Сте го виделе ли чистачот на паркет од Африка?

Антонио Ван-Дунем или попознат како Тој Лимпа е лик од Африка кои со начинот на кои ги брише и чисти кошаркарските паркети стана светски познат. Кога на пауза или некој прекин тој излегува на паркет, за момент застануваат и тајм-аути, го следат и играчи и тренери и навивачи.

На дуелот меѓу Зеленортски острови и Нигерија кој го добија домќаините 79:71, Тој Лимпа правел шоу:

„Моја задача е да водам сметка за играчите и судиите, ако некој се лизне јас ќе бидам крив. Затоа морам да бидам брз и динамичен за да го спречам тоа. Сон ми е да основам своја компанија која ќе се занимава со чистење, но и да научам некои помлади како се работи ова“, рекол младиот Тој Лимпа. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FIBA (@fiba)

29 ноември 2021 - 10:24