Фудбал

Кој го гледал грчкиот „Сам дома“?

ПАОК од Солун реши да се качи на возот во кој се возат современите европски клубови, па и да сними нешто сосема поинакво за празничната атмосфера.

Напад на пчели на фудбал во Танзанија, кој лежеше, кој избега

За време на Купот на Независноста во Танзанија меѓу Јанг Африканс и Иринга Јунајтед, илјадници пчели ги нападнале играчите и гледачите. Некои фудбалери експресно легнале на земја и ја покриле главата, а други фатиле џом. Судијата нормално го прекинал мечот накратко зошто и тој бил нападнат. Кога фудбалот продолжил да се тркала, Јанг Африканс славел 4:0.

Кантона: „Манчестер е како стар човек што се труди да води љубов“

Легендарниот шпиц кој важи за еден од најценетите играчи на Манчестер Јунајтед, редовно покажува љубов кон својот некогашен клуб, но е сурово реален.

Автоголот на годината го имаат Арапите

Секое друго решение ќе беше подобро од ова. Тројца на еден беа, лево имаше играч, а он панично како без памет. Дагауууу.

Правата причина зошто Арсенал кренал раце од Шчесни

Не е тоа дека го фатија како пуши цигари во соблекувална, ниту тоа што знаеше да направи по некој глуп кикс. Еве ја правата причина која била:

Клоп знае што може да направи една буква повеќе во англискиот јазик

Градскиот ривал на Ливерпул, Евертон доби нов тренер, а Јирген Клоп имаше што да каже на таа тема. Тргна, па сфати дека има разлика од i like him a lot и i liked him a lot.

Кога ќе ја исфрлиш од шеснаесетник, а ќе ја начека Сколс

Многу ценет играч кој вредеше злато да го имаш. Истово ќе ви го каже и Ферги. Може да му се случи да не блесне на некој меч, ама нема ни да го заебе. Беше задолжен да држи средина, ама кога ќе начекаше топка во негово поле за голманите немаше спас. Пред 13 години Астон Вила не го најде баш вистинскиот начин за расчистување после корнер.

Абе Марез, не си човек ни на наместен квиз да те прати

Скај Спортс на својот Јутјуб канал објави видео од гостување на фудбалерите на Сити, Менди и Ријад Марез. Алжирецот на прашањето кој играч ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, вели Давид Силва и Фернандињо. Ај за првиот што е одамна јасно и сам кажа, ама вториот беше во преговори за продолжување на договорот кој му истекува на лето.

Трој Дини, легендата на Вотфорд кој се опамети во затвор

Последната победа на Вотфорд во Премиер лига, против Манчестер Јунајтед минатиот викенд, донесе и пар интересни факти. Поврзани се со Трој Дини, најголемата легенда на Хорнетси.

Премиере, фудбал и рагби не е исто

Налетавме на видео на кое од прва не му верувавме дека е вистинско, а на него е сегашниот британски премиер Борис Џонсон. Еден од 984-те коментари вели вака: Јас со него ни пинг понг не би играл, смртоносен е.

Kлуб со газда преку океанот кој само го дели

Двојно поблиску се до зоната на испаѓање, отколку до четвртата позиција која носи во Лига на шампиони, а на 17 натпревари имаат постигнато 16 гола. Ваков Милан не паметиме откако гледаме фудбал.

Франција се прости со најверниот навивач кој живеел како пустински човек без струја и вода

На 9 декември починал најпознатиот навивач на фудбалскиот клуб Ница, Пол Капието, познат како „Овчарот“ (“Le Berger”). Скоро никој не знаел каде и со кого живее, ама тој не пропуштал да патува по 130 км за да ја гледа Ница.

Презимиња на дресовите на арапски јазик, жените добија дозвола за стадион

Фудбалерите на Лацио во рок од само неколку дена, по вторпат го демолираа Јувентус со 3-1, овојпат далеку од дома, во Саудиска Арабија, земја која што плати милиони за италијанскиот Супер Куп да се игра кај нив.

Нов гол на доктор Иниеста, никогаш не старее

Неговиот Висел Кобе во полуфиналето на јапонскиот Куп на Императорот, со 3-1 го совлада Шимицу Пулсе, а Андрес Инеста го отвори резултатот уште во 13’ минута. За трофејот Иниеста и другарите ќе се борат на 1. јануари во финалето на Купот.

После триумфот на Наполи, Елиф може и по пижами да шета

Тренерки, се шалиме. Иако ова што го носи најдобриот млад македонски фудбалер на враќање од гостувањето каде што по негов обид, домашниот играч Обианг си даде автогол против Сасуоло, подзаликува на новогодишна пижама. „Среќни празници Елиф“, му пишаа луѓето задолжени за маркетинг во клубот.

Овој Медел стварно нема памет

Го носи прекарот „Питбул“, што не е за фалење нели, а на терен и надвор од него има направено низа инциденти. Синиша Михајловиќ до вчера излезе од болница каде се бореше со смртоносна болест, а тој фати и со него да се тегне и оправа. Плус тренер му е.

Гест на колото во Франција

Во Италија гестот број 1 го направи Лукаку, а во Франција тоа признание оди кај Мбапе. Што се вика уште е дете, а веќе знае како со децата. Нема место за паника, мал е, ќе научи дека не смее друг пат да влетува на терен. Инаку можеби е прв кој успеал да добие автограм во книга на сред натпревар.

Шампиони или не, морам и пехарот да го проверам

Лацио синоќа го совлада Јуве со 3:1 во Супер Купот на Италија, а финалето се играше во Саудиска Арабија. Пехарот преку контролата на аеродром го пренесе Данило Каталди кој ја олади Старата Дама со голчиште од слободен удар во 94-та. А контролата е иста за секој, без разлика што носи в раце.

Елмас во 90+4' минута за славје на Наполи

Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.

Баерн има ново, непознато дете што влегува во игра и веднаш дава гол

Обично навикнати, кога се гледаат стрелците на Баерн да прочитаме Левандовски, Алаба, Кутињо, Милер, Перишиќ. На последните 2 меча 6 бода и тоа како вредни за титулата, му носи анонимен клинец.

Ау каков гол падна во Португалија

Во рамки на португалскиот Лига Куп, Виторија Сетубал одигра 2-2 против големиот фаворит Бенфика. Јунак на мечот беше Хелдер Гуедеш кој прво во 83' намали на 1-2 а после во 90+2' минута постигна гол за прераскажување против трофејниот гигант.

Лукаку се откажа од хет-трик за пеналот да го шутира дете

Има многу лакоми играчи за гол кој по секоја цена сакаат да билдаат бројки, а Ромелу Лукаку вечерва направи гест со кој докажа дека не е воопшто фудбалер од таков ков.

Ливерпул се искачи на светскиот трон

По европската титула освоена против Тотенхем и трофејот во Супер Купот против Челси, Црвените предводени од маестралниот Јирген Клоп остварија хет-трик со меѓународни трофеи во оваа календарска година. 

За химната на ЛШ царов се претвори во оркестар

За да не се збуните, уште на старт да расчистиме. Типов заменува петмина музичари и со помош на монтажа го има во видеово со пет различни дресови. Свири на четири виолини и една виола. Филхармонија на отворено.