Легендарниот Колина сè уште е вклучен во фудбалот. Прво како претседател на судискиот комитет на ФИФА и член на судискиот комитет на УЕФА, потоа шеф на судиите на Фудбалската федерација на Украина од 2010 година и неплатен консултант на Италијанската фудбалска асоцијација на судии.
Каков што беше со свирчето, таков е и без него. Директен, прецизен и принципиелен до крај. Оди замери му после овој муабет.
Често знаат да ме прашаат дали навивам за некој тим? Како можеш да прашаш такво нешто некој што го сака фудбалот и што стигнал на тоа ниво? Кога имав 10 години навивав, тоа е нормално, би било неочекувано спротивното. Јас бев симпатизер на Болоња и Лацио.
На првите 9 меча кои му ги судев на Лацио во Серија А, немаше ниту една победа. Еден од управата на Лацио ми вели: Се знае дека си симпатизер на Лацио, но ниту еднаш да не победиме?
На Болоња и судев повеќе пати и една од средбите беше бараж да не испадне во Серија Б. Јас го судев реваншот, Болоња загуби дома и испадна во втора лига. Инаку јас сум роден во Болоња, израснат сум таму, сите пријатели ми се од таму, имам симпатии према клубот, но тоа за мене е тим со црвено - сини бои, која играше против тим со дресови во жолта и сина боја.
Потоа после многу години, те гњавеа поради тој муабет за Лацио?
На Универзитетот во Парма ги кажав истите работи за Лацио што ги кажав тука. Следниот ден насловот на еден весник беше: Конечно можам да кажам дека навивам за Лацио. Тоа е колку да се привлече внимание.