Фудбал

Мал фудбал на денот

Се случува вакво нешто обично пред крај на термин, кога се изморени и едните и другите.

Чудниот ритуал пред секој прекин

Нешто налик ринге-ринге-раја, со тоа што голманот не знае од кај ќе му дојде топката и кој ќе му шутира. Зезнато ај ти.

Фоден, Белингем и Саутгејт играат без да тапне

Фил има 23 години, Џуд 20, а нивниот селектор 53. Кој би рекол? Па како да тренираат тројца репрезентативци на Англија. Плус шланг е човекот.

Голманиште број 1 во Македонија

Спиете ли мирно Џиџи Буфон, Франческо Толдо, Џанлука Паљука, Оливер Кан, Мануел Ноер и Столе Димитриевски?

Срдечна средба на Ибра и Пикси

„Да не ти треба играч?“ му се понуди Златан на Стојковиќ после пријателската која Србија ја доби на гости против Шведска со 0:3. Му посака среќа на Европското и му порача дека важно е да има дисциплина во тимот, а овој се сложи со него и рече дека е добро што нема повредени. Инаку шведската легенда додаде дека ако го ставеле, ќе можел да одигра 20 минути.

Шведска му се поклони на Златан Ибрахимовиќ

Една година откако и стави крај на играчката кариера во Милан, Ибракадабра и официјално беше испратен и во репрезентативна пензија со шоу организирано во својата земја.

Мурињо со прашања до Чет Џи-пи-ти

Фенербахче многу добро знае каков шоумен донесе. Тренер со кој е доста забавно и надвор од тие 90 минути фудбал. Клубот веќе почна да снима штосни видеа со него.

На јако видео налетавме

Автобуска прослава после Бари 1991. Роби ѕенѕа во позадина, а Дејо и Миха урлаат на микрофон. Бесценети моменти.

Фудбалскиот летен празник со преноси на МТВ

17. издание на Европските првенства кое ќе ни го разубави летото и ќе ни ја зголеми желбата за пиво, ќе се одржи со 24 земји учеснички, во 10 германски градови,  во периодот 14 јуни - 14 јули и со преноси на МТВ. Загревајте се за спектакл.

Кои се најскапо а кои најслабо платени селектори на Европското?

Селекторите на Хрватска и Србија заработуваат повеќе годишно од селекторите на Данска, Шпанија, Унгарија и многу други. Вили Сањол направи чудо со Грузија но остана на дно по заработки од селекторите на Евро 2024.

Ал Ахли, тимот кој знае само да победува и брои 151 трофеј во 117 години

За да нема забуни, уште на старт да расчистиме. Не е ова Ал Ахил од Саудиска Арабија каде игра Џани Алиоски, туку Ал Ахил од Египет. Освои Лига на шампиони во Африка, по 20-ти пат во историјата.

Египетско додавање на денот

Во квалификациите за Светско првенство 2026, Египет со 2-1 ја победил Буркина Фасо. Египќаните уште до 6-та минута воделе со 2-0 а имале и други шанси за поубедлив триумф. Особено после оваа акција со невозможен пас.

На баци нога кај Тони

Да, до толку вреди Тони Крос, архитектот во играта на Реал Мадрид во изминативе 10 години. Нозете му ги бацуваа Рудигер и Винисиус, ама буквално.

Чекај да видиш што за нив значи Европско - па генијално видео

Англичаните гаат посебен култ кон Европските првенства. За нив тие се месец дена право уживање, драма, ролеркостер. Во Германија доаѓаат како еден од главните фаворити за титулата. Во силен состав. А ФА пушти промотивно видео за избраните кои ќе патуваат на Евро 2024. Симболично со алузија на сечие име и презиме од нив. Врв!

Како Анчелоти би ги уклопил ѕвездите и каде би играл Мбапе?

Искусниот италијански стратег никогаш не зборуваше за Мбапе, бидејќи упатствата беа јасни, ниту збор сè до моментот на официјализирање на трансферот. Карло е на одмор, прес конференции нема и за сега сè се сведува на медиумски шпекулации за тактичките дилеми кои му се отвораат.

Абе место некое германско пиво и скара да му дадете, вие

Најголемата легенда во Вердер Бремен, бразилскиот буцко кој го имаше најдобриот мрзлив дриблинг на свет, сега дошол во овој германски град да се види со пријателите од клубот на кој сензационално му донесе шампионска титула. И му дале да проба да рогне топка преку кровот на стадионот „Везерштадион“.

Кун Агуеро заигра фудбал на ревијален натпревар па ќе се степаше

Легендарниот аргентински центарфор кој правеше дар-мар во дресовите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити на кој му донесе титула чекана неколку децении, во 2021-ва се повлече од фудбалот поради сериозни кардиолошки проблеми. Агуеро паузираше досега а сега докторите му дале дозвола да игра фудбал па отишол на еден ревијален турнир каде се игра 7 на 7 во организација на Манчестер Сити во Северна Каролина. Дал гол но и ќе се степал за малку поради остар старт.

Мајсторија на Ериксен на стадион каде се бореше за живот

ЕП 2020 поради пандемијата се одигра летото 2021-ва кое ќе го паметиме вечно поради деби настапот на Македонија. Се играше во периодот 11 јуни - 11 јули во 11 градови и 11 држави за да се одбележи 60 годишнината. На стадионот Паркен во Копенхаген имаше страшни сцени откако се онесвести капитенот на Данска, Кристијан Ериксен. Три години подоцна ја реши пријателската против Шведска со убав погодок на 4 минути до крајот од мечот.

Надреална сцена во Перу

Нема да видите денеска појак дуел еден на еден во фудбал. Прснавме на глас од смеење.

И ја сокривте топката на Андора а?

Шпанците беа најефикасни на синоќешните пријателски средби, а противникот им се викаше Андора, на која и пукнаа петарда. Хет-трик на Микел Ојарзабал. Издвојуваме еден од неговите голови, пред сè поради велелепната акција.

Паметен судија пред време свири крај

Уругвај предводен од врвниот стратег Марсело Бјелса до врв ја наполнија мрежата на Мексико и победија 0-4 на пријателски меч игран во Денвер. Пред крајот на натпреварот главниот судија реши да свири крај пред време поради упад на мексикански навивачи на терен.