Џејмс Харден со години си бараше идеална средина и на крај конечно ја најде. Откако дојде во Филаделфија ’76 се препороди. Игра слободно, без заткулисните игри во соблекувална кои ги имаше во Бруклин Нетс. Во тандем со неверојатниот Жоел Ембид Харден ја води Фила во следна рунда од плејофот. Го совладаа Торонто со 4:2 во серијата.