
„Дечки здраво. Се викам Матео Гарциа, имам 20 години и живеам во Местре. Разгледував стари фотки на Фејсбук и ја најдов оваа од 2012-та. Сигурен сум дека тој високиот со бел дрес ќе го познаете од прва.
Е да, Лука Дончиќ е на сликата. Бевме заедно на меѓународен турнир во Остиа кога имавме 13 години. Јас сум тој во црвено до него. Изгледа како да ми е татко, знам. Лука на тоа финале постигна 54 поени, а на претходните натпревари играше многу за тимот правејќи по 20 асистенции на натпревар. Јас бев прогласен за најдобар поентер, а тој за МВП на турнирот.
После 7 години би сакал да направам биланс на тоа што се случи со двајцата најдобри играчи на тој турнир: јас и тој.
Лука Дончиќ освои: Европско првенство, Евролига, 3 првенствени титули во Шпанија, Руки на годината во НБА, игра за Далас Маверикс каде сезонава остварува во просек скор од 29,3 поени, 9,6 скока, 9 асистенции со 48% реализација од поле. Потоа заработува 7,7 милиони долари годишно и е пред потпис од барем 50 милиони долари со брендот на Џордан. На Инстаграм го следат 3,5 милиони луѓе и повторно е дете на место.
Матео Гарциа: Еден повик за тимот на регионот Венето. Еднаш МВП на турнир во Ливорно. Играм за Венеција во Серија Д каде патувам секој ден, а остварувам скор од 10 поени и 0 скокови бидејќи останав “висок“ како на фотката. Не земам никакви пари од тимот за кој играм и платив 50 евра за спортско медицински преглед. Носам џорданки кои ги платив 160 евра, имам 732 следбеници на Инстаграм и исто така и јас останав дете на место.
Без разлика на сè, после 7 години ја гледам сликава и ми доаѓаат морници. Од една страна јас кој сонував да станам кошаркар, а од другата гигант кој веќе беше шампион од играч.
Ми беше чест што играв заедно со тој што испишува и ќе испишува неверојатни страници во историјата на кошарката“.
Матео после 7 години:
Лука: