Фудбал

Рони О’Саливен ги луфтираше нозете на сред натпревар

Најдобриот снукер играч на сите времиња неодамна стигна до осмата шампионска титула. На еден од натпреварите камерите го уловија во необична комотна положба.

29 години од кунг-фу ударот на Ерик Кантона

Легендарниот француски фудбалер верувале или не во моментов тера активна и успешна пејачка кариера. За април веќе му се закажани концерти во Велика Британија и Република Ирска. Ќе настапува во Лондон, Манчестер, Лидс и Њукасл.

Барселона сезонава 3 пати прима гол во првите секунди

Шампионот на Шпанија игра променлива сезона. Испаднаа од Кралскиот Куп од Атлетик Билбао, во Ла Лига заостануваат 8 бода зад Жирона и 7 зад Реал Мадрид но имаат меч помалку од Жиронците. Каталонците сезонава за првпат во клупската историја примале гол веднаш по судиската свирка за почеток.

Кога ќе го начекаш царот Меси на семафори

Лионел ужива во Мајами. Ем што има бројна аргентинска дијаспора, ем што во екипата покрај Алба и Бускетц му дојде и најдобриот другар Луис Суарез. Секогаш е расположен за муабет со навивачите па макар и од возачко седиште.

Мауританиа е во транс и го слави по улици првото осминафинале во историјата

Јануари месец излезе преполн со спортски настани. Од ЕП во ракомет, Австралија опен, Куп и Супер Куп битки колку сакаш, па сè до Африкански Куп на нации каде се случуваат сензации.

Поранешен тренер на Динамо направи хаос со Баерн Минхен

На заостанатиот меч од Бундеслигата меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин кој баварците го добија минимално 1-0 со голот на Рафаел Гуереиро во 46’ минута, гостинскиот тренер Хрватот Ненад Бјелица доби црвен картон во 74-та минута откако го удри фудбалерот на Баерн Лирој Сане.

Вонсериски волеј на Ди Марија кој ќе конкурираше за гол на сезоната во Португалија

Бенфика треба многу да жали што е елиминирана во полуфиналето од португалскиот Куп од Есторил на пенали, посебно Анхел Ди Марија. 35 годишниот Аргентинец за влакно не постигна голчиште и пол и тоа при резултат 1:1 во истекот на последната 96-та минута, кое ќе беше сигурно во топ 3 во неговата кариера.

Две големи утки на Јамал, кобни за елиминација на Барса

По елиминацијата на Реал во осминафинале и Барселона ја завршува сезоната во Копа дел Реј. Каталонците загубија 4:2 во продолженијата од Атлетик Билбао, а во регуларниот дел при резултат 2:2, 16 годишниот Ламин Јамал имаше две чисти шанси за да го однесе својот тим во полуфинале. Во вториот обид празен гол промаши.

Нов гол на Миовски, број 17 сезонава

Абердин е дефинитивно зависен од македонскиот центарфор, кој безмилосно ги тресе противниците во Шкотска речиси на секој меч.

Како се поминува кај редар на Куп на африкански нации

На Купот на африкански нации во Брег на Слонова Коска полека привршува групната фаза а таму навивачите видоа сè и сешто, од драми и голови во длабоко судиско продолжение до неверојатни пресврти. Социјалните мрежи дискутираат и за тоа како на врата се прегледуваат жените. Од жена очигледно, не како што на прв поглед се мисли.

Џејмс Милнер го надмина Рајан Гигс на вечната листа

Некогашниот англиски репрезентативец, 38-годишниот Џејмс Милнер уште игра на највисоко ниво, во Премиер лига, за одличниот Брајтон. На мечот во понеделникот вечер против Вулверхемптон, Милнер се искачи на високото второ место на вечната листа во Премиер лига.

Мане еднаш во сто пати промашува ваква шанса

Сенегал ја победи Гвинеја со 2-0 и убедливо со три победи и 9 бода оди во осминафинале на Купот на Африкански нации. Капитенот и лидер на репрезентацијата Садио Мане промаши нешто што скоро никогаш не го промашува.

Килијан не се презивал Мбапе, а ниту Ембапе, сам ќе ви објасни

Француската мега ѕвезда, која на само 19 години стана светски првак, им направи проблем на сите новинари кои ќе сакаат да бидат прецизни во теркот, „Се пишува, како што се изговара во родната земја“.

