Кошарка

Ѕверска партија на ѕвезда на Тимбервулвс, во НБА немало таква вечер од 1983-та

Во неверојатно ефикасна вечер во НБА, Карл-Ентони Таунс го разби Сан Антонио Спарс со 60 поени, 17 скока и 3 асистенции. Неговите Тимбервулвс славеа 149-139. Во истата вечер Трае Јанг уфрли 46 поени а Стеф Кари 47 поени на неговиот 34 роденден во победата на Голден Стејт Вориорс над Вашингтон 126-112.

Дончиќ на рингтон ја има ставено Дара Бубамара

Балканската музика е редовно на репертоарот на ѕвездата на Далас. Не за џабе по татко е по потекло од Србија, а по мајка од Словенија. На последниот прес го уловија со песната „Добро јутро никоме“ од Дара Бубамара.

Права легенда - Грег Попович има 1.336 победи во НБА, повеќе од кој било друг тренер

Грег Попович е тренер на Сан Антонио Спарс од 1996 година и во тој период до ден-денес го водеше тимот до пет шампионски титули и неверојатен рекорд од 1.336 победи во регуларниот дел од сезоната во НБА.

Кој би рекол дека во НБА може да се случи таков циркус

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер и Мемфис Гризлис во арената „Пејком Центар“ во Оклахома излегоа на паркет со исти бели дресови. Кога во еден момент сите присутни сфатија дека ја утнале работата со дресовите, гостите (како што налагаат правилата) мораше да одат во соблекувална и да ја облечат резервната варијанта за гостински натпревари.

Ноле ѕвездаш во душа

САД му ги затвори вратите за турнирите во Индијан Велс и Мајами, ама во арената Александар Николиќ го пречекуваат како крал. Шоу правеа и навивачите и Ѓоковиќ со играчите.

Со Јокиќ ми се падна да играм еден на еден, ама ми го зема паметот

38 поени, 12 скокови и 7 асистенции или во превод нова фрустрација за противниците, овој пат кошаркарите на Сакраменто кои беа поразени со 106:100 од Денвер. Демијан Џонс се соочи со МВП-то на сезоната, па да видиме како тоа изгледаше.

Луда асистенција на Џокер од крај на терен

Откако одигра неверојатен меч против Њу Орлеанс Пеликанс, Никола Јокиќ го урна и Голден Стејт Вориорс. Во триумфот 131-124, Србинот имаше 32 поени, 15 скокови и 13 асистенции од кои една беше како во американски фудбал. 75. јубилеен трипл-дабл на Јокиќ во НБА.

Класичен пример на што се сведе модерната кошарка

Ако се земе предвид дека во последните неколку години „класични“ центри во НБА лигата се високите подвижни „четворки“ како Јокиќ, Ембиид и Ентони Дејвис, тогаш ви е јасно дека играчи како некогашните тешкаши Шекил, Хаким Олајџувон, Патрик Јуинг, Дејвид Робинсон и другите веќе се ендемски вид.

Го видовте ли најчудниот кош на вечерта во НБА?

Брендон Инграм одигра феномален меч против Денвер со 38 поени, 5 скока и 9 асистенции, но неговиот Њу Орлеанс Пеликанс изгуби дури после продолженијата од Денвер Нагетс На оваа средба Јокиќ во последните 7 минути даде 23 поени што е незапаметено, а Инграм случајно фрли една „фрљотка“ од пола терен и погоди.

11 рекордни тројки на Хрватот Бојан Богдановиќ, влезе меѓу рекордерите во НБА

Бојан Богдановиќ, лидерот на Јута Џез игра сезона од соништата. Хрватскиот репрезентативец во триумфот на „џезерите“ над Оклахома Сити 116:103 постигна 35 поени од кои дури 33 беа од шут за три поени.

Партија на Јокиќ каква што немал сезонава

Денвер Нагетс после продолженија го совладаа Њу Орлеанс 138-130 а актуелниот МВП на лигата, Јокиќ постигна 46 поени со шут од игра 16/22 а дури 30 поени постигна во последните девет минути од регуларниот дел и продолжението. 23 поени Јокиќ уфрли во последните седум минути од мечот.

