Фудбал

Шоу на двајца стопери на Галатасарај, го кренаа цел стадион на нозе

Галатасарај продолжи да доминира во турската Суперлига откако синоќа со 3-2 го победи Самсунспор. Нови два гола даде Виктор Осимен, а еден Мичи Батчуаји. Во финишот на мечот свое шоу имаа и стоперите на Галатасарај Дејвисон Санчеѕ и Бардакчи. И двајцата пробаа со ножички да дадат спектакуларни голови.

Ноктот на Роберт

Реал Сосиедад ја совлада Барселона со 1:0 и им ја прекина прекрасната серија од седум победи во низа. Големи полемики предизвика 13-та минута од мечот кога му беше поништен гол на Левандовски. 

Чалханоглу мајсторе, топ да не имаш во ногата?

Интер и Наполи водат битка за врвот во 12. коло од Серија А. На полувреме е 1:1. Наполитанците поведоа преку Мектоминеј, израмни Хакан Чалханоглу кој испука проектил и ја крена на нозе Меаца.

Спектакуларен гол на Mусиала вреден победа за Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат лидери во 10. коло од Бундеслигата со +5 пред Лајпциг. Гостувањето против Сент Паули го решија со еден, ама вреден погодок, а тоа е ремек делото на Џамал Мусиала.

Интересна компарација меѓу Меси и Јамал на 17 години

Споредбата покажува дека Јамал е две сезони во предност и веќе има 83 настапи, 16 гола, 26 асистенции и 2 трофеи, што е реткост. Тоа е затоа што дебитираше на 15 години, а Меси на 17. Но во студиото на СиБиСи не сакаат никого да споредуваат со најдобриот.

Педро не старее, го фрли Олимпико во делириум со гол во 92-ра

Ако некој се прашува каде е и што прави легендарниот Педро, кој беше дел од златните денови на Барселона и Шпанија, ќе го најде во Рим, каде дроби на 37 години и ги забавува навивачите.

Најлошото изведување од центар го има Мидтјиланд

Данскиот клуб на полувреме губеше 1:0 на гостувањето против Стеауа Букурешт во ЛЕ. Тргнаа од центар во второ и за 8 секунди примија уште еден гол за конечни 2:0 за Романците.

Невидена ефикасност на Барселона во 125 години клупска историја

Ова требаше или се очекуваше да биде Реал Мадрид со Мбапе, но фудбалот затоа е интересен, затоа што знае да биде многу непредвидлив и да изненади, како што тоа го прави сезонава Барселона.

Кај што е Интер, таму е и Пандев

Интер и Горан Пандев имаат посебна конекција и 14 години после освојувањето на тројната круна. Им беше гостин на Етихад против Манчестер Сити, па дома со Црвена Ѕвезда и синоќа повторно беше на Меаца за да им даде поддршка во живо на тешкиот меч против Арсенал кој го добија со 1:0. Гостуваше и на официјалниот тв канал на клубот.

Артета не си на мал фудбал во балон

Во 63’ минута од мечот Интер - Арсенал (1:0) додека гостите притискаа со сите сили да израмнат, гостинскиот тренер Микел Артета заборави на аут линијата.

Топките кои ги дели Јамал во напад се пола гол

Барселона сезонава дава лесно голови, по 3, 4, 5 на еден натпревар. По колку ли би давала ако ги претвораа го гол и овие страшни пасови на Ламин Јамал кои им дава топки на тацна? Ова е само од синоќешното гостување против Ѕвезда.

Глупавиот пенал во втората германска лига, го повтори Астон Вила во ЛШ и загуби

Астон Вила после 3 од 3, го загуби првиот меч во Лига на шампиони со аматерска грешка, недозволива за ваков ранг на натпреварување. Се повтори пеналот од средбата Магдебург и Гројтер Фирт од пред еден месец. Овој пат киксот го направи Тајрон Мингс, а реализираше Ханс Ванакен за победа на Клуб Бриж од 1:0.

Кубарси си замина од Маракана како да се борел против ЈНА

Барселона резултатски помина одлично против Црвена Ѕвезда, но едно од нивните деца не баш. Ќе го памети гостувањето во Белград цел живот и денес веројатно ќе добие оправдание од матичниот за да не оди во школо. Се работи за 17 годишниот Пау Кубарси кој заработи 10 конци, после еден непромислен старт со крампони на Урош Спајиќ.

