Фудбал

Анри во 1 минута ја објасни утката на Каталонците што ќе останат без Чави

Уште во втората сезона им донесе титула и тоа со целосно разнишан клуб и играчки и финансиски, со скандали, големи раководни промени и во една нова ера без Меси. Пушти во оган еден куп деца кои сериозно се наметнуваат како иднина на клубот, а со нив го доби ПСЖ на гости со 2:3 и направи исчекор за пласман полуфинале од ЛШ. Човекот кој речиси цел живот и го посвети на Барса, не заслужи таков притисок под кој работеше, туку договор на долги стази со одврзани раце. Тиери во кратки црни ги има поентите.

Нејмар на дружба со ќерка му, игра покер

Најблиското семејство на прославениот Бразилец се собрало да одбележи шест месеци од раѓањето на неговата ќерка. Едно видео покажува како тој и на семејни собири нема гајле да игра коцка.

И после Ендрик Палмеирас има ново дете

Во 2. коло од групната фаза во Копа Либертадорес, Палмеирас лесно го совлада уругвајски Ливерпул Монтевидео со 3-1. Стрелец на третиот гол во 66-та минута бил Естевао Вилијан кој го постигнал така својот прв гол во професионален фудбал на само 16 години, 11 месеци и 11 дена и тоа на деби во елитната Копа Либертадорес. За него веќе се интересирале ПСЖ и Челси.

Најдоминантната статистика на вечерта е дело на Баер Леверкузен

Ако некој клуб не остава без зборови сезонава, тоа е Баер Леверкузен. Фасцинантната низа без пораз од синоќа ја искачија на неверојатни 42 натпревари на сите три фронта на кои се во игра за трофеј. А сега внимавајте го овој статистички податок.

Аталанта го прекрши Ливерпул среде Енфилд и му нанесе прв пораз дома после 14 месеци

Последниот танц на Јирген Клоп како нвивачите на Ливерпул ја нарекоа оваа сезона, сега е под закана да биде неуспешен. Макар во Лига Европа каде Аталанта им одржа час по фудбал, ги згроми 0:3 и им го нанесе првиот пораз дома после повеќе од година дена.

Жиру бе што направи?

И покрај тоа што се клуб со далеку поголемо искуство на европска сцена, Милан слабо мина во првото четвртфинале од ЛЕ против Рома. Го загуби дома со 0:1. На 3 минути до крајот на мечот, цел Сан Сиро ја виде оваа топка во гол, а потоа сите се држеа за глава.

Арапски навивач пуштен на најјако, од трибина со каиш удираше соиграч на Бензема

Нестварни сцени ни доаѓаат од Саудиска Арабија која после овој клип уште повеќе ќе си го засили угледот во светскиот фудбал. Дајте им го на нив следниот Мундијал, нека се вика World Cup 1850 година.

Мажи, само ако сте кажале не можам нешто

За време на натпреварот меѓу женските репрезентации на Република Ирска и Англија во рамки на квалификациите за Европско првенство 2025 во Даблин, левиот бек на Ирска Меган Кембел фрли аут колку што некои мажи не можат да дофрлат со нога од слободен удар.

Анри, Карагер, Шмајхел и Ричардс ја прогнозираат разврската во ЛШ

Заедно со водителката, ќе може да видите вкупно петмина прогнозери, почнувајќи од тоа кои ќе бидат полуфиналисти, па сè до шампионот на Вембли на 1 јуни. Шмајхел им пркоси на првите тројца, а Анри го скрати муабетот и веднаш го кажа името на новиот европски првак.

Незаборавната ноќ на Ѕвезда кога Панчев и Савичевиќ го срушија Баерн среде Минхен

Ах на какво видео налетавме, оди игнорирај го да те видам. Зборувано и повторувано е, ама старо, а младите мора да го знаат.

Мафијата, Палермо и Вест Хем

Во сезоната 2006/2007 во Куп на УЕФА се паднаа Палермо и Вест Хем. Тогаш за италијанскиот тим играа Корини, Ди Микеле, Брешано, Барѕаљи, Ѕакардо а за англискиот Тевез, Маскерано, Карлтон Кол, Кончески, Рој Керол, Ли Бојер. Првиот меч во Лондон Палермо го добива 0-1, а реваншот 3-0 и со вкупен резултат 4-0 оди понатаму. Но друг ни е муабетот.

Мика Ричардс го изненади Гвардиол со прашање на хрватски

Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс се задолжени за шоу во студиото на СиБиЕс пред и после секое коло од ЛШ. Го вклучија во живо Јошко Гвардиол по што на сцена стапи Ричардс. Додуше и Карагер на крај го повтори истиот збор на хрватски, ама изговорот му беше крш.

