Фудбал

И Нејмар знаел да биде другар

ПСЖ ја затвори групната фаза со тоа што го нокаутираше турски Галатасарај со 5:0. На петтиот гол му претходеше интересен момент, многу поинаков од оној каков што имаа Кавани и Нејмар пред некое време.

Дете со што те ранат тебе?

Го пратите ли 19 годишното крило на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис? Ако не можете пуштите го на забавена снимка, бидејќи вака е тешко. Баерн има сигурен пласман во ЛШ, плус 3:1 против Тотенхем, а он му се сипа на Сон како да ќе нема утре. Каков е овој трк?

Кога Ноер ќе тргне во напад тоа е пола гол

Остај што тоа му е стил од кој не се откажува и што е ризик, туку тој кога ќе ја фати, сериoзно сака да тргне што понапред и да организира напад. Погледне синоќа што произлезе од неговата акција.

Бергамо не спиеше, градот е во транс за епското достигнување во ЛШ

Никогаш немаат освоено меѓународен трофеј, никогаш немаат освоено Скудето, никогаш претходно не играле во Лига на шампиони, а од ноќеска се во исто друштво со Реал, Баерн, Барса, Ливерпул и останатата европска елита. Бергамо е град со само 120.000 жители.

Сите фаворити згазија вечерва, за Атлетико тоа значи нокаут фаза

Шест натпревари - 18 голови на вечерашните средби од 21 часот во ЛШ. Атлетико Мадрид оствари очекувана победа за осминафинале, Баерн го доби дербито на вечерта против Мурињо, а Црвена Звезда остана без ЛЕ во 88-ма минута, откако претходно утна пенал.

Елиминација за Адеми, историско осминафинале за Аталанта

Со атрактивниот волеј на Даниел Олмо, Динамо по само 10 минути имаше надежен резултат за сензација против Сити, но потоа доживеа дебакл поради расположениот Габриел Жезуз кој оствари хет-трик. Во топ 16 патува и Аталанта и тоа во својата деби сезона во ЛШ.

Ди Марцио откри зошто Анчелоти доби отказ од Наполи

Односот меѓу трофејниот тренер и првиот човек на Наполи веќе некое време не биле баш најсјајни. Немале никакви конфронтации, освен што Де Лаурентис веќе подолго време сакал еден друг стратег да ги води „Аѕурите“ од Неапол.

Очекуван е коментарот на Елмас, кога свесен е без каков стратег останаа

Низ италијанските медиуми се појавија муабети дека дел од фудбалерите на Наполи плачеле поради заминување на Карло Анчелоти, што е и за очекување кога ќе размислиш дека имаа привилегија да ги води искусен лисец со три освоени титули во ЛШ.

Шампионе дојди едно селфи да направиме

Салцбург синоќа го загуби дуелот вреден осминафинале во ЛШ, ама за овој резервен играч на австрискиот тим не беше крај на светот. Не е секој ден Велигден европскиот првак да ти дојде на гости, па дојди Мане да се сликнеме за спомен.

Клоп му се извини на преведувачот

Иако беше апсолутно во право за замерката (многу преведувачи не познаваат фудбалска/спортска терминологија па буквално преведуваат на прес-конференциите), Јирген Клоп како прав џентлмен му се извини на преведувачот за тоа што јавно пред сите отворено го критикуваше пред мечот Салцбург - Ливерпул кој заврши 0:2.

Известување од доктор: Не ме барајте на гастро, вечер сум на стадион

Наполи синоќа првпат после 3 години ја мина групната фаза во Лига на шампиони и се пласираше во 1/8 финале, а за тоа му требаше поддршка од градот. Еден доктор ја затворил ординацијата за да оди на фудбал.

Колку значи да имаш јак голман во екипа

Ќе речат голманот во ракомет е пола тим, ама таа теза држи многу вода и во фудбал, особено во едно натпреварување како Лига на шампиони каде нијанси знаат да одлучуваат. Со Алисон Бекер на голот немаш зима. Дечкото е маестрален и сезонава, а два и пол месеци беше повреден.

