Кошарка

Атрактивна асистенција на Нено во стилот на Јокиќ

Кошаркарите на Валенсија го совладаа фрацускиот прволигаш Метрополитан со 98:85 и со тоа обезбедија пласман во полуфиналето од Еврокупот. Нашиот Димитријевиќ одигра 14 минути и оствари учинок од 4 поени, 1 скок и 3 асистенции. Една од нив беше во центарот на вниманието.

Забивање на сезоната во НБА

Во петтиот меч од плејоф серијата меѓу Мемфис и Минесота, Џа Морант ги водеше Гризлис до триумф 111:109. Најатрактивниот кошаркар сезонава во НБА синоќа постигна 30 поени со 13 скока и 9 асистенции. На крајот од третиот периот Морант тргна во продор а на патот му се најде Малик Бизли кого го залепи на постер.

Шекил О’Нил учи и словенечки од Лука Дончиќ

Легендарниот Шек на стари години станува полиглота. Учи српски со Никола Јокиќ и учи словенечки со Лука Дончиќ. Збор по збор, лекција.

Лука Дончиќ со дабл-дабл ја растури Јута

Кошаркарите на Далас Маверикс поведоа 3-2 во ултра интересната серија со Јута Џез откако синоќа победија 102-77. Преводени од неверојатниот Лука Дончиќ кој имаше 33 поени, 13 скока и 5 асистенции за дабл-дабл учинок, Мавси се на чекор од пласман во полуфиналето.

Среден прст скап 50.000 долари

Некогашниот миленик на навивачите на Бостон Селтикс, контроверзниот Кајри Ирвинг сега им е голем противник во плејофот. Во дресот на ривалскиот Бруклин Нетс, Ирвинг одигра маестрална партија на почетокот на доигрувањето, но неговиот тим изгуби 115:114 со кош примен во последна секунда од Џејсон Тејтам. Кајри во еден момент беше уловен на камера како им покажува среден прст на навивачите кои му дофрлаат, за што НБА лигата го казни со драконски 50.000 долари!

Прејак НБА Топ10 со врвни моменти

Конечно по цела вечност заврши регуларниот дел во најдобрата лига на светот и се прејде на плејоф каде веќе има неколку интересни средби и каде ќе станува сè понеизвесно до крајот. Синоќа имаше неколку моменти вредни за споменување.

Тој што ќе те побара на слободни фрлања, тој да го чуваш

За време на вториот меч од финалето на плејофот во женската кошаркарска лига на Црна Гора меѓу Подгорица и Будуќност (50:71), Виолета Лазаревиќ во 14’ минута се спремала да изведе слободни фрлања. Во еден момент ѝ приоѓа судијата Стефан Вуковиќ со предлог.

Спектакуларно пиротехничко шоу, Фемили Аеродром слават јубилеј

Навивачката група Фемили Аеродром одбележува 25 години од своето постоење. Јубилеј кој го прославија со бакљи од железничка станица по цел булевар. Славјето ќе продолжи вечерва во Јане Сандански, бидејќи од 21 часот МЗТ игра полуфинале од завршниот турнир во АБА 2 лигата.

НБА ѕвезда гаѓаше навивач со протеза

Ѕвездата на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис за 30 минути во поразот од Атланта Хокс 132-103 постигна 12 поени со по 4 асистенции и скока. Судиите во еден момент му досудија повеќе технички грешки поради што беше исклучен и мораше да го напушти паркетот. А во тунелот таму одговори на навивачки провокации и гаѓаше еден навивач со заштитната вилица за заби.

Почнаа и во НБА, жена-активист се залепи за паркетот на сред меч

Пред крајот на вториот период од мечот Минесота Тимбервулфс - ЛА Клиперс кој заврши 109:104, една жена активист за правата на животните втрча во терен и по едниот кош се залепи со лепак со цел подолго време да биде на терен и да го привлече вниманието во борбата против убивање кокошки и други животни во големата фарма на сопственикот на Тимбервулвс, Глен Тејлор.

А сте виделе како игра најкусиот играч во Д1 лигата?

Во развојната Д лига каде млади кошаркари се доусовршуваат за еден ден да добијат шанса на најголема сцена, игра и 24-годишниот Дарнел Роџерс. Има само 152 сантиметри и во играта со највисоки атлети делува како мало дете. Но тоа често му користи под обрачите.

