Кралскиот клуб од карантин не се врати на својот „Сантијаго Бернабеу“, туку на вториот клупски стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Кастиља. “Меренгес“' ја искористија паузата поради глобалната пандемија на најдобар можен начин, да влезат во голема реконструкција.
Го зема на 18 години, кај него се калеше 6 години, заедно се радуваа на 9 трофеи и големата меѓусебна почит им остана, што можеби и не е случај со Бекам кој доби копачка во глава. Поздравот на учителот за кој сите зборуваа после финалето на ЕП 2016. Безценето.
Требаше сега да се игра Европско, да пишуваме за Европско, да се сеќаваме на легендарни, луди и незаборавни моменти. Еден од тие е голот на легендата на Ливерпул Рони Велан на мечот Ирска - СССР, одигран на денешен ден на ЕП 1988.
Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.
Една од главните теми во мак фудбалот овој месец е наводниот интерес за купување на Вардар од страна на поранешен бугарски репрезентативец по име Благој Георгиев. Но, за Бугаринов и немаат баш добро мислење во Бугарија.
На дербито во данскиот фудбал меѓу Нордсјеланд и Копенхаген кој заврши 1:1, имаше промашен зицер на сезоната. По 36 минути игра, додека Копенхаген водеше со 0-1, домашниот играч Мадс Тикосен ја заеба физиката.
Центарфорот на Баер Леверкузен Лукас Аларио го има најнеспортскиот потег на сезоната во Бундеслига, откако на мечот против Шалке на гости направи голема глупост. Во 57' минута Чан Боздоган лежеше на трева, па негов соиграч од Шалке ја исфрли топката во аут. Кога продолжи играта Аларио се изглупира и злоупотреби едно непишано правило.
Ирачката фудбалска федерација, која што е под контрола на комитетот за нормализација на ФИФА, реши да ја суспендира тековната сезона поради глобалната пандемија но и со цел играчите да сочуваат сили за квалификациите за Светско 2022 во Катар. А сезонава таму паднале пар добри голови.
Пред две и пол години Арсенал го потпиша можеби најнеобичниот рекламен договор во Премиер лигата. Првпат во клупската историја тимот од северен Лондон на ракавите од дресовите стави реклама.
Мама миа, какво играчиште беше овој аргентински ас, кој преку Сампдорија и Парма, заигра во шампионскиот тим на Лацио 2000, каде беше еден од главните, а потоа продолжи во Интер, Манчестер Јунајтед, Челси...
Играчите може да протестираат кај судиите, ама од дистанца, бидејќи ако тоа го прават како до сега, апла ќе ја прекршат најважната мерка која е на прво место во цела планета.
Најдобриот фудбалер во Премиер лигата и најдобар играч на Африка, Египќанецот Мохамед Салах застанал на една бензинска во Саинзбури, близу Ливерпул. Бил облечен во клупска опрема, присутните го препознале и тој решил да плати бензин за сите што се затекнале на пумпите.
Викендов стартува шпанско, следна среда англиско, а Бундес тера веќе на велико. За вечер и утре имаме Јуве - Милан и Наполи - Интер, полуфинале на Куп, како вовед за Серија А закажана за нареден викенд. Тогаш ај да се спремиме.
Англискиот фудбал уште не се врати, ама клубовите играат пријателски натпревари. Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го прегазил Блекбурн со 6:0 и тоа без повредените Салах и Робертсон (двајцата имале ситни мали повреди).
Голот на деценијата на Гвангжу и веројатно најдобар во кариерата на Паулињо, по кој не им текна повеќе во Кина да му се бранат вака со само еден и единствен играч застанат како жив ѕид.
Еден од основачите на фудбалскиот клуб Барселона и нејзин долгогодишен претседател, Жоан Гампер среде пандемија со шпанска грозница кога луѓе умирале, основал комисија и тврдел дека активности на воздух се најдобри во справување со страшниот вирус.
Знаеме дека држат многу добар овчи кашкавал, ама не и дека стадионот им е збрцан во една ваква лепота. На прва помисливме дека ова е некаде во Исланд, а тоа да ти било Дебар.
Додуше рекламирање букмејкери и казина е дозволено од 01:00 до 05:00 на полноќ, но слабо фајде ќе имаат клубовите кои веќе почнуваат со Ла Лига и кои зависат од парите од овие спонзори.
Секој искрен љубител на фудбалот ќе признае дека за време на глобалната пандемија кога немаше ни с од спорт, му фалеа мајсториите на Аргентинецот. Лео ќе го гледаме за некој ден, на мечот Мајорка - Барселона во сабота од 22:00 (без публика).
Да, тоа што го читате во наслов звучи неверојатно, ама е вистинито. Познатиот битолчанец многу повеќе ги освои срцата на грчките навивачи, отколку светски познатиот бразилец. Заслужено, бидејќи Тони е легенда во грчкиот фудбал.
Во сред пандемија на вирус, Партизан и Црвена Звезда одиграа дерби пред 20.000 навивачи кое го добија домаќините со 1:0. Никој не зборува за голот, туку за дриблингот кој му претходеше. Умар Садик го прати Милош Дегенек на костозглобна.
На финалето сигурно не сака да се навраќа, бидејќи Франција ги елиминираше со гол во продолженија, ама првиот меч одигран на денешен ден пред точно 20 години против Турција му буди посебни спомени. Нема играч кој не сонува да постигне гол со ножички.