13 поени и сезонски рекорд за Перо Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс ја врзаа и седмата победа во серија на гостински терен, со што го подобрија учинокот од пред две децении. Покрај стандардните Милсап и Тег, одлична вечер имаше и Македонецот, кој постигна 13 поени.

Вечерта во НБА ја одбележа Дирк Новицки, кој со 15 поени во триумфот на Далас над Бруклин 96:88 стана седми стрелец во историјата на најдобрата светска кошаркарска лига. „Диркентшајн" сега има вкупно 27.412 поени и пред него се само уште Шекил О'Нил, Чемберлен, Мајкл Џордан, Коби Брајант, Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

Фантастичната вечер, Новицки ја круниса со клучната тројка во продолженијата со Бруклин. Германецот даде 6-16 поени од игра, а имаше и 7 скокови. Монта Елис додаде 19 поени, 7 скокови и 4 асистенции. Тајсон Чендлер се истакна со 14 поени и 13 скокови, по што Далас Маверикс го славеа и шестиот последователен триумф. Кај Бруклин, Брук Лопес даде 22 поени и 13 скокови.


Освен Далас, продолжување на одличната серија имаше и Атланта, откако ги победи ЛА Клиперс на гости 107:98. Пол Милсап ги предводеше „јастребите" со 23 поени и 8 скокови, а Џеф Тиг додаде 20 поени. Голем удел во славјето на Атланта имаа и Демар Керол со 17 и Перо Антиќ со 13 поени. По минатогодишниот личен рекорд од 18 поени против Индијана, ова беше втор најдобар учинок за Перо во дресот на лидерот на Истокот.

Сите поени на Перо Антиќ синоќа:

Клучни моменти од дуелот ЛА Клиперс - Атланта Хокс:

Во 13. победа на Чикаго Булс на последните 15. натпревари блескаше Пау Гасол со дури 27 поени (10-17 од игра) и 14 скокови. Никола Миротиќ запиша 17 поени и 8 скокови. Ракетите беа предводени од нивниот најдобар играч сезонава, Џејмс Харден кој постигна 20 поени и од Џош Смит кој имаше 21 поен.. Центарот Двајт Хауард додаде 12 поени и 14 скокови.

Забивањето на Никола Миротиќ:

Блокадата на на Џими Батлер над Џејмс Харден:

Филаделфија стигна до само петтата победа сезонава, прва на домашен терен од почеток на сезоната и тоа против Кливленд Кавалерс, кандидатот за прстенот годинава. Кавси играа без Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг, Варежао и Вејтерс, така што Кевин Лав не можеше сам. Лав уфрли 28 поени и 19 скокови. Кај '76-те најдобар беше Тони Ротен со 20 поени и 8 асистенции, а се истакна и Мајкл Картер-Вилијамс со 18 погодоци.

Кошот на Ротен на 10 секунди пред крајот за победа на Филаделфија против Кливленд:

НБА Резултати:
Филаделфија – Кливленд 95-92
Бостон – Шарлот 95-104
Чикаго – Хјустон 114-105
Мемфис – Њујорк 105-83
Минесота – Денвер 101-110
Њу Орлеанс – Вашингтон 85-92
Јута – Индијана 101-105
Портланд – ЛА Лејкерс 98-94
Голден Стејт – Оклахома 117-91
ЛА Клиперс – Атланта 98-107
Бруклин – Далас 88-92

6 јануари 2015 - 15:32