Фудбал

Да пробаме без да тапне

Шкотскиот второлигаш Данди Јунајтед изведе акција која многу, ама многу ретко се гледа во фудбалот. Треба да те бива за ова, ама и да ти се потрефи. Голманот дегажираше, а триото во напад не дозволи топката да падне, па дури фрчеа петици и волеј на прва. Гол на сезоната во Шкотска, без конкуренција.

Ај најдете му НЗС на пеналов

Сè што може да НЕ очекувате се случи во овој удар од 11 метри. 1.Сопка 2.Асистенција 3.Гол на друг играч. 4.ВАР 5.Поништен гол. Ваков хаотичен пенал не се видело до сега, а му успеа на Макаби Тел Авив.

Чекајте бе уште не сме почнале, вие гол ни давате

Шејн Лонг од Саутемптон постави нов рекорд кога се во прашање најбрзите голови во историјата на Премиер лигата. Ватфорд ја изведе од центар, а репрезентативецот на Република Ирска го напна стоперот на пресинг и заврши работа за рекордни 7.69 секунди. Домаќините пак израмнија во 90-та минута.

И без Меси овие си играат мајтап во Шпанија

Фудбалерите на Барселона се на една победа до освојувањето на титулата број 26, инаку осма во последните 11 сезони во кои Реал има само две. Валведере одлучи да го почне гостувањето против Алавес без Меси кој влезе кога веќе беа поставени конечните 0:2.

Е ова ти се вика атмосфера во финале на ЛШ

Тигрес и Монтереи и двете од Мексико, синоќа се сретнаа во финалето на Лигата на шампиони во КОНКАКАФ каде се натпреваруваат екипи од Средна, Северна Америка и Карибите. Монтереј во првата пресметка славеше 1:0. Но резултатот нас не нè интересира, рокнете звучките да видите што е фудбалски спектакл. Ова го нема во Европа.

Акција во која Мустафи го изгуби компасот во одбрана

Кристал Палас оди во контра два на два против Арсенал. Тој што ја води топката си има чувар, а тој што влегува во шеснаесетник очигледно нема бидејќи Шкодран Мустафи толку се занесе што некој ќе помисли дека напаѓа кон гол. Среќа овој ја дувна во облаци, инаку ако го дадеше ќе имаа право лом да го направат од критики

Го имаше ли Игуаин најслаткото славје на сезоната?

Кога велиме слатко, не мислиме на гол за титула, туку на она што го мислат навивачите на Твитер, а така и изгледа на камера. Челси синоќа одигра разочарувачки 2:2 против Барнли во битката за ЛШ, а Игуаин за убавиот гол доби:

Гинат за секоја топка, за ЛШ се работи

Аталанта е страшно опасна екипа која сезонава го елиминираше Јуве во Куп, а синоќа го совлада Наполи и тоа со пресврт на гости 1:2. Погледнете каков гол спасија со кој ќе губеа 2:0, никој вака не ја извади топкава од гол сезонава во Италија. Сега имаат 56 бода, исто колку Милан и ќе биде мртва трка до крај за четврто место.

Две измени во Јапонија, во игра двајца браќа Македонци

Ако треба да се одбере многу ретко видена сцена или можеби невидена до сега во фудбалот тоа е оваа. Јапонски фудбалски натпревар на кој во исто време и двете екипи прават измена и ставаат во игра двајца браќа и тоа од Македонија.

Нестогол проигрува, Трајковски гаѓа од 20 метри

По пауза од месец и половина, Александар Трајковски погоди за Палермо. Акцијата ја створија двајцата Македонци во 14 минута, но радоста траеше само една минута, бидејќи Падова која е на дното на табелата израмни на 1:1. Уште 4 кола во Серија Б каде Сицилијанците водат тешка битка за една од првите две позиции кои водат директно во прва лига.

Ретко некој вака да се прошетал на Олд Трафорд во ера на Ферги

Легендарниот Бразилец Кака кој се прослави во Милан денеска полни 37 години. Тешко дека има навивач на Росонерите кој не го памети овој уникатен соло продор со кој ја уништи одбраната на Јунајтед. Ова е сезоната кога го освоија трофејот во финале со Ливерпул, а видеово е од полуфинале. 

