Бразилска Маракана, легендарниот стадион денес слави 70 години од првиот одигран меч на 16 јуни 1950-та година. Првиот натпревар на новиот стадион го играле Рио и Сао Пауло. После неколку дена тука се играло четвртото Светско првенство во историјата.
Го критикуваат дека е многу груб спрема новинарите, дека е заебан спрема играчите на кои им мава заушки и перцепцијата за него е дека е секогаш намуртен и незадоволен. Ама ако му ги следите постапките, ќе забележите една многу човечна страна.
Според најновите информации, Бразил на 18-ти јуни го рестартира фудбалот. На легендарната Маракана каде има мобилни болници за заразени од КОВИД-19 треба да се сретнат Фламенго и Бангу и покрај пандемијата.
Купот на Конфедерации 2005-та мина во знакот на страшниот состав на Бразил кој во финале ја смачка Аргентина со 4:1, а стрелци беа Адријано (2), Кака и Роналдињо. На денешен ден го одиграа првиот меч во групна фаза против Грција кој го добија со 3:0. Серијата на голови почна со катапулт на Адријано.
Кралскиот клуб од карантин не се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“, туку на вториот клупски стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Кастиља. “Меренгес“' ја искористија паузата поради глобалната пандемија на најдобар можен начин, да влезат во голема реконструкција.
Го зема на 18 години, кај него се калеше 6 години, заедно се радуваа на 9 трофеи и големата меѓусебна почит им остана, што можеби и не е случај со Бекам кој доби копачка во глава. Поздравот на учителот за кој сите зборуваа после финалето на ЕП 2016. Безценето.
Требаше сега да се игра Европско, да пишуваме за Европско, да се сеќаваме на легендарни, луди и незаборавни моменти. Еден од тие е голот на легендата на Ливерпул Рони Велан на мечот Ирска - СССР, одигран на денешен ден на ЕП 1988.
Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.
Една од главните теми во мак фудбалот овој месец е наводниот интерес за купување на Вардар од страна на поранешен бугарски репрезентативец по име Благој Георгиев. Но, за Бугаринов и немаат баш добро мислење во Бугарија.
На дербито во данскиот фудбал меѓу Нордсјеланд и Копенхаген кој заврши 1:1, имаше промашен зицер на сезоната. По 36 минути игра, додека Копенхаген водеше со 0-1, домашниот играч Мадс Тикосен ја заеба физиката.
Центарфорот на Баер Леверкузен Лукас Аларио го има најнеспортскиот потег на сезоната во Бундеслига, откако на мечот против Шалке на гости направи голема глупост. Во 57' минута Чан Боздоган лежеше на трева, па негов соиграч од Шалке ја исфрли топката во аут. Кога продолжи играта Аларио се изглупира и злоупотреби едно непишано правило.
Ирачката фудбалска федерација, која што е под контрола на комитетот за нормализација на ФИФА, реши да ја суспендира тековната сезона поради глобалната пандемија но и со цел играчите да сочуваат сили за квалификациите за Светско 2022 во Катар. А сезонава таму паднале пар добри голови.
Пред две и пол години Арсенал го потпиша можеби најнеобичниот рекламен договор во Премиер лигата. Првпат во клупската историја тимот од северен Лондон на ракавите од дресовите стави реклама.
Мама миа, какво играчиште беше овој аргентински ас, кој преку Сампдорија и Парма, заигра во шампионскиот тим на Лацио 2000, каде беше еден од главните, а потоа продолжи во Интер, Манчестер Јунајтед, Челси...
Играчите може да протестираат кај судиите, ама од дистанца, бидејќи ако тоа го прават како до сега, апла ќе ја прекршат најважната мерка која е на прво место во цела планета.
Најдобриот фудбалер во Премиер лигата и најдобар играч на Африка, Египќанецот Мохамед Салах застанал на една бензинска во Саинзбури, близу Ливерпул. Бил облечен во клупска опрема, присутните го препознале и тој решил да плати бензин за сите што се затекнале на пумпите.
Викендов стартува шпанско, следна среда англиско, а Бундес тера веќе на велико. За вечер и утре имаме Јуве - Милан и Наполи - Интер, полуфинале на Куп, како вовед за Серија А закажана за нареден викенд. Тогаш ај да се спремиме.
Англискиот фудбал уште не се врати, ама клубовите играат пријателски натпревари. Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го прегазил Блекбурн со 6:0 и тоа без повредените Салах и Робертсон (двајцата имале ситни мали повреди).
Голот на деценијата на Гвангжу и веројатно најдобар во кариерата на Паулињо, по кој не им текна повеќе во Кина да му се бранат вака со само еден и единствен играч застанат како жив ѕид.
Еден од основачите на фудбалскиот клуб Барселона и нејзин долгогодишен претседател, Жоан Гампер среде пандемија со шпанска грозница кога луѓе умирале, основал комисија и тврдел дека активности на воздух се најдобри во справување со страшниот вирус.
Знаеме дека држат многу добар овчи кашкавал, ама не и дека стадионот им е збрцан во една ваква лепота. На прва помисливме дека ова е некаде во Исланд, а тоа да ти било Дебар.