Фудбал

Нов гол на Миовски за Ренџерс, во форма пред баражот со Данска

Ренџерс го искали сиот бес против Квинс Парк во осминафинале на шкотскиот Куп и славеше со историски 8-0. Бојан Миовски го постигна седмиот гол на натпреварот, со глава во 80' минута. Сезонава Македонецот има 9 гола и 5 асистенции на 38 натпревари за трофејниот Ренџерс.

Нова генијалност на Лионел Меси

За време на пријателски натпревар меѓу еквадорска Барселона и Интер Мајами на стадионот „Монументал Банко Пикинка“ во Гвајакил во Еквадор, Лионел Меси направи мајсторија и постигна прекрасен гол, а после асистираше и за вториот гол на неговиот тим. Кога излезе од игра за да влезе Луис Суарез, Меси добил овации од цел стадион.

Редари бркаа верверичка во англиска лига

За време на средбата Хал Сити - Бристол Сити од англиски Чемпионшип кој гостите го добија 2:3, една верверичка два пати влегла на терен и го прекинала накратко натпреварот на „МКМ Стадион“. Сите редари и деца задолжени за топката пробуваа да ја фатат и не можеа.

Ова како да е некој друг Јунајтед - акција по книга на Манчестер

Откако претходно го совлада големиот ривал Манчестер Сити 2-0 па нанижа уште два триумфи, Јунајтед во дербито го совлада и Тотенхем со 2-0 па сега е четврти на табела со 44 бода, еден пред Челси кој има 43 и три бода помалку од Астон Вила која е трета со 47.

Првиот кој му се сипал на Адама Траоре

Во финишот од дуелот Челси - Вест Хем кој заврши 3:2, шпанскиот фудбалер со африканско потекло Адама Траоре, познат по своите големи бицепси и развиено тело, го фати левиот бек Марк Кукуреља и го фрли на земја како да е вреќа. Веднаш во заштита на соиграчот скокна Бразилецот Жоао Педро но не му беше пријатно кога Траоре и него му се сипа.

Најлудиот гол на магионичарот Фалкао

Бразилецот Фалкао без дилеми е најдобриот футсал играч на сите времиња. Бразилецот постигна 401 гол на 258 настапи за Бразил, освои Светско првенство во 2008 и 2012 година и дури четири пати беше именуван за најдобар футсал играч на светот. Уште го држи и рекордот по број на постигнати голови на Светски првенстви (48). Не може да се одвои кој негов потег беше најдобар ама еден слободен удар ќе се памети долго.

Врвен деби настап на 38 годишниот Бензема за Ал Хилал со хет-трик

Постигна 354 гола за Реал Мадрид и се изнаосвои трофеи. Но, никогаш не се презасити и веќе има фантастични 60 гола како ветеран во Саудиска Арабија.

Сони Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, го развалија Бетис 0:5

Атлетико Мадрид е нов полуфиналист на шпанскиот Кралски Куп откако синоќа до врв ја наполни мрежата на Бетис и славеше 0:5 на тешкото гостување. Тимот на Диего Симеоне игра топло-ладно сезонава, но синоќа го искали во Андалузија сиот насобран бес од некои неуспешни натпревари. Деби гол имаше и новото скапоцено засилување од Аталанта, Адемола Лукман кој дојде за 35 милиони евра плус бонуси и кој постигна гол за 0-3 во 37-ма минута. Еден од головите на Атлетико беше после маестрална акција.

Бомба на Барди од 20 метри

Коњаспор со 5-0 го декласираше третолигашот Алиага во Купот на Турција, а во листата на стрелци се запиша и Енис Барди. Капитенот на Македонија ја опали квалитетно и го запиша првиот гол за оваа година или вкупно петти сезонава.

Песна за Роналдо од татко му на Леао

Ајде малку петочки во ритам со татко му на Рафаел Леао, Франк Леао кој компонираше песна во чест на роденденот на Роналдо кој вчера наполни 41 година. Не знаеме за вас, ама нас вака ни се слуша рефренот: Кристијано о Ристе Роналдо :).

Два можеби најлуди гола некогаш видени

Првиот гол е на Миралем Пјаниќ на дуелот Јувентус - Болоња уште додека Кристијано Роналдо играше за Јуве, на 18-ти октомври 2019-та. По една неверојатна гужва во шеснаесетникот на Болоња, Пјаниќ постигна гол за 2-1.

