Маркус Ериксон е шведски кошаркарски репрезентативец кој игра за германска Алба. Има 26 години и важи за еден од најпрецизните тројкаши на континентот. На еден од последните тренинзи во германскиот клуб погодил 254 од 259 тројки. Луда работа.
Шалата на страна, право уживање е што сите сме современици со најдобриот фудбалер на сите времиња, човекот од друга планета кој пред некој ден по 6-ти пат ја доби наградата Златна топка која се доделува за најдобриот играч на светот. Еве што им прави на колегите на тренинг кога не го гледаат многу луѓе.
Ова е како прошетка во парк. Судиите го гледаат и не реагираат. Тоа е кога сте крал, гласи еден од коментарите на Твитер за овој недозволен и несанкциониран потег на Леброн.
На големото дерби Сан Антонио - Хјустон при една контра, Џејмс Харден заби, ама поените контроверзно му беа поништени затоа што топката чудно се врати од мрежата и излезе надвор од обрачот. Тоа беше при резултат 104:89 за Спарси кои на крај после продолженија победија со 2 разлика 135-133.
Шпанскиот трофеен репрезентативец со потекло од Конго, Серж Ибака со 13 поени, 3 асистенции и 4 скока беше еден од подобрите во победата на Торонто над Јута Џез. Само што во еден момент направи смешка. Му подаде на играч од клупата.
Лука во моментов е најатрактивен кошаркар во најдобрата светска лига. Синоќа одново ја загреа глобалната сцена со дуел 1 на 1 против Леброн Џејмс на мечот Маверикс - ЛА Лејкерс кој неговиот Далас го доби 114:100. Но пред мечот Лука направи едно прекрасно дело.
Зошто? Затоа што нејќеш. Ќе досудиш техничка грешка и некоја битанга ќе ти рипне до толку агресивно што на крај кошаркарската кариера ја плати со доживотна суспензија и приведување во полиција. Каков идиот.
На 25 август 1985 година Најк организира егзибициски натпревар во Трст (Италија). Најголемиот на сите времиња посакал да игра против Бразилецот Оскар Шмидт, светски рекордер по број на постигнати поени за клуб и репрезентација.
ЛА Лејкерс со осма победа по ред направи серија каква што со години немал. На гостувањето во Тексас синоќа кај Сан Антонио (триумф 114-104) Леброн беше брутален со 33 коша, 3 скока и 14 асистенции и стана петтиот играч во историјата кој стигнал до бројка од 12.000 постигнати поени од игра во НБА.
Репрезентативецот на Словенија сериозно се наметнува за наградата МВП на сезоната. Синоќа буквално сам го победи Хјустон и најдобриот играч во регуларниот дел лани, Џејмс Харден.
Видеото е 2004-та, онака лајт по дома со неговите. Нормално дека на тие години сакал да плеша Плеј Стејшн, ама во дневна држи нешто кое обично се чува во двор. И ете го сега, 14 трип-дабл учиноци за факинг една година престој во НБА. Една еј.
Ако на 20 години е способен ова да го прави, што ли ќе биде со него на 30? Сезонава трае месец дена, а тој веќе има 7 трипл дабл учиноци. Зборуваме за дете кое не било родено кога го гледавме великанот Мајкл Џордан, а веќе почна да му стига некои рекорди и негови и на Леброн.
Конечно се случи и тоа. Просто е неверојатно, ама вистинито. Бен Симонс, лидерот на Филаделфија ја постигна својата прва тројка после ЦЕЛИ 172 натпревари (две ипол сезони) во НБА со се плејофот.
Кога колата ќе тргне удолу нема назад. Најтрофејниот европски тренер на сите времиња во 2016/2017 му ја донесе на Фенербахче титулата во Евролига. Сезонава Жељко потпиша сјајни поединци, ја засили екипата, но нешто не оди како треба. Синоќа изгубија 89-63 од Барселона, а Србинот веќе ни сам не знае што да им каже за да почнат да го слушаат. Имаат учинок 2-7 на 9 меча.
Дончиќ синоќа стана вториот најмлад играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл со најмалку 40 поени. Само Леброн Џејмс имал таков учинок. Словенецот во триумфот на Далас над Спарс 117:110 постигна 42 поени (14/27 од игра, 5/13 за три поени) со 12 асистенции и 11 скока.
Бостон Селтикс после првиот пораз на стартот од новата сезона во НБА, нанижаа неверојатни 10 победи по ред. Синоќа изгубија за „пола кош“ во Сакраменто 100:99, а милиметри ги делеа од продолжување на лудата серија. Маркус Смарт во последна секунда влезе на положување за победа и...
Најтрофејниот европски тренер и еден од најголемите кошаркарски стратези на сите времиња, Жељко Обрадовиќ на мечот ЦСКА - Фенербахче буквално полуде. Жоц и другпат имал брутални агресии, ама овојпат во Москва беше пуштен на најјако.
На македонската спортска јавност веројатно не и е баш познато кошаркарското тренерско име Тане Спасев, ама тоа сега е најмалку битно. Поентата е да видите на какви маки беше овој наш јадник. Работава излезе како она со Марјан Стојановски: Знаеш како? Пиши од почеток.
Во дербито на вечерта, моќниот Хјустон предводен од лудиот Харден ги доби Клиперси со 102-93. „Брадата“ постигна страшни 47 поени (12/26 од игра од кои 7/13 за три поени и 16/17 слободни за 44 минути), но хајлајт на мечот беше моментот кога Остин Риверс, кошаркарот на Хјустон бараше од судијата да го исклучи од игра татко му Док Риверс кој ги води Клиперс.
Толку млад, толку тазе во НБА, а растура против кого стигне и им влезе под кожа до толку што во сред пренос за него ќе речат: Доаѓа од Словенија, мора да го испратиме веднаш назад, купете му карта во прва класа.
После мечот со Мемфис (109:113), на домашниот паркет во арената на Сан Антонио се одржа церемонија во чест на овековечување на бројот на Тони Паркер, легендата на Спарс и НБА.
Булси со 120-102 ги добија Никси синоќа, а јунак на триумфот на некогашниот шампион беше Коби Вајт. Во последниот период Вајт забоде дури 23 поени (некој не можат за цел меч) од кои ДУРИ 7 тројки по ред. Вајт е прв кошаркар во историјата на Чикаго Булс кој погодил волку пати зад линијата за три во една четвртина.
Неколку дена пред почетокот на 6. коло, раководството на кошаркарската Евролига донесе одлука сите натпревари да почнат во знакот на Халоувин - играчите да излезат со маски на терен, а домаќинот да организира пригодна програма. Ама во Србија наидоа на голем отпор.