Малечката Скајлар има четири години и живее во Хјустон, Текас, а видеото на кое се појавува е прав хит во Америка и Европа.
Девојчето не сака да оди на спиење зошто сакала да остане будна и да го гледа Лука Дончиќ. Родителите, поточно татко ѝ ја снима додека таа плаче и бара да гледа баскет.
„А кого сакаш да гледаш?“, „Лука Дончиќ“, одговара таа скоро неразбирливо.
Родителите пробуваат да ѝ објаснат дека Далас не игра вечерва и се смеат, а таа: „Еј, тоа не е смешно“.
Fighting bedtime because she wants to watch @luka7doncic play basketball. That’s my girl 💙@dallasmavs @mcuban #MFFL pic.twitter.com/xF1LRbAEGc
— Tim Yeager (@tim_yeager) December 14, 2019
Видеото брзо стигна и до твитер профилот на Далас Маверикс, па клубот од Тексас веднаш го покани семејството на дербито Далас - Сан Антонио Спарс.
Иако морале да поминат 400 километри, родителите не се жалеле, затоа што малата Скајлар била среќна и насмеана, а дури и го запознала Лука Дончиќ:
She gets to see Luka! No more tears because Skylar & her dad @tim_yeager are here from Houston and ready to cheer on @luka7doncic & the Mavs! #MFFL pic.twitter.com/lXTKonwh2H
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 27, 2019
А имала и што да види. Словенечкиот репрезентативец се врати на паркет после 4 меча пауза поради повреда на зглобот и одново растури. Во триумфот над Сан Антонио од 102:98 имаше 24 поени, 10 скока и 8 асистенции (9/23 од игра, 1/6 за три поени).
24 PTS | 10 REB | 8 AST@luka7doncic picks up where he left off as the @dallasmavs defeat SAS in his return to the court! #MFFL pic.twitter.com/WkbTLMDYZP
— NBA (@NBA) December 27, 2019