Влезе само 8 секунди на паркет и заработи 306.000 долари

Кошаркарот на актуелниот НБА шампион Милвоки Бакс, Џру Холидеј ги насмеа сите во салата, па и коментаторите, откако на мечот со Кливленд Кавалирс влезе на осум секунди, направи фаул и излезе од игра. Интересно во клаузулата на договорот кој го има со клубот, за 67 одиграни натпревари во сезоната (макар се појавил на терен и пар секунди), ќе заработи 306.000 долари.

Врвни топ 10 потези на вечерта во НБА

Бол, Јокиќ и Херел и други меѓу десетте луди потези, најдобри на вечерта во НБА каде се одиграа неколку натпревари.

Јокиќ раскрварен растури со 35 поени и 16 асистенции

Во триумфот на Денвер 122-109 против фаворитот Мемфис, Никола Јокиќ не само што го потврди пласманот во плејофот на неговиот тим, туку и раскрварен стана прв играч во историјата на НБА кој во една сезона имал 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции.

Нова луда финта на Лука Дончиќ

Далас Маверикс во финишот на регуларниот дел фати сериозен залет, оствари многу победи и во моментов се 4. на табела со учинок 50-30. Синоќа го совладаа Детроит Пистонс 131-113, а Дончиќ уфрли 26 поени со 8 скока и дури 14 асистенции. Едно од тие четиринаесет додавања беше чудесно.

Видео од наместениот кошаркарски меч на Малта

Минатиот викенд во кошаркарското првенство на Малта играле Депиро и Хибернианс. Натпреварот завршил 69:68 во корист на домашниот тим но кога ќе се погледне како се одвивал мечот, нема ни тронка сомнеж дека се работи за голема штела на резултатот. Пред крајот ни едните ни другите цели 6 минути и 30 секунди не дале кош. Не затоа што се слаби кошаркари туку зошто никој не се ни обидел да го смени резултатот.

Кошаркарите на Црвена звезда одбија да држат знаме во поддршка на Украина, Литванци им мавтаа со Нато знаме

Во натпревар од претпоследното коло во Евролига, последнопласираниот Жалгирис ја пречека белградска Црвена звезда и победи 103:98. Пред мечот домашните играчи држеа банер во боите на украинско знаме и натпис: „Стоп за војната“, а гостинските кошаркари одбија да учествуваат во тоа па цела сала свиреше.

Потег на Лука Дончиќ со кој исмеа противнички играч

Еден од најдобрите кошаркари во НБА, синоќа го водеше својот Далас до нов триумф, овојпат кај Кливленд Кавс со 112:120. Маверикс се на одлично место кое сигурно води во плејофот. Дончиќ имаше 35 поени, 9 скока и 13 асистенции. Имаше и еден потег со кој зашемети еден противнички играч.

Лидерот на најдобриот НБА тим имаше порака за навивач во прв ред

Феникс Санс е убедливо прв во цела НБА лига со 59 победи и 14 порази. Во ноќта меѓу среда и четврток Санс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 125:116. Девин Букер постигна 28 поени со 3 скока и 7 асистенции. А имаше и порака до еден навивач кој од прв ред му дофрлал.

Шекил проба да збори српски со Јокиќ

Шек е вљубен во играта на Никола Јокиќ, често во студио го брани ставот дека Србинот заслужува да добие уште една МВП награда за најдобар играч на сезоната а неретко и му се обраќа на негов мајчин јазик.

Нова смешна епизода Шектин а Фул

Знае Шек да направи добра компилација заебанции од НБА паркетите. Просто нема утка во изборот на кандидати за најсмешен потег на колото.

Кој е поранешниот НБА играч роден во Русија кој замина да се бори на украинска страна?

Низа на украински спортисти во овие кризни денови ја баталија топката и се фатија за пушка. Некои од нив за жал загинаа млади. Меѓу фудбалерите открија и еден шпиун, а меѓу последните на фронтот излезе и славен кошаркар кој е поранешен олимписки првак со Советскиот сојуз.

Феноменот што без престан играл 1.192 меча во НБА од 1986-та до 2001-ва

Дваесет и пет годишното крило на Феникс Санс, Mикал Бриџис во НБА првпат заигра на 17 октомври 2018-та година и од тогаш до ден-денес не пропуштил ниеден меч. Одиграл 296 натпревари по ред и влезе на вечната листа играчи кои непрекинато играле долги години без натпревар пауза. Таму лидер е еден феномен кој тешко некој да го стигне.

Историска партија на контроверзниот Кајри Ирвинг - растури со 60 поени

Толку долго озборуваниот кошаркар на Бруклин Нетс кој цела сезона не може да игра на домашен терен туку само гостински натпревари зошто не е вакциниран па законите во неговиот град не му дозволуваат, синоќа одигра лудачки натпревар.