Фудбал

Спектакуларно дерби на Италија со дури 8 гола

Во 9. коло од Серија А Интер и Јувентус го одиграа можеби најлудото дерби меѓу нив во последните децении. Домаќинот водеше, па гостинот направи пресврт, па на крај Јувентус освои злато вреден бод. Конечни 4:4. Сега после 9 кола, Наполи е прв со 22 бода, Интер е втор со 18, а Јувентус е трет со 17 бода. Бјанконерите останаа единствен непоразен тим во Серија А со учинок од 4 победи и 5 нерешени средби и гол разлика 15:5.

Најбрзиот црвен картон во историјата се случи во Бразил

За време на дуелот од 31. коло во бразилската Серија А меѓу Атлетико Паранаенсе и Крузеиро кој заврши 3-0, гостинскиот фудбалер Рафаел да Силва доби црвен картон после само три секунди затоа што од нејасни причини се залета и со сета сила со лакт удираше противнички фудбалери по судиската свирка за почеток на мечот.

Големите шанси и утки на Левандовски и Мбапе

Ел Класико беше многу содржајно, особено во вториот дел во кој се редеа купишта шанси. Левандовски ги имаше двете најзрели, со кои можеше многу лесно да запише хет-трик за 12 минути, па и 4 комада во рок од 14 минути. На спротивната страна Мбапе три пати излезе пред гол и три пати победник беше Ињаки Пења. Ќе ги издвоиме и двете шанси на Реал од прво кои сепак од после беа досудени со офсајд.

За вакво дробење против Баерн и Реал имате три дена слободни

Барселона по германска команда игра страшен фудбал сезонава. Во 4 дена по 4 гола им дадоа и на Баерн и Реал Мадрид, а впрочем и лекција по фудбал им одржаа. Ханси Флик дополнително ги израдува и ги мотивира играчите. Им даде три дена слободни.

Барселона го сруши „Сантијаго Бернабеу“ до темел

Атомски фудбал го одбележа големото 189-то издание на дербито „Ел класико“. Барселона чекаше, чекаше и дочека прилика па го нокаутираше Реал Мадрид на негов терен, пред негови навивачи со 0-4.

Бразилски стендап на денот

Само во Бразил го има ова. Во Рио на Копакабана.

Најскапиот отказ во историјата на фудбалот

Роберто Манчини го доби отказот од соништата. Во следните три години, без да работи, ќе добива по 70.800 евра или претворено во наши пари, по 4,3 милиони денари ДНЕВНО.

Помошник на помошниот судија

Ограда, пченки, стара куќа, закачко на оградата, па уште и габаритен главен судија 190см, кој сигурно пие ѕидарско и пред и после утакмица. Класична сцена ко за селски фудбал, со која можат да се пофалат Србите, а и ние се разбира.

Мурињо: Манчестер освои бод со Фенербахче, а не Фенербахче со Манчестер

Се знаеше дека ќе прави циркузи и во Турција. Пол Сколс во студио вели дека интервјуто на Жозе било поинтересно од мечот.

Ја имаме прославата на годината, ни доаѓа од Битола

Неодамна пишувавме за една прекрасна маалска битолска сторија која доаѓа од Јени Маале, познато уште и како Генимаале. Едно од најстарите маала во Битола, каде се крие, како што велат тие: „Фудбалска дрога која произведува ментална психоза, без која не се живее и се вика ФК Јени Маале“. Клуб формиран на типично битолски начин, на кафе. Еден од нивните последни стрелци, ги помести границите во славење голови.

Дали стварно тоа го направи на клупа пред сите?

Во контекст на видеово од фудбалскиот клуб Чивас од Мексико, ни текна на една анегдота за фудбалер од Пештани познат како Бакуле. Кусиот разговор меѓу него и тренерот пред натпревар оди вака:

Во каква атмосфера ја начекал Раде управата на Партизан на состанок?

Партизан има ново раководство кое најавува промени во фудбалскиот клуб. Претседател е политичарот Расим Љаиќ, а за спортски директор е назначен легендарниот Предраг Мијатовиќ, кој за Партизан има 100 настапи и 44 гола во периодот од 1989 до 1993 година. Да ја чуеме прогнозата на Раде Богдановиќ.