Алекс Дел Пјеро е толку голем што тренери прават селфи со него

Тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ по крајот од првиот меч од 1/4 финале на Лига на шампиони против Атлетико Мадрид (2:1) зборувал со легендарниот капитен на Јувентус Алесандро Дел Пјеро. По крајот на интервјуто се врати да му побара нешто.

Луис Суарез пак ќе направеше случај Киелини

Во реваншот од четвртфинале на Купот на шампиони КОНАКАФ за Северна и Средна Америка, Монтереј го растури Интер Мајами со убедливи 3-1 и со вкупни 5-2 се пласираше во полуфинале. За тимот од Калифорнија играа и Меси и Алба и Бускетц и Луис Суарез а овој последниот за малку ќе го повредеше противничкиот играч Виктор Гузман.

Навивачите на Рома му ја платиле казната на Манчини за навредливото знаме

Стоперот на Рома, Џанлука Манчини ги разгневи навивачите на Лацио како никој друг. Им даде гол за триумф на „волчицата“ 1-0, се фаќаше за врат со противничките играчи а после мечот вееше знаме во боите на Лацио со исцртан глушец како навредлива алузија дека навивачите на Лацио се глувци.

И за Халанд има лек, гледајте Рудигер како го чуваше

Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе потфрлија на првите четвртфинални дуели од ЛШ и не се запишаа на листата на стрелци, нешто што од нив секогаш се очекува. Норвежанецот не се виде.

Средбата на Чави и Луис Енрике во тунелот

Луис Енрике заигра за Барса 96-та, а Чави 98-ма. Играа заедно 6 години, до 2004-та, а потоа во сезоната 2014/2015 Луис Енрике кој е 10 години постар, му беше тренер на Чави во истиот тим. Старо познанство е тоа.

Интервенција на Араухо во стилот на Пујол

Барселона извади фантастичен резултат на гостувањето против ПСЖ кој го доби со 2:3. Мбапе беше една од најслабите карики на терен, а Роналд Араухо дефинитивно една од најјаките. Погледнете го овој моќен старт.

Дечки, го имаме ли најинтересниот гол на сезоната?

Во Купот на Ирак, на дуелот Ал Нафт - Ербил, домашните воделе 1-0 до 85-та минута кога гостите даваат тотално луд гол со двојни ножички. Реализатор е Јасин Самија кој го израмнил резултатот на 1-1 а мечот на пенали на крај го добиле домаќините.

Ново гол шоу со пресврти во ЛШ, Барселона триумфално во Париз

И втората четвртфинална ноќ од ЛШ задоволува. Паднаа 8 гола, два помалку од вчера. ПСЖ беше кус за еден гол за да се повтори сценариото од Бернабеу. 0:1, па 2:1 и на крај конечни 2:3 за Барселона. Маестрална асистенција на Педри, мајсторски гол на Рафиња, кој инаку беше двоен стрелец на дербито кое го реши Кристенсен. Атлетико со 2:1 ќе патува во Дортмунд.

Интеристите се во транс, во Милано веќе мириса на Скудето

На 7 кола до крајот на сезоната во Серија А, разликата од 14 бода пред градскиот ривал е недостижна. Интер со Симоне Инѕаги игра фантастично. Има 82 бода, само еден пораз и одличен скор од 75 дадени и 15 примени гола на 31 меч. Титулата број 20 наскоро само ќе ја официјализираат.

Трите спорни одлуки на Емирати кои кренаа голема врева

Реал и Сити режираа величествена фудбалска претстава со 6 гола, пресврти и атрактивни погодоци за најавни шпици. На другиот меч меѓу Арсенал и Баерн (2:2), на големо се дебатира за судењето. И двете екипи се убедени дека се украдени со по еден чист пенал.

Пеп е ретко ингениозен ум кој егзистира во светскиот фудбал

Актуелниот европски првак на Сантијаго Бернабеу имаше 60% посед на топка, 711 додавања наспроти 441 на Реал, 656 точни додавања наспроти 392, 125 напади наспроти 70, 118 истрчани км наспроти 113.

Забележавте ли кој и на каков начин ја почна акцијата за вториот гол на Баерн?

„Пеп Гвардиола не го гледа голманот како голман, туку како 11-ти играч на теренот. Навистина уживам во тоа“, ќе каже Мануел Ноер, најнепредвидливиот голман со топка, кој ужива да игра со нејзе. Погледнете го ова додавање од почна акцијата кога Баерн го сврте мечот на 1:2.