НБА Ол Стар 1998 на А1 со Љубомир Николовски

Тоа е таа снимка што се бараше, тоа е и коментаторот број 1 за баскет, тоа се тие златни времиња и на крај тоа се јунаците за кои не се спиеше. И да, дечките од МакНБА ги негуваат на Јутјуб легендарните видео парчиња кои како деца ги снимавме на касета. Супер е тоа.

Стартни петорки:

Западна конференција: Коби Брајант, Гери Пејтон, Кевин Гарнет, Шекил О`Онил, Карл Мелоун.

Источна конференција: Мајкл Џордан, Пени Хардвеј, Грент Хил, Дикембе Мутомбо, Шон Кемп.

Приговор да не имате?

Деца, ако не ги знаете ликовиве, гледајте и учете, а вие што сте постари спремете се за носталгија. Не дека сега не живна НБА со балканциве кои станаа хит, ама не се споредуваат бре тие кошаркарски времиња со денешниве. Друг шмек имаше тогаш.

Ова се НБА ѕвезди за сите времиња кои 20 години подоцна уште ги збориме како играа, особено кралот на кошарката Мајкл Џордан кој тука има 35 години и е учесник со најголем број гласови 1.028.235.

Толку тежат овие имиња што и десет пати да им ги прочиташ составите и да ги споредиш, не можеш да кажеш кој е фаворит.

За Коби Брајант ова е деби настап на Ол Стар игрите кој со 19 години станува најмлад учесник во историјата, а дебитира и рукито Тим Данкан.

Младата ѕвезда на Лејкерски собра 18 поени, а МВП е Мајкл Џордан со 23 поени, 6 скока и 8 асистенции кој го предводи Истокот до победа од 135:114.

ОЛ СТАР 1997 НА А1 СО ЉУБОМИР НИКОЛОВСКИ НА ЛИЦЕ МЕСТО

ОЛ СТАР 2000 СО ЉУБОМИР НИКОЛОВСКИ

ЉУБОМИР НИКОЛОВСКИ СО ПРЕНОСОТ НА ОЛ-СТАР МЕЧОТ ОД 2001-ВА

Браво за МакНБА

8 март 2021 - 16:09