Анонимен човек почна да лепи ливчиња по скопските кладилници на кои се нуди наместо вас, добивката да ја подигне во свое име и со свои податоци. Целта вели дека му е да сте раат од персоналецот и фамилијата (не пишал која).
Но за услугата бара 5% од вашата добивка. Што значи тоа? Ако фатите чисти 10.000 денари, на анонимусов на шалтер ќе му земат регулар 10% данок или 1000 денари, а потоа тој ќе ви наплати на вас уште 5% односно 500 денари, што значи дека на крај ќе треба да се задоволите со 8500.
Човеков веројатно е невработен па се обидува да дојде до некој денар, но доколку е социјален случај нека се повлече со време, затоа што според приказната за Скендер Буњар која неодамна ја објави мкд.мк тој ќе остане без социјалната помош.