Фото на денот

Иако реши да игра за земјата во која е роден (Шведска, Стокхолм), 19-годишниот Дејан Кулушевски кој во моментов важи за еден од најдобрите играчи во Серија А и кој е на радар на големите клубови, не заборава на своите корени.

Магарето Марсело и тепачка на играчите на Лион со свои навивачи

Во групата Г синоќа беше многу лудо. Дури три екипи имаа шанси за пласман понатаму и секој еден гол ја менуваше состојбата во групата. На крај најзадоволен Лион чии навивачи направија инцидент со своите играчи.

Наставничке утре не доаѓам на часови, треба да бранам со Наполи

Со само 17 години и 287 дена, голманот на Генк, Мартен Вандевордт стана најмладиот чувар на мрежата на натпревар од Лига на шампиони. Направи пар киксови, ама добро, така се учи и се станува врвен голман.

Голманот на Борусија има баш чуден ритуал

Што год да се случи, голманот на Дортмунд Роман Бурки не отстапува од својот чуден ритуал - да ја земе топката од кај судиите, онаа со која треба да се игра мечот, иако околу него има 100 други топки од двата тима. Што ли му е ова, дали суеверие дали нешто стварно верува којзнае.

Чудна утка на Салах, ама затоа после од кај го даде

Немаше синоќа некој еврогол во Лига на шампиони, ама затоа го имаше Мохамед Салах кој покажа колку немилосрден финиш има од позиција од каде не е баш нормално да се погоди.

Опааа кроз нозе и ушињата црвени

Беше критикуван дека е дебел па се тегнеше на позајмици во разни средини како КПР, Фулам, Милан, Џенова, ама ете го сега стандарден и стабилен во Бенфика каде ја импресионира УЕФА за да му го прогласи ова за потег на денот. Адел Тарабт од Мароко со финта како на маалски турнир.

Реакцијата на Де Јонг кога дозна дека Аjакс е елиминиран во ЛШ

Со нив беше три сезони, со нив се прослави, со нив освои титула, со нив стигна до полуфинале во ЛШ и од кај нив го направи можеби трансферот на кариерата во Барселона за 75 милиони евра. Затоа е оваа искрена емоција спрема своите.

17 годишниот Фати го исфрли Интер од ЛШ

И покрај тоа што играа со комбиниран состав без Меси, Каталонците ја освоија Меаца 1:2 со головите на Карлес Перез и Ансу Фати. Од разврската во другите групи профитираа Лион против Лајпциг кој од 0:2 стигна до 2:2 вредни осминафинале. Таму извиси Бенфика. Валенсија оствари голема победа против Ајакс на гости со што ги елиминираше Тадиќ и другарите.

Левицата на Алиоски работи и во вторник

Само три дена откако ја дувна со волеј и го реши Хадерсфилд на гости, македонскиот репрезентатиец Езџан Алиоски продолжува голгетерски и вечерва. Лидс го совлада Хал со 2:0, а Џани одлично прибра една топка која се одби од статива.

Елмас патува во осминафиналето на ЛШ со хет-трикот на Милик

Наполи и Ливерпул ја потврдија фаворитската улога во Е групата од Лига на шампиони и со сигурни победи против Генк и Салцбург ќе бидат дел од нокаут фазата од ЛШ која стандардно стартува во февруари. Елиф Елмас остана на клупа.

Крузеиро испадна од лига првпат во 98-годишна историја

Изминатиот викенд славниот бразилски клуб Крузеиро од градот Бело Хоризонте, кој беше еден од само 4 клуба кој никогаш не испаднале од првата лига, мораше да се помири со најтешките моменти во своето постоење.

Саша ти ли си бил бе друже, за дрес од Македонија што ти средивме

Што куцање имаме удрено од март 2012-та до сега на сајтов, што веќе не ни знаеме и нема шанси да запаметиме каков мастраф држиме во архива. Што ни е поентата? Па со генералниот секретар на КОНИФА сме правеле интервју и пред неполни шест години, ама кој да памти.