблагодарија на организацијата.
- Во петокот навивачите на битолски Пелистер не беа пуштени да влезат на натпреварот Куманово - Пелистер, а сега поентерскиот лидер на МЗТ Скопје Американецот Чарлс Џил на друштвените мрежи се пожали дека кумановската публика имала расистички испади кон него и неговите црномурести колеги.
- „Преку глава ми е од расизмот на средбите кои ги играме во Европа. Освојувањето на националниот Куп е 'кул', но не знам колку пати вечерва бев нарекуван црнчиште, мајмун или со некои други расистички прекари. Зарем е ова можно во 2026 година? И кога ќе се упатиш кон некој од нив да го соочиш, тие се повлекуваат. Кога веќе навредувате, застанете позади зборовите што ги кажувате“, напиша меѓу другото Гил по синоќешното финале.
- „Заборавив да го споменам дека бевме плукани за време на целиот натпревар. Се ова поради кошаркарски натпревар. Неверојатно!“, додава крилниот центар на аеродромци.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.