Екипата е онаа истата и е составена од Бошко Караџа, Елдан Џигал и Мите Кузевски. Тоа се супер момци кои одлично ја познаваат кошарката и од кои сме објавиле повеќе анализи со кои докажале дека не вртат празна слама.
Бошко овој пат им го нема во емисија, ама затоа цитираа една негова мисла:
„Фудбалот се игра со нога, ракометот со рака, а кошарката со глава“.
Овој пат зборуваат само за Лука Дончиќ и го анализираат комплетно.
„Висока интелигенција, лесно минување на замките, брзина, визија за подавање, како да има четири очи. До толку е добар и неверојатен што не ни можеме да го споредиме со некој. Дали со Леброн кој сепак е посилен и поагресивен кон кошот, дали со Меџик Џонсон, но тој немаше толку добар шут за 3 поени, дали со Лери Брд кој ја немаше таа визија за подавање како Дончиќ. Ова е прототип на играч кој одамна се нема појавено во кошарката“.