Фудбал

Циркузантска изјава на Гатузо за новото засилување од Џенова

Добро што Џенаро Гатузо после играчката се фати за тренерска кариера, инаку немаше да биде толку интересно без него. Како велат „што на ум тоа на друм“.

10 малку познати факти за Гонзало „Пипита“ Игуаин

Аргентинскиот центарфор потпиша договор со Челси и веројатно го направи најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок. Што знаеме за него?

Што има да каже Карло Анчелоти за Мајкл Џордан

Бидејќи знаеме што би рекол ако го прашаат за Меси или Роналдо, фино би било да чуеме како фудбалски стратег што ќе каже за кошаркар или поточно за најдобриот на сите времиња. Добар муабет на мустрата, нема што.

Поштено и чесно од Генгам

На 19 јануари во меч од Лига 1, ПСЖ со неверојатни 9-0 го прегази последнопласираниот Генгам. После мечот, на твитер сметката на Генгам напишаа „Подобро еднаш да изгубиш 9-0 отколку девет пати по 1-0.“

Од каде потекнува уникатниот гест на Роналдињо со рацете

Од Хаваи, преку Калифорнија до Кина, на различни места и култури оваа гестикулација означува различни нешта кои ги обединува гест на добра волја.

Е мој Ведран, главо празна

Утрово по наше време играа Бризбејн Рор и Вестерн Сиднеј Вандерерс во австралиската прва лига и мечот заврши 2-2. Гостите водеа 1-2 до 90+6’ минута кога гостинскиот голман Хрватот Ведран Јањетовиќ направи глупост после која примија гол.

Најдобрите 6 асистенции на Чави во Ла Лига

Легендарниот фудбалер на Барселона денес полни 39 години. Во негова чест, Ла Лига објави видео со највиртуозните негови асистенции за гол.

Девет години од мајсторијата на Пандев на миланското дерби

Додуше ова беше на вчерашен ден 24 јануари 2010-та, ама слаткото е што ова незаборавно голчиште од нашата најголема фудбалска ѕвезда, го има на Јутјуб со знакчето на Телма и незаборавниот глас на Бранко Илиевски со кој ги проследивме најубавите години од Серија А. Пандев стави потпис во тимот на Мурињо 20 дена пред ова дерби, а тука има 26 години.

Кој бил Џузепе Меаца?

Миланската фудбалска Скала е позната како „Сан Сиро“, но властите на градот во 1980-та година решаваат да го преименуваат по најголемиот фудбалски феномен на Италија до тогаш, а можеби и до денес.

Голш

Што е ова? Асистенција од Лордот Никлас Бендтнер до Стеф Кари или асистенција од Стеф Кари до Лордот Никлас Бендтнер?

Како Тиери Анри ја загуби соблекувалната на Монако

Легендарниот француски напаѓач во Монако ќе биде запаметен како извонреден играч и катастрофален тренер. Клубот синоќа соопшти дека го отпушта и дека денешниот тренинг ќе го води неговиот помошник. Тренерско деби од 104 дена за заборав. Играчите се жалат дека лошо ги третирал и форсирал свои деца.

Зошто Челси и Тотнем шутираа пенали без да важи правилото за гол на гости

Во реванш мечот од Лига Купот на Англија синоќа Челси дома го победи Тотенхем 2:1 (првиот меч заврши 1:0 за Спарси). Ако некој си легнал по крајот од мечот мислејќи дека Тотенхем оди во финале поради голот на гости, се излажал.

Она кога сам на себе ќе си ја додадеш

Бекот на Челси, Емерсон најдобро намерно и несебично сакаше само да ги проигра колегите, арно ама знаете на крај на кој му ја даде топката? На Емерсон. Кој ве врти, сам ќе се пробијам по лево што не ја сакате.

Почетино до новинар: „Те гледам почесто од жена ми“

Аргентинецот не само што е одличен стручњак кој од година во година вади нови деца и со Тотенхем редовно е на врвот, туку има и добар смисол за хумор.

Пеналот на Ристовски за финале на Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се пласираше во финалето на Лига Купот во Португалија откако со Спортинг ја совлада Брага на пенали со 4:3. Пенал серијата почна ужасно со дури пет утки по првите три изведени серии. Промаши и неговиот колега Нани, а Рики шутираше претпоследен. Во финале ќе играат со Порто кој во другото полуфинале ја елиминираше Бенфика.

Ајакс го купил Де Јонг 1 евро, а го продаде за 75 милиони евра

Најсмешно од сè е што комшиските клубови Вилјем Втори и Валвајк со години соработувале ортачки, но процентот кој требал да се земе од Ајакс за трансферот на Френки Де Јонг направил цел циркус.

Најубавите 5 гола на Пјонтек уште од родната Полска

Полјаците се во еуфорија откако вториот нивен расен стрелец по Аркадиуш Милик (11 гола за Наполи досега сезонава), ќе игра во голем клуб. Кшиштоф Пјонтек (13 гола за Џенова) дарбата за решетање ја имал уште во тамошната лига.

Како почнал со фудбал чудесниот Френки од Ајакс кој потпиша со Барселона

Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.

Најмладиот македонски менаџер кој лови таленти и контактира со Мијатовиќ и Мамиќ

На фудбалска мапа на Европа најмногу се знае и пишува за моќните Хорхе Мендез и Мино Рајола кои дрмаат со јаки трансфери, но ние ќе ја ви пренесеме приказната за едно наше, многу амбициозно дете кое на само 23 години почнува да отвора големи врати и да седи на иста маса со големи имиња.

Се бришел со пешкир од Милан, сега дресот ќе им го носи

Одиш на базен и дете ко дете носиш пешкир од некој славен клуб кој е ин или од оној за кој навиваш. 12 години потоа истиот тој клуб те плаќа 35 милиони евра за да играш за нив со договор до 2023-та година.

А како поинаку во Бразил?

На мечот на кој за Фламенго како позајмен играч заигра толку озборуваниот Габигол, неговиот соиграч Енрике Дурадо постигна маестрален гол за 1-1 против Ресенде.

Ич не изглуми, муабет му вадат

Се сеќавате ли на Габриел Барбоса, познат како Габигол? Дечкото од што се покажа во Интер ене го сега во Фламенго на трета позајмица во трета сезона после Бенфика и Сантос. На 22 години да се глупираш вака срамота е. На Копакабана ќе завршиш.

Нејмар му ја сокри топката на противникот

Со головите на Кавани и Ди Марија, ПСЖ синоќа го совлада Стразбур со 2:0 во Купот. Еден од противниците фати да го клоца Нејмар, еднаш, два пати, три пати. Овој се изнервира и му направи “мајмунеееее“.

Фудбалерот од кого Зидан научил многу и по кој го крстил најстариот син

Денес е тешко да се поверува дека еден цар како Зизу сите потези ги ископирал од еден малку познат латиноамериканец кој на крајот решил да остане романтичар и да не тргне по патот на славата.