Фудбал

Продолжи убавата традиција со плишани мечиња од трибини

Во Белгија и Франција, односно на натпреварите на фудбалските клубови Генк и Лил синоќа се одржа традиционалниот настан фрлање плишани мечиња на терен кои подоцна се собираат и се даваат на деца во благотворни Божиќни и новогодишни акции.

Судиската одлука која го збесна цел Ман. Сити

Во Премиер лигата на два меча синоќа паднаа дури 13 гола! Манчестер Сити и Тотенхем во дербито на колото одиграа 3-3, а Ливерпул и Фулам режираа спектакл со победа 4-3 на црвените после цел куп пресврти. На „Етихад“ фудбалерите, навивачите и стручниот штаб на Манчестер Сити со право му рипнаа на главниот судија Сајмон Хупер кој ги оштети драстично во последните моменти од мечот.

Емотивна разделба на Суарез и навивачите на Гремио, зачинета со ново голчиште за победа

Заминува по само 11 месечен престој, а кога гледате како го испратија, ќе помислите дека се работи за 11 години. На 36 годишна возраст извади повеќе од максимум за бразилскиот тим и оствари импресивни бројки.

Како изгледаше голманот на полувреме на мечот ЦСКА - Ростов?

Инаку мечот во руското првенство меѓу ЦСКА Москва и Ростов кој заврши 2:0 се играше на -5.

Дриблингот од Премиер лига кој заслужува внимание

Мечот меѓу Ливерпул и Фулам понуди седмица со пресврти, три голчишта на домаќините, ама и дриблинг на гостите во режија на Алекс Ивоби. Мераклиски ги реши и двајцата со еден потег.

Бомба на Чалханоглу го замолчи Сан Паоло

Фудбалерите на Интер не ја даваат лидерската позиција, а сериозната трка за титулата ја најавуваат со голема победа над актуелниот шампион Наполи од 0:3. Елиф Елмас доби 75 минути, а потегот на мечот го има Хакан Чалханоглу кој го отвори резултатот во финишот од првиот дел.

Голеада со пресврт и ревија на евроголови на Енфилд Роуд

Ливерпул и Фулам приредија празник за очи во 14. коло од Премиер лигата. 2:1, па 2:3, за крај со погодоци во 87-ма и 88-ма да бидат конечни 4:3. Трент Александар Арнолд, Ватару Ендо и Алексис Мекалистер, бирајте кој гол ви е најубав.

Во Германија падна автогол на векот

Читател ни пиша вака: Затварајте рубриката „автогол на милениумот“. Не можеме да кажеме дека не му е на место предлогов. Второлигашите Сент Паули и Хамбург одиграа 2:2, а несреќниот на векот или милениумот, како сакате, е гостинскиот голман Даниел Ноер Фернандез. 

Пукна брука на сред ждрепка, гласови од порно на сцена

На вечерашната жрепка за Европско првенство во фудбал 2024-та, во Хамбург, сè беше како подмачкано. Собран целиот крем на европскиот фудбал, сите стокмени и скоцкани. Се влечат групите со нетрпение и наеднаш се слушаат гласови од порно филм. На водителот Џорџо Маркети му беше непријатно како и на сите присутни па проба некако да ја извади ситуацијата. Целата драмолетка траеше неколку минути до крајот од ждрепката.

Извлечени групите за ЕВРО 2024 - следуваат сјајни дуели!

Жрепката се влечеше вечерва во величествената зграда на филхармонијата во Хамбург покрај реката Елба каде беше собран елитниот крем на европскиот фудбал.

Малдини: Кардинале бараше да освоиме ЛШ, а јас му спремив три годишен план на 35 страници

Шест месеци по неочекуваниот шокантен отказ како функционер во Милан задолжен за спортскиот дел, легендарниот Малдини се отвори и објасни зошто биле отпуштени со Масара и покрај големите успеси кои ги оствариле. Рече дека во клубот има луѓе кои не ги почитуваат идентитетот и историјата на Милан. Му дале низок буџет, а четири дена по заминувањето го дуплирале.

Има нешто зидановско во Белингем

Дваесет годишниот англиски репрезентативец веќе ја освои разгалената мадридска публика како ретко кој играч за толку брзо време. Има вкупно 15 гола и 4 асистенции на 16 натпревари во Ла Лига и во Лига на шампиони. Со него Реал Мадрид доминира во Лига на шампиони и триумфално без пораз оди во следна фаза.