И ние сакаме да сме тука

Јужна Америка е посебна фудбалска приказна, особено Копа Либертадорес. Во едното полуфинале, Атлетико Минеиро на првиот дуел ја совлада Риверт Плејт со 3:0. Атмосферата што ја прават е повеќе од фудбалски празник.

Перформансот на Јамал против Баерн заслужува внимание

Ламин Јамал не постигна гол синоќа, ама ја има најјаката асистенција на колото, прогласена од УЕФА. Малиот одигра нова фантастична партија, предобра за свои години против еден таков сериозен противник.

Барса си поигруваше со Германците, мислиш со Спортинг Хихон играат

Третото коло од ЛШ мина во знакот на шпанската фудбалска лекција против гигантите од Бундеслигата и тоа двојна. Реал ја намачка на леб Борусија со 5:2, а Барселона го доби убедливо Баерн со 4:1. Буквално ги здробија и целосно ги надиграа, а на моменти си поигруваа како со мали деца.

Како се изработува Златната топка?

68-то издание на Златната топка во режија на Франс фудбал, за прв пат во историјата ќе ги награди најдобрите врз база на резултатите на сезоната која измина (1 август 2023 - 31 јули 2024), а не календарската година. Номинациите ги соопштија на 4 септември, а церемонијата на наградите е на 28 октомври. Како се калеше најпрестижната индивидуална фудбалска награда во светот, која Меси ја има освоено рекордни 8 пати?

Што е со голов на Халанд?

Манчестер Сити ја имаше најубедливата победа синоќа во ЛШ, откако ја торпедираше Спарта Прага со 5:0. Халанд постигна два комада. Сите зборуваа и се чудат поради начинот на кој успеа да го реализира едниот. Со исклучот на ваквите акробации на Ибра, не се гледа вакво нешто во фудбалот.

Стефан Ристовски - Man of the match

Динамо Загреб оствари голема гостинска победа во Лига на шампиони, а поранешниот капитен на Македонија доби големо признание.

Ристовски триумфално во Салцбург со две асистенции, Рафиња со хет-трик го разби Баерн

И втората мега пресметка по Реал - Борусија, заврши со шпанска лекција за Германците. Барселона го декласираше Баерн, а Манчестер Сити и пукна петарда на Спарта Прага. Дури пет гостински екипи собраа по 3 бода во втората вечер од 3. коло во ЛШ. Динамо Загреб го изненади Салцург, а Лил го освои Мадрид. Елмас влезе во 86-та минута, но не успеа да го спаси Лајпциг од пораз против Ливерпул. Интер победи со гол во 93-та.

Го видовте ли топот на Монако?

Монако ја декласираше Црвена Ѕвезда со 5:1 во 3. коло од ЛШ, а потегот на мечот и вечерта е дело на Вилфред Синго кој душмански ја опали, да не можат двајца голмани да ја фатат.

Сапуницата со Хулк објаснета најкратко на српски јазик

38 годишниот Хулк, кој игра за Атлетико Миниеро, а претходно лупаше голови за Шангај, Зенит и Порто, има љубовен живот за кој многу пати се пишува, но тешко се разбира. Последно што е познато е дека стана татко по четврти пат, откако неговата сопруга Камила му роди дете, која инаку е внука на неговата прва жена. Барајте помош ако нешто не ви е јасно. Од нас толку.

Кралски финиш на Реал Мадрид, Јувентус скротен од Штутгарт

Во Мадрид Реал и Борусија Дортмунд одиграа фантастичен меч. Германскиот состав имаше водство од 0-2 но до крај прими пет гола и доживеа дебакл режиран од Винисиус Жуниор. Јувентус на Мота го претрпе првиот пораз после 10 натпревари по ред.

Го прашуваат Гвардиола кој е најдобар тренер во Премиер лига?

„Да се ​​биде близу до еден од најважните тренери на сите времиња е многу повеќе од доволно и е неверојатна чест за мене. Сер Алекс Фергусон е најдобар во оваа земја и во цел свет“ .

Како поминале со Колина двете екипи на кој е сипматизер?

Италијанската судиска икона, Пјерлуиџи Колина, кој шест пати е прогласуван за најдобар судија во светот, зборува на тема која сите љубители на Серија А би сакале да ја чујат. Па и пошироко.