Кошарка

Гледајте и учете како се игра баскет еден на еден

Лука Дончиќ во ред, страшен е, нема збор, ама он не бил роден кога чикицава почнал да држи лекции по баскет во маало. Мали облечи се ќе настинеш.

Секој член од НБА семејството е корисник на неговата визија

Џордан, Пипен, Брајант, Леброн, Меџик Џонсон...Еден куп актуелни и поранешни НБА ѕвезди твитнаа по нешто за легендарниот Дејвид Штерн и напишаа дека се горди што се ракувале со него. Најдобрата потврда за тоа каков револуционерен лик беше ќе ви ја даде тој што го наследи.

Умре Дејвид Штерн, најважниот човек во историјата на НБА

„Во време кога никој ништо не знаеше за ХИВ вирусот и кога сите мислеа дека ќе се заразат ако се поздрават со мене, а кога играчи не сакаа јас да играм, тој ме викна на Ол Стар викенд“, вели Меџик Џонсон за човекот кој е најзаслужен што НБА е ваква каква што е денес.

Најлудата кошаркарска завршница за деценијава

Кога се прави пресек на најфеноменалните моменти во спортот во последниве 10 години од 2010 до 2020, неизбежно е да се потсетиме на лудата завршница на јадранската АБА лига во 2010 година кога во финалето во Загреб се сретнаа Цибона и Партизан.

Вие само дојдете, со иста финта ќе ве исфрлам од игра

Не е битно дали сме во маало на баскет или во НБА на мечот Денвер - Сакраменто, туку е битно е што чичко ви Никола ќе ви покаже како се влегува под кош со малку мешање лева десна.

Кога Џордан им натрпа 51 кош на 38 години

На 29 декември во 2001 годна, Вашингтон Визардс на домашен терен го совладаа Шарлот Хорнетс до 107-90. Најголемиот на сите времиња, Џордан ја играше првата сезона во дресот на Вашингтон и на тој меч уфрли 51 поен.

Лука се поздрави со гледач на аут линија по име Коби Брајант

Далас загуби ноќеска од Лејкерс, Дончиќ овој пат беше послаб со 19 поени, 4 скока и 7 асистенции, а интересен момент се случи кога изведуваше аут. Човекот кој седел позади него му се обратил на словенечки јазик, па Лука му пушти рака.

Не можат да го сопрат па почнаа во публика да го буткаат

На Лука Дончиќ не му треба многу време за опоравување, па откако се врати од повредата пружи уште една лудачка партија. Овој пат негова жртва беше Голден Стејт кого Далас го совлада со 141:121. Нов трипл дабл за словенечкото чудо од 31 поен, 15 асистенции и 12 скока.

Лука Дончиќ – прототип на играч кој одамна немало во кошарката

Се сеќавате ли на Стречерси? Дечките кои знаат доста за НБА и оваа сезона прават анализи во форма на ТВ емисии кои ги објавуваат на Јутјуб. Последната ја крстија „Чудото од дете кое доминира во НБА“.

Девојчето што плачеше да не оди во кревет, за да го гледа Лука Дончиќ

Симпатично видео од домот на едно семејство во Хјустон, стана прав хит на социјалните мрежи после што реагираа и од Далас Маверикс.

А сте го виделе ли штипското игралиште за баскет?

Кога мислиш дека реновираната сала во Битола е врвот, ќе ти пишат читатели и ќе те демантираат. Овде па нема ни шанса да шутнеш тројка од крило, а за баскет 3 на 3 има да сонуваш.

Приказната за Матео и неговиот соиграч Лука

Прво звучи како една стара сторија од 90-те, ама не е, туку е од пред само седум години. Сеќавањата ги раскажува сега поради тоа што неговиот поранешен соиграч игра безобразно добра кошарка и тоа на само 20 години во најголемата светска конкуренција.

Нено наш ја понижи Барселона со дриблингов

Задолжително видео од викендов за цела македонска кошаркарска јавност па и пошироко е потегов на 21 годишниот Ненад Димитријевиќ на мечот за својот Хувентуд против Барселона. Коментаторите се во транс, а од публика за глава се држеа кога го видоа влезот и финтата на македонскиот репрезентативец. Спектакл.

Васер вага и скала на сред дерби во НБА

Во дербито на вечерта, Хјустон го доби ЛА Клиперс со 122-117, а во еден момент луѓето од Стејплс центар мораа да мерат дали обрачот е извиткан од забивања, зошто Расел Вестбрук се пожали дека е нерамен.

Дрзок дриблинг на Теодосиќ

Болоња се израдува на нов триумф во Еврокупот, на гости против Монако 72:81. Милош Теодосиќ постигна 25 коша, имаше 3 скока и 2 асистенции. Плус играч на мечот со потег на мечот.

Син му на Сабонис сам ги тепаше Леброн и Лејкерс

Предводени од дуото Дејвис - Џејмс, Лејкерси сезонава целаат висок дострел. И имаат легитимно право на тоа зошто на 28 меча имаат само 4 порази досега сезонава. Синоќа изгубија од Индијана Пејсерс, поточно од Домантас Сабонис кој сам ги тепаше со 26 поени, 10 скока и 2 клучни слободни фрлања во финишот.

Дончиќ се релаксира по дома со македонска музика

Дечкото кој со своите блескави партии ја импресионира НБА лигата моментално е повреден, па да видиме каква терапија прима по дома.

Мама на сезоната

Се вика Аличе, доаѓа од Италија. Тренер е на женскиот тим Местре за кошаркарки до 18 години. Помалку од две недели откако се породила, се враќа во сала да ја води екипата на важен меч зошто не сакала да ги остави на цедило своите девојки. А стигна на полувреме и да го дои бебето. Прекрасна мама.

Видео на денот со Јокиќ и дете со Даунов синдром

По Светското во Кина минатото лето, Јокиќ побавно ја запали машината на стартот на сезоната во НБА, но како проаѓа времето, игра на нивото од лани кога беше еден од најдобрите центри во лигата. А забавен е и за американската јавност, за публиката и за дечињата со Даунов синдром.

Судија, па ова исто ко судар со камион

Илиониос - Мичиген, меч од Универзитетската лига на Америка. Главен јунак Кофи Кокбурн со 19 поени, 10 скока и 1 нокаут.

Лука Дончиќ го освои и Мексико, дечкото игра сезона од соништата

Словенечкиот репрезентативец ќе остане запаметен како прв играч кој остварил трипл-дабл на НБА меч одигран надвор од границите на САД и Канада.

Ѕвездата на Барселона со редок човечки гест за еден кладилничар

По одличните настапи во НБА, Никола Миротиќ се врати во Европа и стана главен играч на Барселона. Важи за голем хуманитарец, човек кој несебично помага социјално загрозени семејства, донира за изградба на домови и уште многу нешта. Последно од него е што му помогнал на еден обичен смртник, иако за тоа немал реална потреба.

Крис Пол го прати Руди Гобер да види дали е под кош

Ај што имаше 16 поени, 7 асистенции и 4 скока, туку Крис Пол во триумфот на Оклахома Сити над Јута знаеше и да се позафркава со високиот и снажен Французин Руди Гобер.

Ракетна тројка на Немања во последна секунда за победа над Хјустон

Во ноќта меѓу понеделник и вторник, Сакраменто Кингс со 119:118 победи еден од фаворитите за титулата Хјустон Рокетс, со кош со звукот на сирената од девет метри на Немања Бјелица.