Зошто ФИФА правно не ги суспендира Израел и Палестина како Русија?

ФИФА и УЕФА се невообичаено мирни и тивки во однос на палестинско-израелскиот воен конфликт, дијаметрално спротивно во однос на руско-украинскиот воен конфликт.

Говорот на Меси за своето деби за Барса против Порто

На пријателски натпревар меѓу Порто на Жозе Мурињо и Барселона, на 16-ти ноември 2003-та година, пред 20 години, Лионел Меси за првпат заигрува за првиот тим на Барса. Еве што раскажал за тоа прво искуство на свои 16 години.

Видиќ ги открива високите плати на Пикси и стручниот штаб

Славниот капитен на Манчестер Јунајтед со кој освои 15 трофеи имаше обид да влезе на чело на српскиот фудбал, но не успеа да се избори со постарите волци. Во интервју за nin.rs открива дека селекторот на Србија и неговите помошници за две години заработиле 16 милиони евра, енормно висока сум за балкански услови. Месечната плата на Боби е 7.000 евра, а Мрме земаше 5.000.

Миле го спасуваше Мурињо

Рома под водство на Жозе Мурињо игра топло-ладно веќе подолго време. Очигледно дека екипата не е кадарна за поголеми дела а ни Португалецот не оддава впечаток дека е спремен да гине за клубот. Во просечна група од Европа Лига со Славија Прага, Сервет и Шериф Тираспол Рома заврши втора со 10 освоени бода и оди во следната фаза. Синоќа Рома одигра само 1-1 на гости кај Сервет а најзаслужен за бодот беше српскиот голман Миле Свилар кој синоќа доби шанса да брани.

Какво голчиште на Обамејанг, Велодром ретко видел такво нешто

Олимпик Марсеј и Ајакс одиграа фантастичен дуел со дури 7 гола. Францускиот тим два пати водеше, а Холанѓаните се враќаа и правеа пресврт. На крај победа 4-3 за Марсеј со хет-трик на Пјер Емерик Обамејанг. Едниот од головите му беше мајсторија и тој го води тимот во следна фаза од Лига Европа.

Словенечки начин на сушење терен

Олимпија - Лил, 5 коло, Конференциска лига. Домаќините во обид да го оспособат теренот за игра на начин, до сега незабележат во фудбалот. Пешкири ставаа, за да упие водата. Мечот се одигра, а Олимпија загуби 0:2.

15 годишникот на Милан ги частеше играчите колачи за дебито, каков е планот понатаму?

Уште на првиот тренинг после првиот меч за Милан, татко му и мајка му го однеле Франческо во базата да почасти за честа што заиграл на Сан Сиро толку млад. Следно коло ќе има можност да брка друг рекорд.

Фудбалер на Унион Берлин со силна кандидатура за глума на сезоната

Театарската претстава ја приреди Французинот Лукас Тусарт на мечот меѓу Брага и Унион Берлин, за која доби награда од судијата, картон во жолта боја.

Два карамбола пред головите на Галатасарај и Манчестер

Во Истанбул имаше од сè по нешто. Голчиште на Фернандеш, два гола од слободен удар на Зиеш после два кикса на Онана и две големи мешаници на двете страни по кои лесно можеше да биде и 4:4.

Елмас со Наполи загуби на Бернабеу, но со една нога е во осминафинале

Македонскиот репрезентативец, како и против Аталанта, доби половина час против Реал Мадрид кој славеше дома со 4:2. Деби гол на 19 годишниот Нико Паз. На четири меча вечерва паднаа по 6 гола, а две средби завршија без голови. И по вечерашните средби од 5. коло во ЛШ останаа уште две слободни места за осминафинале. На Елмас во последно коло доволно му е реми дома со Брага за пласман во нокаут фаза.

ПСВ со луд пресврт ја исфрли Севиља од ЛШ, два слободни удари на Зиеш, два кикса на Онана

Два меча, две драми со вкупно 11 гола на првите две средби во ЛШ во терминот од 18:45. Севиља имаше 2:0 над ПСВ до 68 минута, но на крај загуби и остана без осминафинале со гол во 92-ра минута. Манчестер Јунатед водеше 0:2 и 1:3 во Истанбул и пак не успеа да победи. Онана повторно ги разочара навивачите на Јунајтед со две нови млитави реакции при слободен удар.