Кошарка

Малите ниски кошаркари кои забиваа како ѕверови

Да, уште од времето прв на памет ни паѓа Магзи Бокс, ама одразот со кој Спад Веб и Нејт Робинсон скокаа и виткаа обрачи беше нереален. Сега во Колеџ лигата во САД имало некој Џуниор Робинсон што куца како да е Суден ден.

Кога Грег Поповиќ за прв пат ги гледал Дивац, Кукоч, Раѓа и Паспаљ

Славниот тренер на Спарси е познат по тоа што сака да соработува со странски кошаркари, а сега објаснува како се почувствувал кога за прв ја видел најславната кошаркарска генерација на Југославија на едно место.

Првиот професионален кошаркар без една рака

Се вика Роберт Витакер. Левата рака ја изгубил на 10 години кога при еден обид да се качи на дрво, паднал кај блискиот далековод со високонапонска струја.

Асистенција на Теодосиќ без да гледа

За Србинот ова беше една од четирите асистенции на мечот кој Клиперски го добија против Милвоки, а за коментаторот една од најдобрите за оваа година. Милош Теодосиќ поради повреда не влезе во второто полувреме, а во првото уфрли и 13 поени.

Дрско забивање на Кралот преку двајца

Што имаат заедничко Леброн Џејмс, Мајкл Џордан и Карл Мелоун? Тоа што од синоќа само овие тројца легенди имаат по најмалку 10 сезони во кариерата со минимум 2.000 поени. Мелоун 12, Џордан 11 и Леброн 10. А да треба топ листа на најјаки забивања да му се направи на Кралот Џејмс, од кај ли да се почне? Ова е од вчера против Бруклин Нетс.

Треба муда и к`смет за ваков потег во последен напад

Кога губиш 2 поени разлика и застанеш на слободни фрлања на крај на мечот ти преостанува да ги погодиш двете за да се избориш за продолженија. Арно ама Паулињо Борачини од Бразил го промаши првото и успеа да му донесе победа на својот тим. Епа како? Епа така. 

Ехото во салата „Градски парк“

Славното скопско дерби меѓу Работнички и МЗТ се доигра во една тажна и театарска атмосфера еден откако беше прекинато поради одредени торковци. Наместо ова да биде кошаркарски празник на градот, се слушаше само шкрипење на патики, дофрлување од клупа и толку, а Работнички славеше со 100:84. 

Прекин на дербито Работнички - МЗТ, навивач упадна на терен

На три минути пред крајот од третиот период, кошаркарот на МЗТ Скопје Пенов бурно реагираше зошто домашните навивачи го плукале од трибините па судиите го запреа времето а по неколку секунди и го прекинаа мечот зошто сега нив ги плукаа навивачи на МЗТ. На крајот делегатот во консултација со судиската тројка донесе одлука мечот да се доигра утре од 18 часот без публика.

Перо прати двајца играчи по бурек

Црвена Звезда го уништи шампионот на Шпанија, Валенсија со 106:90 и со тоа стигна до клупски рекорд на поени во Евролигата. Перо Антиќ учествуваше само со три поени на мечот кои вредат за шест. Им направи јак лажњак на Шпанците и ја запали арената во Белград.

Додавањето на сезоната го има кој друг ако не „кралот“

Кливленд никако да се тргне од апатијата која ги држи сезонава. Имаат 6 порази на последните 10 меча заклучно и со последниот од Лејкерс. Сега се четврто место на Истокот. Единствен кој нешто игра е Леброн Џејмс.

Симпатичниот буцко што доби 1.000 долари за најдобар танц во НБА

НБА е шоу. Не само на паркетот, туку и на трибините. За време на паузите за публиката се организираат разни игри. Така за време на полувремето од мечот Оклахома - Сан Антонио се одржа Oklahoma Lottery Victory Dance. Камерата по случаен избор наоѓа гледачи кои се натпреваруваат кој подобро ќе денса. Победникот добива 1.000 долари.

Со двочекор да станеш најголем шизик во школо

Од 31. март до 2. април ќе биде кулминацијата на „Мартовското лудило“ - Најдобрите 4 од 68 колеџ екипи од САД ќе играат во полуфиналето и финалето за големата титула. На патот натаму, бекот на Универзитетот Алабама Кримсон Тајд, Колин Секстон тргна во последните четири секунди на сè или ништо против Тексас A&M и го однесе неговиот тим во следната фаза.

Судија сигурен си дека така се гестикулира фаул?

И НБА веќе не е тоа што беше или па можеби само на судијава за момент малку му се измешале мислите.

Хрватскиот талент кој поради баба му ќе игра за Македонија

Хрватската јавност е зачудена што 14-годишниот Кршеван Кларица реши да го носи жолто-црвениот дрес на Македонија наместо „коцкестиот“. Воодушевен од приемот во нашата земја, особено во Маврово каде тренирал.

Му ја заби во лице и го прати во публика

Демар Дерозан од Торонто така одлучно тргна да ја куца со две раце, што успеа да исфрли играч од терен. Пазете ја само таа седмица како се радуваше на потегот.

Тренерот на Антиќ урлаше

Црвена звезда ја победи Игокеа во Јадранската лига и го обезбеди првото место пред плејофот (почнува 18. март) каде ќе игра против најпријатното изненадување сезонава, Морнар од Црна Гора. Младиот тренер на Звезда, Душан Алимпијевиќ (роден 1987) во еден момент од мечот збесна па сакаше да подели шамари.

Девојката крај паркетот во Јута која стана хит во Америка

На мечот Јута Џез - Минесота, крилото на Џезерите, Џеј Краудер почна да се буни против судиите после една нивна одлука и тргна кон првиот ред каде една навивачка имаше класна реакција на неговите зборови.

Не е можно да си до толку пациент

Средношколската американска кошарка не е извор само за идни Џордановци, туку и на оскаровци кои тешко дека ќе просперираат во кариерата со вакви потези. Мислиш некој го гаѓал со снајпер. Дете очај ти е потегов.

Само да не те фати маскотата на Денвер Нагетс

Се вика Rocky the Mountain Lion или скратено Роки. Пред некое време една девојка одби плишано мече од него за Валентајн, па и донесе огромна плишана мечка со која што ја поклопи. Синоќа против ЛА Клиперс барал гостински навивачи и ги начекал со машинка за шишање.

За средношколец забивањево е врв

Се вика Тајлер Хадсон, дел е од средношколскиот баскет во САД и иако таму за секој втор се вика дека е голем талент, сепак детево е нешто повеќе. In your face.

Ол стар 2000 со Љубомир Николовски

Со ништо не може да се спореди тоа со ова време во кошаркарската лига поради која седевме до сабајле како вампири. Ги нема на тв повеќе ниту нив, ниту коментаторот кој му даваше посебен драж на секој НБА натпревар.

Не е мастика за Шек

За време на паузата од мечот Кавалирс - Визардс, Шекил О’Нил потсети дека е природен и кога снима камера и кога не снима.

Петар Наумовски го одбил Чикаго во времето на Џордан

Поранешниот лидер на македонската кошаркарска репрезентација кој неодамна беше реизбран на чело на МКФ, ја открива најјаката можна понуда во кариерата која може да се слушне за кошаркар од нашиве простори.

Судија на сезоната во кошаркарска Италија

Серија Ц, трета италијанска лига, дуел меѓу Кастроно и Бофалора. Гледајте го судијата во горниот лев агол. Судијата.