Аеродромци мотивирано го стартуваа мечот против актуелниот шампион на ова натпреварување, а резултот со тројка го отвори Синовец. Гостите возвратија со два поени, но потоа не можеа повеќе од три минути да го најдат патот до кошот.
МЗТ влезе во серија од 10:0 до средината од првиот период, втората тројка ја постигна Чековски за резултат 13:2. Кошаркарите на Партизан се разбудија и ја вратија резултатската неизвеснот на 21:16 по првите 10 минути.
По 3 минути гостите стигнаа до првата предност од само поен предност, но МЗТ брзо го врати своето водство и на нешто повеќе од 2 минути до крајот на полувремето имаше +7. Следеше серија на Србите од 8:0 за минимално водство на паузата од 35:36.
Тесно и неизвесно беше во текот на целата трета четвртина. Избраниците на Вукоичиќ имаа само едно водство од два поена разлика, а најголема предност на Партизан изнесуваше +8. Резултатот по третиот период изнесуваше 51:55.
Малата предност минатогодишниот регионален шампион ја одржуваше до 4 минути до крајот на мечот кога МЗТ стигна до 62:62. Од тука почна драмата на мечот, а нашите кошаркари имаа предност од +4 на 2 минути до крајот.
Кога се чинеше дека Металците ќе стигнат до уште една голема победа против силниот Партизан, го прокоцкаа последниот напад, во контра напад тргнаа српките кошаркари, а Кинси ја заби топката на една секунда и 40 стотинки за водство од 69:70. Тоа беше практично конечниот резултат на овој меч, затоа што по тајмаутот МЗТ не успеа да поентира во завршницата.
Најдобри поединци во таборот на МЗТ беа Синовец со 14 и Оташевиќ со 13 поени, а Чековски го заврши мечот со 10 поени. Голем проблем за Вукоичиќ покрај повредените Дамјан Стојановски, Кире Николовски и Кејд Дејвис беше и исклучувањето на Гечевски уште во седмата минутиа од мечот.