Судиите понекогаш знаат да ги наградат ѕвездите. Така барем беше на последниот натпревар помеѓу Минесота и Лејкерски кој го добија гостите. Рубио во обидот за три поени беше фаулиран од Коби Брајант во последната секунда од мечот, но судиите се направија на тошо. НБА се огласи преку својот веб сајт со образложение дека кошаркарот на Минесота требал да добие три слободни фрлања.