Фудбал

Кога Робин ван Перси се вози по улица и наидува на школо

Колку е сакан во својот Ротердам покажува и тоа што застанал да се слика со едно дете а веднаш се јавил детски џагор и толпа ученици да го гушнат.

Топовски удар од соблекувална

Трката за гол на сезоната во Ирска може слободно да заврши бидејќи фудбалерот по име Јан Морисон има левица на која тешко дека некој може да и конкурира. Не од соблекувална, туку од паркинг ја опали.

Полјакот од Џенова нема намера да застане, ги шие Игуаин и Роналдо

Само неколку дена откако пишавме за него, полскиот центарфор кој го носи нападот на Џенова, во неделата пак даде гол и сега е на бројка од 13 гола на 8 меча.

Како се гинеше во Јунајтед за време на Ферги

Што, ќе ми водите само 1:0 со Виган? Абе има да трчате сè додека не ги наполните па макар јазикот ви паднал до пупак. Тоа беше Манчестер Јунајтед, прво го гледаш Сколс како брка пресинг во напад, а по некоја секунда се вратил да покрие во одбрана. Сега главна преокупација во тимот е кавгата меѓу Мурињо и Погба за некое си видео што го постирал на Инстаграм.

Пенал со салто за кој нема голмански рецепт

Се вика Норик Авдалјан и игра за тимот на техничкиот факултет во Универзитетска лига во рускиот град Казан. Неговиот трик од пенал веќе има милион прегледи.

Страшна фудбалска интелигенција

Голманот се спрема да изведе, противникот ти се поставува со пресинг, голманот ти ја подава, чуварот ти е на 7-8 метри со што имаш можност да се наместиш и да ја расчистиш, а ти го одбираш најлошото можно решение. Се работи за Бразилецот Валас од Лацио, на кој Неста, Стам и Михајловиќ НЕ се горди. Да не реагираше Томаш Стракоша како што треба, Лацио - Фиорентина немаше да заврши 1:0.

Џон Тери со пост на Инстаграм се прости од фудбалот и заврши кариера

Џон е жива легенда на Челси, фудбал професионално играше 23 години од кои само една година се пресели да игра во Бирмингем за да и помогне на Астон Вила да се врати во Премиер но не успеа во финалето на плејофот.

Голман даде гол во продолжение и извади бод за екипата

Унион Берлин губеше 0:1 од Хајденхајм во втората германска Бундеслига но во судиското продолжение Рафал Гикевич, полскиот голман на домашните стана јунак откако со глава ја заби топката во гол за 1-1 и голем бод. Унион е второ место во лигата.

Така лесно мислиш ќе го лобуваш Џиџи

Мемфис Депај фина ти беше идејата, ама не заборавај дека голманот на ПСЖ не се вика Кире Трајчев, туку Џиџи Буфон на кого тие 40 години воопшто не му тежат. Се истегна и ја пипна со прсти доволнo за да не прими гол. 

4 гола за 13 минути на 19 години и песна за Мбапе

Времето на Роналдо и Меси полека изминува или за некое време ќе измине, ама затоа доаѓа моментумот на некои нови клинци. Меѓу главните сигурно ќе биде Килиан Мбапе кој изминативе две години постојано руши рекорди.

Несторовски го реши Кротоне во 86 минута

Капитенот на Палермо се враќа во голгетерска форма во вистински момент пред двата меча на Македонија во Лига на Нации (13-ти со Лихтенштајн и 16-ти со Ерменија). По двата први гола сезонава против Перуџа, синоќа сам му донесе победа на својот тим во последните минути. Финта со лева, па мајсторски пласирана со десна за Палермо - Кротоне конечни 1:0.

Јак настап на Мурињо по пресвртот со Њукасл

Очајни први 45 минути и негатива од 0:2 за Манчестер Јунајтед. Пола Европа зборува дека Мурињо ќе попие отказно решение на „Олд Трафорд“. Второ полувреме даваат три гола, слават победа и се чекаат изјавите на Жозе. А он во свој манир.