Каталонската машинерија немилосрдна во Белград, Атлетико го освои Париз во 93-та минута

Црвена Ѕвезда и даде два гола на Барса, нешто што сезонава не им успеа на Баерн и Реал, но прими пет. Атлетико Мадрид го совлада ПСЖ на гости со пресврт и гол на Кореа во судиско, а Интер ја доби мега пресметката против Арсенал со гол од пенал на Чалханоглу. Пет гостински победи, наспроти четири на домаќините.

Снимка од Гвардиола, Баџо и Меси стара 14 години

Роби во 2010-та оди на Камп Ноу да гледа натпревар на Барселона предводена од Пеп, инаку стар негов пријател од времето во Бреша. Не штедат зборови за тогаш 22 годишниот Меси и веднаш се согласуваат дека е феномен. „Сè знае да прави на терен и многу е силен ментално“, вели Гвардиола за Лео кој потоа ќе им се појави. Со Мајкл Џордан го споредува.

Најчудниот предмет фрлен на фудбалски терен

Додека овие денови се занимаваме со Лига на шампиони, во Бразил на мечот Коринтијас - Палмеирас од трибина фрлија глава од свиња. Луда работа.

Анализа на Анри за проблемите во нападот на Реал со Мбапе

Француската легенда за пример го зема тазе поразот од Милан во кој со видео снимки детектира целосно погрешно одвивање на нападот. Вели дека не може 9-та во тимот да игра толку повлечено, а Белингем кој игра поназад, да биде тој што ќе ја покрива позицијата на Мбапе. За решение го цитира Дел Пјеро, кој смета дека единствен кој може да ги реши проблемите во играта е Карло Анчелоти, а тоа е да воспостави баланс.

Каква ЛШ, евроголот на месецот падна во Дојран

Дојранско Езеро - Светлост од Зрновци 2:1 во рамките на 8. коло од Третата македонска лига - Исток. Единствениот стрелец за гостите беше Влатко Коцев кој го понижи голманот. Погледнете го овој потег. Лабаво, без залет, во стилот на Андреа Пирло.

Што е со бројките на најдобриот стрелец во Европа во моментов?

Дваесет и шест годишниот Швеѓанец со унгарско потекло, Виктор Ѓокереш (или Ѓекереш) есенва во сенка фрли играчи како Халанд, Мбапе, Винисиус и многу други. Роден во Стокхолм, си го бараше местото во разни клубови, играше во Бромапојкарна, Брајтон, Сент Паули, Свонси, Ковентри за да на крај блесне во Спортинг Лисабон.

Краток список на сите тешки порази на Пеп Гвардиола

Манчестер Сити претрпе убедлив пораз од 4-1 од Спортинг Лисабон во Лига на шампиони. Ова е сензационален резултат и од фактот што Сити три порази по ред не забележал цели четири години. Верувале или не, за речиси 500 натпревари (488 попрецизно) на клупата на Сити ова е само петти тежок пораз на „граѓаните“ под водство на Гвардиола.

За толку несмасни ножички се знае бојата на картонот

Цел Бразил зборува за еден црвен картон на играч по име Фелипе Визеу од Крисиума. Не е проблем што дечкото се обиде да направи ножички, туку што ги помеша топката и главата.

Срамната глума на Винисиус Жуниор

Милан направи големо изненадување откако синоќа тотално го издоминира европскиот шампион Реал Мадрид на гостински терен. Милан прв поведе а Реал Мадрид израмни преку Винисиус од пенал во 23’ минута, па до крајот росонерите дадоа уште два гола за убедлив триумф 1:3. Од Бразилецот освен голот имаше и една смешна глума кога сакаше да исценира контакт од голманот Мењон.

Милан го згроми Реал среде Мадрид, Ѓокереш со хет-трик го испраши Сити

Вечерва го Лига на шампиони имаше неколку необични резултати. Милан после долго време одигра како во најславните денови и со 1-3 го прегази европскиот шампион Реал Мадрид на негов терен. Росонерите доминираа од почеток до крај на мечот. Во Лисабон Рубен Аморим имаше бајка.