Нено Димитријевиќ блесна во победата над Барселона

Валенсија со 86-76 ја совлада Барселона во шпанската лига а нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна 16 поени со 4 скока и 7 асистенции и беше еден од најдобрите поединци на паркетот во салата „Ла Фонтета“. Валенсија на Барса и ја урна серијата од 12 триумфи во сите натпреварувања.

Контра ни прекина, батали џогерот

Минесота Тимбервулвс со 138:101 убедливо ја совлада Оклахома во меч кој донесе една комична епизода. Џордан МекЛохин пресече едно додавање на Шеј Гилџес-Александер кон Ајзеа Роби и тргна во брза контра, ама таму двајца дечки го бришеа подот па се најдоа во небрано.

Врвно видео со Коби од пикот на кариерата

Задоволството трае за жал 58 секунди, а правено е со атрактивни потези на Брајант под кош од настапи за САД во 2007-ма година. Многу доминантен.

Уште една маестрална вечер за Лука Дончиќ, овојпат ги скроти Стеф Кари и Голден Стјет

Најдобриот кошаркар на Далас одново беше јунак на вечерта, откако во големиот триумф над Голден Стејт Вориорс 122:113 постигна 41 поен со 10 скокови и 9 асистенции. Му фалеше само една асистенција за нов овосезонски трипл-дабл. Маверикс ја запишаа третата победа по ред со која го зацементираа местото кое води во плејофот, а Вориорс претрпеа трет пораз по ред.

Ако денот по тренингот се познава

Триесет годишниот Тристан Томпсон пред неколку дена од Индијана дојде во Чикаго Булс. Треба да биде големо засилување пред битките во плејофот. Ама ако му оди вака како на тренингов, маф му е работата.

Џејсон Вилијамс во контра не можеше никој да го предвиди

Во 2007-ма година, Мајами Хит го прогласи за еден од најдобрите 25 кошаркари во историјата на клубот, а со нив ја освои и единствената НБА титула во кариерата. Дефинитивно најкултен мангуп и магионичар со топка. Внимавајте како си поигра.

Снажно забивање на Дончиќ за победа против Лејкерс

Кошаркарите на Маверикс му го нанесоа и третиот пораз на ЛА Лејкерс по ред, 109-104 во „Крипто Арената“ во Лос Анџелес. Езерџиите сега се на 10. место и има големи шанси да не играат во плејофот. Лука Дончиќ уфрли 25 поени а момент на мечот беше кога го разби Двајт Хауард со забивање преку него.

Хрватски коментатор со рафали

Хрватската кошаркарска репрезентација остана во игра за пласман на СП 2023, после луд гостински триумф против Шведска од 105:98 во две продолженија. Губеа 15 разлика на полувреме, ама после влегоа во елемент и кошаркарите и коментаторот.

Абе зошто не ја играте Брадата?

Џејмс Харден на 10 февруари направи трансфер во Филаделфија и стана прв играч во историјата на НБА лигата кој успеал да оствари учинок од минимум 25 поени и 10 асистенции на првите два меча во нов тим. Ама не е убаво вака да му правите на човекот.

Акробација на вечерта во НБА - Џа Морант стана 18.000 гледачи на нозе

Џа Морант во моментов е можеби најдобриот кошаркар во најсилната лига на светот. На 22 години прави дар-мар и секоја втора вечер поставува некој нов рекорд. Синоќа неговиот Мемфис со 1181-105 го совлада Сан Антонио Спарс а Џа Морант постигна неверојатни 52 поени! Имаше луди забивања и акробации во ФеДекс Форумот во Мемфис.

Најлудото 1 минутно загревање на Кари

Кога Леброн Џејмс ги броеше играчите кои ги одбрал во неговиот тим за Ол стар, Стефон Кари го најави како најдобар шутер во историјата на НБА лигата. Да видиме на што мисли.

Никола Јокиќ сака да ви покаже нешто

Ако минатиот пат рековме дека и на газот има очи, тогаш ова што е? Американците го опишаа како no-look pass with spin. Неверојатен е човеков со додавањава.