Фудбал

Лошо Жорди Алба, многу лошо

Едно од најсрамните, ако не и најсрамно глумење сезона во ЛШ е ова на Жорди Алба. За Барса играш бе цреп, не ти е глупо ова да го правиш? Плус судијата беше на 20 сантиметри до него, а му се сипаа и од публика. Не доби ни жолт картон. Бљак веќе од ова глумиве.

Ајакс го сопре Јувентус, Манчестер со автогол и подари победа на Барса

Ништо не е решено на вторите четвртфинални средби од Лига на шампиони. Барселона обезбеди минимално водство пред реваншот на Камп Ноу, а Јувентус класата и фаворитската улога против Ајакс ќе мора да ја докаже на свој терен. Паднаа вкупно 3 гола, исто како вчера.

Многу људски гест на Антонио Кандрева

Познатиот италијански фудбалер го знаеме како ѕвезда на Интер и италијанската репрезентација, но дечкото има и други квалитети надвор од фудбалот. Со овој потег прави ем добрина, ем испраќа фина порака во земја која има многу проблеми со дискриминација.

Четири начини како да освоиш ЛШ

Не го сфаќајте ова како некакво правило, пошто не е, туку само како факти од кои можеби ќе произлезе да гледаме супер интересно и неизвесно финале меѓу гигантите Јувентус и Барселона или во превод дуел Меси – Роналдо. Зарем некој има против? Освен фановите на Јунајтед и Ливерпул се разбира.

Најубавите голови легнати на волеј

Кога ќе падне на волеј и кога играч ќе ја зафати со полна сила, тука двајца голмани нема што да бараат. Било каде, било кога. Волејот е волеј.

Трансферите на Ајакс колку пола на Роналдо

Избраниците на Ерик тен Хаг му го земаа скалпот на Реал Мадрид кој три сезони по ред е шампион на Европа. Ќе успеат ли овие млади и голем дел непознати деца на европската сцена да срушат уште еден моќен и богат клуб.

Кореецот јунак на Тотенхем нема намера да се жени додека не заврши кариера

Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.

Кога сакаш да се покажеш со паненка пред Златан

Ибрахимовиќ навистина го гледа од позади, ама овој уште по навистина треба да јаде уште многу фурни леб.

Лорис одбрани три важни пенали за два месеци

Французинот имал бледа полусезона минатата есен кога се работи за пенали, но затоа во 2019-та година фати неколку исклучително важни пенали, од кои најбитен беше синоќешниот против „граѓаните“.

Шампион на колото - покажа со рацете ВАР одлука, а немаат ВАР

Колумбискиот судија Вилмар Ролдан (викаат дека бил најдобар судија во тамошната лига), на мечот Букараманга - Санта Фе во првата дивизија, се консултирал со помошникот линиски судија после што со рацете гестикулирал пенал по прегледан ВАР. А во Колумбија уште нема ВАР.

Пеп е дрво на гости, а на Порто островот му е кошмар

Првите два четвртфинални дуели од Лига на шампиони завршија со победа на домаќините, а тоа е само потврда плус и продолжување на мизерната традиција на гостиве. Кај едните на тренерот не му оди, а другиве не одат во Англија.

Фернандињо многу гледал кечери изгледа

Дуелот меѓу Тотенхем и Сити вечерва не помина со црвен картон, а требаше бидејќи Фернандињо во еден дуел со Хари Кејн мислеше дека се наоѓа во ринг. За падот веројатно не е крив, ама потоа беше на два пати безобразен со раката. Плаче за казна.

Тотенхем го доби англиското дерби, Ливерпул со фина предност

Првата четвртфинална битка во Лига на шампиони помина со скромни 3 гола. Фудбалерите на Тотенхем обезбедија минимална победа пред реваншот во Манчестер. Ливерпул ќе биде нешто покомотен бидејќи стигна до резултат кој му ветува ново полуфинале.

Најубавиот гол на сезоната во Германија го даде магичен Бразилец од Лајпциг

Минатиот викенд во Бундеслигата играа Баер Леверкузен и РБ Лајпциг. Во прво полувреме два гола за домаќините даде чудото од дете Кај Хаверц, но Лајпциг до крајот прави целосен пресврт благодарение на Бразилецот Матеус Куња.

Анегдота за едно дете по име Блез Матуиди

Седум сезони – 16 титули со ПСЖ. Во прв состав можеше да го нема Ибрахимовиќ или Силва, ама никако Матуиди, еден од оние играчи кои вредат злато. Се води како фудбалер од среден ред, а го има секаде.

Во Ајакс тврдат дека не можат да ја преболат измамата на Јувентус во финалето ’96

За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.

Стадион во Италија на кој се оди со трска за по риба

Навивачите на Модена направија прејак штос на гостувањето против Реџана во Серија Д, која важи за четврта лига во Италија. Нивната екипа не се врати со полн плен од гостувањето кое заврши 0:0, ама затоа тие се вратија. Какви цареви. Инаку истава река “за риболов“ на гостинските навивачи им ја нуди и прволигашот Сасуоло, бидејќи и тие го користат овој стадион.

За колку пари Гатузо би изел полжав?

За да ги набројат сите глупоштини и заебанции со Гатузо од златното и шампионско време со Анчелоти, фудбалерите на Милан треба да седнат на целодневно интервју, а веројатно и тоа би било малце. Последната анегдота ја раскажува Ѕамброта кој вели вака:

Како живее репрезентацијата на непризнатата Каталонија?

Во текот на календарот на ФИФА и УЕФА за официјални меѓународни натпревари, редовно во програмата може да се видат и пријателски средби кои ги играат репрезентации кои не се признати и не можат да играат квалификации ниту големи натпреварувања. Таква е Каталонија.

Во Холандија ќе се игра фудбал со необична топка со слики на Рембрант

Во понеделникот на 8 април во Рејксмузеум (Државен музеј) во Амстердам ја претставиле новата топка за холандското фудбалско првенство која ќе сe „тркала“ од 28 април како проба за следната сезона. Многу е интересна и необична.

Што играч ќе беше овој Азар

Ако некој има Меси во себе во денешно време, тоа дефинитивно е Еден Азар. Погледнете го како им влезе со брзина и самодоверба. Тргна и не му беше гајле колку луѓе има пред него. Ги изора како бавча. Челси - Вест Хем 2:0, двоен стрелец Азар.

Најјаките викендашки фудбалски убавини

Многу добро и концизно спакувана компилација од сè она што е задолжително за гледање од богатиот фудбалски викенд. Евроголови, дриблинзи, одбрани...Најдоброто во само 2 минути.

Да си ја сошиете мрежата и да ми го признаете голот

Понеделник обично е тапа ден за фудбал, ама не и за Турците. Ризеспор и Бешикташ одиграа натпревар со дури 9 голови, а за прв пат стигна помош од ВАР поради скината мрежа. Три евроголови за гледање од кои два на Љаиќ.

Несторовски растура со голови

Палермо стигна до важни 3 бода во борбата за кам бек во Серија А. Ја совладаа Верона со 1:0, а мечот го реши капитенот. Гол број 11 за Илија Несторовски кој е влезен во одлична гол серија.