Во историјата на фудбалот немало ваков пенал, коментаторите се смееја

Хрватот Дује Чалета-Цар од Реал Сосиедад, направи нестварен пенал на мечот против Алавес во Купот на Шпанија. При водство од 2:1 за неговиот тим, му го соблече дресот на противникот и му го стави на лице да не може да гледа. Судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР по што му даде жолт картон. Гостите промашија и го загубија мечот со 3:2.

Пакета на деби во Бразил доби жолт картон во 4' минута

Бразилскиот трофеен клуб Фламенго му плати на Вест Хем 42 милиони евра и тоа е најскапиот влезен трансфер во историјата на бразилскиот фудбал. Пакета на 28 години се враќа дома во татковината по настапите за Милан, Лион и Вест Хем во Европа. Имаше секаде сјајни настапи но пред крајот на престојот во Лондон го обвинија дека наводно намерно правел жолти картони а негови пријатели и роднини во Бразил се кладеле на тоа. На крајот судот не најде никакви докази, го ослободи од секаква вина. Пакета дебитираше за Фламенго и доби жолт картон во 4' минута против Интернасионал.

Брат за брат, асистенција за гол

Валенсија имаше активен резултат во четвртфиналето на шпанскиот Кралски Куп против Атлетик Билбао се до последните секунди од мечот кога Ињаки Вилијамс на асистенција на 6 години помладиот брат Нико Вилијамс постигна гол за 1-2 и победа. Столе Димитриевски одбрани пенал во 75' минута но на крајот Валенсија испадна од Купот.

Голчиште на Ендрик, топ му оди во Лион

Лион го совлада Лавал и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Франција. Отпорот на второлигашот го скрши Ендрик во 80-та, кој го пробуши голот со силен удар. 19 годишниот Бразилец е во фантастична голгетерска серија откако Реал го испрати на позајмица. Од дебито на 11 јануари има постигна 3 гола во првенство и 2 во Куп.

Фантастично одбранет пенал на Столе Димитриевски

Голманот на Македонија одново покажа зошто заслужува поголема минутажа во Валенсија. Фати пенал во четвртфиналето од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао и тоа во 75 минута при резултат 1:1. Но, сепак Валенсија не издржа до крај и прими гол во 96-та минута. Во полуфинале ги однесе Ињаки Вилијамс.

Одличен гол на Бојан Миовски, висок триумф на Ренџерс

Се вжешти трката за титулата во шкотскиот фудбалски шампионат. Хартс загуби, Миовски погоди, Глазгов Ренџерс победи.

Мато за драматичниот трансфер: „Снемав интернет, па немав како да му кажам на Вардар“

Одличниот 22-годишен крилниот напаѓач од Уганда, Рожерс Мато прво му донесе есенска титула на ФК Вардар со врвни игри, 12 гола на 13 натпревари и бројни асистенции па неминовно беше да замине во поголем клуб. Неговиот договор го откупи изненадниот лидер во шкотски Премиершип, Хартс.

Голот во 90+7' минута кој го однесе Арсенал во финале

Арсенал уште е активен на сите четири фронта. Синоќа обезбеди големо финале на Лига Купот откако на реваншот од двомечот со Челси го совлада големиот ривал со 1-0. На првиот меч „топџиите“ славеа 2:3 на „Стемфорд Бриџ“. Синоќа немаше голови сè до седмата минута од судиското продолжение (90+7') кога Кај Хаверц, германскиот репрезентативец го реши победникот со гол од контра.

Страшна левица на Асенсио

Фенербахче го совлада Кочалиспор, каде игра Чурлинов, со 0:2. Машала, Марко Асенсио го има можеби голот на месецот во Турција.

Барселона спречи сензација и не баш лесно го совлада Албасете

Фудбалерите на Барселона избегнаа голем срам каков што претрпе Реал Мадрид и го совладаа второлигашот Албасете на гости 1-2 во четвртфиналето на шпанскиот Кралски Куп.

Кога требаше да се соочат Карлос и Кан, ама се сменија плановите

Сега појасно ли ви е како на времето се мамеа врвни голмани од рангот на Оливер Кан?

Сè за љубов

Необичен прекин се случи на мечот меѓу Славен Белупо и Вараждин. Кога судијата свирна, на никој не му беше јасно што се случува. Македонскиот дефанзивец, Марио Младеновски влегол на терен со бурмата.

Какви спомени: Барселона игра против Албасете 20 години по првиот гол на Меси

Откако на 14-ти јануари го направи најголемото чудо сезонава во шпанскиот фудбал и со 3:2 го елиминираше големиот Реал Мадрид од Кралскиот Куп, Албасете вечерва лови нова сензација. На гости им доаѓа страшната Барселона, лидер во шпанска Ла Лига.