34 години сонуваа за овие моменти

Фудбалерите на ПАОК конечно успеаа да разбијат монотонија малце во грчкиот шампионат каде само во последниве 23 години Олимпијакос освои 19 титули во домашното првенство. ПАОК стигна до третата титула во својата историја на која чекаше од 1985-та година. Солун не спиеше.

42 трофеи освои, нормално дека ќе плива на суво

Со победата против Монако и освојувањето на титулата во Франција, Дани Алвеш стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. И после како да не се глупира во соблекувална, па не Роналдо и Меси, туку никој друг нема толку.

Михајловиќ ја држи Болоња прва во последниве 7 кола

Тренерската смена знае често, многу често да упали кога ќе дојде густо, а последен таков пример е оној со Синиша Михајловиќ кој откако го замени Филипо Инѕаги, вади резултати како никој во Серија А.

Дриблинг за кој не помага и боречки зафат

Хан Карлос Хуртадо е за нас тотален анонимус, бидејќи е од Венецуела, роден 2000-та, а игра за аргентинскиот прволигаш Гимназија. Малиот изведе нешто невидено до сега, а противникот џабе се реши на борење. Прво појма немаше каде е топката, а Хуртадо барем успеа да ја подаде на свој човек.

Загревањето на голманот на ПСЖ

Килијан Мбапе не е единствениот фудбалер на ПСЖ со атлетска душа и способност. Сте го виделе ли голманот што им работи? Ама не Џиџи Буфон, туку Алфонс Ареола. На скок со стап може да го пратат и тоа директ на Олимпијада.

Килијан Мбапе, 50 метри со пречки за 5 секунди

Хет-трик за Мбапе против Монако, титула за ПСЖ на пет кола до крај и 30 голови за младичот со кои го израмни рекордот на Анри на најмногу постигнати голови во една сезона на еден француски фудбалер. Него нас друго ни е муабетот.

Хегемонија на владетелот кој 8 години е на тронот

Со триумфот од 2-1 против Фиорентина, Јувентус по 35. пат стана шампион на Италија. Ова е 8-мо скудето на Јуве по ред и тоа е рекорд не само во Серија А, туку и во сите Топ-5 лиги во Европа.

Легендарното загревање на Марадона

Пред 30 години Наполи го освои Купот на УЕФА, единствениот меѓународен трофеј во историјата на клубот. Во финале го совладаа Штутгарт, а на денешен ден играа во полуфинале со Баерн Минхен. Додека во позадина се слушаше познатиот хит „Live is Life“, Марадона се загреваше во ритам и правеше шоу со топката.

Ај оди лечи се

Еден, двајца, па тројца со се голманот и тоа со лудачки финти. Таму е крајот на салата, инаку да имаше место и голот ќе го издриблаше и ќе тераше уште.

Алибито со повредени не им држи против Ајакс

Се сеќавате ли на Даниеле Адани? Пензиониран е пред 10 години, а исто толку време работи како телевизиски аналитичар. Свое видување даде и за шокантната елиминација на Јувентус од Ајакс.

Во Холандија ќе мирува цела лига додека Ајакс игра со Тотенхем

Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.

И ние имаме наши Жоао Феликс, ама ги држат на клупа

Поттикнат од големиот португалски талент, читател ни испрати фантастично видео од син му, ама со поплаки за тоа како е третиран во клубот за кој гази. За жал поинаку и не очекувавме во оваа тажна Македонија. Ајакс таквите ги држи и ги негува, а ние ги бркаме.

Го повреди резервниот играч кој влезе место него во игра

На мечот Остерс - Дегерфорс во шведска втора лига, во 82’ минута гостинскиот тренер го внесува во игра Озѓун наместо Линдал. Но во моментот на стандарден поздрав додека едниот излегува од игра, а другиот влегува, Линдал несакајќи му брцнал прст во око на Озѓун. Овој веднаш бара интервенција, стои неколку минути надвор од теренот и се враќа дури во судиско продолжение. Мечот завршува 1-1.