- Тоа што се бараше, па и се очекуваше, Арена Спорт Македонија го соопшти, а тоа е супер вест за сите домашни љубители на тенисот.
- Деби настапот на Лина Ѓорческа на најпрестижниот тениски турнир во светот, ќе може да го гледаме утре од 12 часот во живо.
- Ѓорческа се пласираше на Вимблдон со што испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис. Ниту еден друг Македонец до сега не заиграл на еден Гренд слем турнир.
- Ждрепката и ја донесе шестата светска тенисерка, Аманда Анисимова која стигна до финале.
- Некогашниот легендарен фудбалер на белградски Партизан и позната легенда на југословенскиот фудбал Џевад Прекази починал на 70 години, пренесуваат белградските медиуми.
- Прекази, роден во Косовска Митровица беше еден од најсаканите фудбалери меѓу навиввачите на Партизан чиј дрес го носеше од 1976-та до 1983-та година. Освои три шампионски титули со белградскиот состав.
- Голема трага остави и во Галатасарај каде одигра 185 натпревари од 1985-та до 1991-ва и освои две шампионски титули.
- Играше уште и за Хајдук Сплит, а по крајот на кариерата се занмаваше и со мал фудбал во САД каде играше за Балтимор Бласт. За младинската репрезентација на Југославија запиша три настапи. Како тренер подоцна два пати го водеше белградски Железник.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.