Лукиќ ги освоил Русите кога на една прес-конференција после мечот со Италија (победа 92:78), некој новинар му поставил прашање на кошаркарот Антон Астапкович на англиски јазик, наводно така налагал протоколот на ФИБА, а српскиот тренер рекол: „Чекај, чекај треба на англиски? А што ако не умееме на англиски, збори руски“.
Кога Астапкович продолжил на руски, Лукиќ му рекол: „Тоа кукло“.
Лукич настоял, чтобы Астапкович на пресс-конференции говорил на русском языке, а не на английском
— Семён Галькевич (@galkevich32) November 26, 2021
Вот так тренер у нас теперь! pic.twitter.com/R7h5TZE9vy
Астапкович игра за Нижњи Новгород баш кај Лукиќ, има 27 години и во квалификациите досега бил клучен играч за Русите.
Лукиќ како селектор со Русија веќе забележа 2 победи во квалификациите за Светско првенство (со Италија и со Исланд) и сега догодина го чека продолжение од квалификациите па после и настап на Европско првенство 2022 од септември.
Русите на Евро2022 ќе играат во група со Шпанија, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија. Домаќин на оваа група ќе биде Тбилиси во Грузија а Европското ќе се игра во 4 земји: Чешка, Грузија, Италија и Германија.