Инвазија на Кинези во хотелот каде спиеше Роналдо

Ал Наср отпатува на турнеја во Кина каде требаше да одигра неколку пријателски натпревари, ама ја одложи поради повреда на Кристијано Роналдо. Кога разбраа неговите фанови, упаднаа во хотелот каде престојуваше нивниот идол, а тој им се извини на прес.

Финалето на ЕП 1968 меѓу Италија со Џиџи Рива и Југославија со Драган Ѓаиќ кое се играше два пати

И покрај тоа што клупската кариера ја мина во Каљари, Џиџи Рива важеше за големо и многу почитувано фудбалско име, како и еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Не за џабе цели 23 години не беше чепнат од позицијата тим менаџер на Италија.

Ново контроверзно видео на кралевите, овој пат од Винисиус

Не стивнуваат реакциите од хаотичното судење на мечот меѓу Реал и Алмерија кој домаќините го добија 3:2 после негатива од 0:2. Се појави нов клип кој предизвика многу коментари и на кој се гледа како Винисиус игра валкано со лакт. Од ВАР сигнализирале прекршок, но откако главниот судија побарал да провери, судиите во ВАР собата замолкнале.

Како на времето со Пандев, така и сега со Симеоне, Мацари ги бојкотираше наградите

Интер е освојувач на пехарот во италијанскиот Суперкуп одигран во Ријад, Саудиска Арабија откако синоќа со гол во 90+1’ минута од судиското продолжение на Лаутаро Мартинез стигна до заслужен триумф над Наполи.

А фелшот на Жоао Феликс во 90-та минута?

На многу натпревари викендов паднаа многу голови. Меѓу мајсториите кои можеа да се видат, она што не се пропушта е потегот на Жоао Феликс со кој Барселона поведе на гостувањето против Бетис на 2:3. Префинет мајсторлук и елеганција има во ваквите погодоци.

Секој башка будала

Во турскиот фудбал нема мирен викенд. Или има некоја тепачка и прекин или има чудни судиски одлуки или нешто трето. Сега после мечот од втората лига на Турција меѓу Генчлербирлиги и Сакарјаспор кој домаќините го добиле 3:1, гостинскиот фудбалер Мурат Џем Акпинар решил на судијата Јасин Авџи да му се направи паметен па заслужено си доби втор жолт и црвен картон.

Најчудниот гол месецов падна во Шпанија

Осасуна го совлада Хетафе 3:2 со голот на Хесус Аресо во 80’ минута од мечот. Чудна траекторија фати топката па не ја бранеа ни двајца голмани.

Хет-трик на Довбик за 6 минути, Жирона не застанува

64 години не се случило некој во Шпанија да постигне три гола во првите 19 минути од мечот. На Украинецот Артем Довбик тоа му успеа во 13, 15 и 19 минута, откако Севиља поведе 0:1 во 10 минута. Циганков и Стуани постигнаа уште два гола во вториот дел за победа од 5:1 и пласман на Жирона на прво место, со бод повеќе од Реал кој има натпревар помалку.

Интересен совет на третиот голман на Јуве за Филип Костиќ

На полувремето од мечот меѓу Лече и Јуве кое заврши без голови, камерите во тунелот го фатиле Карло Пинсољо со муабет, кој мислевме дека е повеќе некоја селска филозофија, а не муабет за во една Серија А. 

Грабежот на судиите и Реал Мадрид за неправеден пресврт

Реал Мадрид штотуку го освои шпанскиот Суперкуп откако ја разби Барселона и се врати на обврските во Ла Лига, а таму на мечот со Алмерија се случија неколку тешки судиски грешки и „кралевите“ после убедлива негатива 0:2 на полувреме, на крај славеа 3:2.

Пас игра на Интер како по ноти

60% посед на топка, 23 удари од кои 7 во рамки на гол, наспроти 0 удари во гол на Лацио. Интер не само што славеше убедливо 3:0 во полуфиналето од Супер Купот на Италија, туку и тотално ги надигра Лацијалите. Финалето против Наполи е вечерва со почеток од 20 часот. Погледнете ги како везеа и тоа при решен натпревар.