Селски фудбал во трета норвешка лига (се запали далековод)

Бекот на норвешки Селбак, Јонас Александер Олсен во обид да избие една топка во аут, опалил по жиците од далеководот па направил пиротехничко шоу. На крај неговиот тим изгубил 0:5 од Весфосен и сега има само 3 бода на 23 одиграни средби.

Роналдо топ не го бие, пак даде гол

Соочен со сериозни обвинувања за силување на Американка чии адвокати му бараат 200.000 евра оштета за претрпена психичка тортура, Кристијано Роналдо на теренот не изгледа дека е загрижен. Вечерва даде гол во триумфот на Јуве против Удинезе на гости од 0:2.

Радоста откако ќе го победиш Реал после 87 години со гол во 95-та

Мануел Алехандро Гарсија Санчез е фудбалерот со чиј гол Алавес го победи Реал Мадрид првпат после повеќе од осум децении! Цели 83 години тимот од Баскија чекаше да го кутне „кралскиот“ тим. Притоа ова е првпат од сезоната 1984/1985 Реал Мадрид на 4 меча по ред да не даде гол. Сега Алавес е третопласиран со исто бодови како и Реал Мадрид кој има нешто подобра гол разлика.

Ова Мурињово без акал е више

Жозе Мурињо од интересен лик пред камери, веќе станува комбинација на чуден и депресивен со на моменти шарлатанско однесување. Не знае кај тера со играта и резултатите и пак се закача. Манчестер Јунајтед едвај му победи денеска против Њукасл во последна минута. Губеше 0:2 по 10 минути игра и направи персврт со три гола од 70-та до 90-та минута.

Тони ли е, Барди ли е?

Енис Барди има 23 години, Тони Мицевски 48, ама тука нема разлика кога ќе го видите старото како изведува слободен удар. Поранешниот македонски репрезентативец кој играше во Бундеслига, уште игра активно фудбал во родното село Поешево. Погледнете му ја најновата мајсторија на ревијалниот меч меѓу ветераните на Победа и Пелистер. Каков цар.

Енис Барди го вклучи снајперот и го реши Хетафе

На стартните шест кола во новата сезона го немаше, ама затоа денеска на гостување влезе во второ полувреме, го намести нишанот и испука проектил во агол кој не го фаќаат 10 Буфоновци. Хетафе - Леванте конечни 0:1, благодарение лудиот слободен удар на македонскиот репрезентативец.

Него дали ја видовте оваа мајсторија во ЛШ?

Икарди и Наинголан го решија ПСВ во второто коло од ЛШ, ама потегот на мечот го направи Политано кој успеа жива да фати една чаша со малку пиво, да ја поднасмее публиката и да му ја понуди на судијата. Браво и за камерманот.

На Диего му е убаво во Мексико

Го сакаат, го почитуваат, нема голем притисок како во татковината и ужива во пренесување на фудбалското знаење на помладите. Претпоставуваме дека прави уште нешто што многу сака.

Мурињо со намќореста фаца одржа чуден прес од 3 и пол минути

Не е лесно да си навивач, ама уште повеќе тренер на Манчестер Јунајтед откако Фергусон ќе ти остави наследство од кое во фудбалот не се живее и во иднината. Мурињо на времето сам си се нарече „Специјален“, ама сабајлево изгледаше како веќе да не знае кај тера.

На Роналдо му бараат 200.000 долари и му дале 20 дена да размисли

Португалскиот ас е обвинет дека наводно во 2009 година во еден хотел во Лас Вегас извршил сексуално насилство врз девојка од САД која скоро решила да проговори за тоа кај адвокатите и да му бараат на Роналдо огромна сума на пари како оштета за претрпеното психичко растројство.

Мрме, да видиш Луис Енрике како го претстави составот

Во пресрет на пријателскиот меч на Шпанија со Велс, шпанскиот селектор Луис Енрике го објави списокот на повикани играчи на занимлив начин. Па ете идеја за нашиот селектор Игор Ангеловски понекогаш да си поигра со објавување на репрезентативниот список.