Фудбал

Ѓоко Зајков: Живи, здрави излезени од Украина, фала ти Господе

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој денеска требаше да дебитира во украинското првенство за новиот клуб Ворскла од Полтава, соопштија со сопругата дека ја напуштиле Украина и влегле во Унгарија.

Ах бе Трајче, Трајче

Налетавме на клип од дуел меѓу Македонија Ѓорче Петров и Влазрими, втора македонска лига запад. Србите велат дека едната нога завршила во Скопје, а другата во Скадарско езеро.

Магија на Меси со асистенција за гол на Мбапе

ПСЖ со 3-1 го совлада Сент Етјен со два гола на Мбапе и еден на Данило Переира. Парижаните веќе се одлепија на +16 бода предност во однос на второпласираната Ница и титулата им е на дофат. Мбапе го израмни рекордот на Златан Ибрахимовиќ како втор најдобар клупски стрелец со 156 гола. Меси вечерва направи магија.

Дуле растура со два нови гола за Јуве

Јувентус го совлада Емполи на гости со 2:3 и му се доближи на лидерот Милан на -7. Новата српска аквизиција, Душан Влаховиќ кој е хит во Италија, бележи одличен старт во Јувентус со 5 гола на 6 меча со кои сега има вкупно 20 во Серија А и е прв.

Михајловиќ: „Гледав како тргнуваат авиони од Авиано, и ѝ викав на мајка ми оди во подрум за 5 минути доаѓаат“

Легендарниот фудбалер, сега тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, на прес-конференција пред мечот со Салернитана во Серија А, бил запрашан од новинарите да го прокоментира воениот конфликт меѓу Русија и Украина. Се отвори за болното минато и се расплака.

Да си го поправите казанчето на стадион, на 24 март доаѓа Македонија

Се ситни последниот месец до плејоф полуфиналниот меч за Светско, кој Македонија ќе го игра против четирикратниот светски првак Италија. Ако се суди по тоалетот, не им е баш спремен стадионот Ренцо Барбера во Палермо, а го тврдат и нивните медиуми кои го објавија клипов.

Судија за кој прво правило е: нема правила

Ред Бул Лајпциг со 1-3 на гости го растури Реал Сосиедад и со вкупен резултат 5-3 се пласираше во осминафинале од Лига Европа. Главен судија на мечот, Ентони Тејлор во 17’ минута од мечот не му даде црвен картон на домашниот голман Мет Рајан иако според правилата ако голман игра со рака надвор од шеснаесетникот се подразбира исклучување.

Елмас е ова или Роналдињо?

Значи топката не му е наместена на линија или како што се вели од мртов агол, туку на уште потешка позиција. За тие што не го следат многу, на Елиф му е бетон првотимскиот статус во Наполи и тоа во последно време четврток - недела - четврток.

Мурињо и Рома го дознаа ривалот во Лига Конференции, Лестер со Рен

По Лига Европа, и клубовите преостанати во Лига Конференции денес ги одбија своите ривали во осминафиналето. Финалниот меч за ова премиернио издание на Лига на Конференции е закажан за Тирана.

Извлечена ждрепка во Лига Европа: Барселона ќе оди во Турција

Севиља е рекорден шесткратен освојувач на трофејот од Лига Европа. Овојпат клубот од Андалузија ќе сака да стигне до финалето кое се игра на нивниот стадион „Рамон Санчез-Писхуан“, а прва пречка на патот ќе им биде Вест Хем од Лондон.

Во меѓувреме, да го ѕирнеме Пеп на МТВ

И онака Манчестер Сити имаше слободен ден во средата.

УЕФА одлучи: Финалето на Лига на шампиони ќе се игра во Париз, не во Санкт Петербург

Во текот на вечерта во четвртокот, претседателот на УЕФА Александар Чеферин најави дека за петок, пред ждрепките за еврокуповите во Нион, ќе заседаваат за прашањата поврзани со конфликтот во Украина.

Акција на Барселона како во старите добри времиња

Нерешените 1:1 на Камп Ноу беа надеж за Елмас и другарите дека можат против оваа Барселона во Лига Европа. Ама момците на Чави блеснаа во Неапол и со убедлив резултат уште на полувреме од 1:3 и конечни 2:4, покажаа дека има материјал во нив.

Два гола на Малиновски кој се молеше пред камера за Украина

Тешка ноќ за украинските фудбалерите, кои додека се бореа синоќа на терен, со мислите беа кај својот народ. Еден од нив беше украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски.

Како изгледа Клоповска прослава на убедлива победа

Ливерпул игра неверојатно и со 6-0 го демолираше Лидс Јунајтед. До пред само неколку недели многумина ја затворија трката за титулата зошто Сити им бегаше доста на црвените кои сега се вратија на само -3 бода. Клоп знаеше тоа да го прослави со легендарниот Коп, а подоцна ја прокоментира необичната прослава.

Роман Абрамович протеран од Велика Британија?

Британските таблоиди, во прв ред Дејли Мејл, пишуваат дека на денешните собраниски средби се донела одлука на сопственикот на гигантот и европски шампион Челси да биде протеран од земјата.

Бразилците од Динамо и Шахтјор со апел за помош

Воениот напад на Русија врз Украина го стопираше фудбалот во оваа земја, а загриженост за својата иднина покажаа бразилските фудбалери кои велат дека ситуацијата е очајна.

Зинченко до Путин: Се надевам дека ќе умреш со најболната смрт

Украинскиот репрезентативец кој игра за Манчестер Сити имаше хард кор реакција кон рускиот претседател поради нападот врз неговата земја.

Ѓоко Зајков: Нема авиони и возови, веројатно ќе не спроведат до граница

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков изгледа нема да дебитира во украинското првенство, откако ноќеска безбедносната ситуација во оваа земја нагло се влоши.

Како воениот конфликт ќе се одрази на светот на спортот и кои настани се во Русија?

Воениот конфликт во Украина ја потресе и спортската јавност, па распоредот и календарите на одигрување на некои средби се доведени во прашање, првенства суспендирани, натпревари одложени.

Украинец постигна гол во Лига на шампиони и го прослави со патриотска маица

Бенфика и Ајакс одиграа ефикасен меч во Лига на шампиони со четири гола. На крајот со 2-2 задоволни и едните и другите, домаќинот зошто израмни во 72’ минута а гостите зошто на реваншот ќе имаат активен резултат. Јаремчук израмни на 2-2 и голот го прослави со маица за поддршка на неговата земја Украина.

Како Митре стана стрелец број 1 во Чемпионшип?

По сензационалната победа над Португалија и пласманот на Србија во Катар, Дарко Панчев во утринска српска емисија кажа дека српската репрезентација со Митровиќ, Влаховиќ и Јовиќ во напад, може да биде раат со давање голови во наредните 10 години. 

Деби гол на младиот Еланга во ЛШ, вреден реми во Мадрид за Манчестер

Втората осминафинална ноќ оваа недела во ЛШ заврши без победници, што внесува уште поголема возбуда и неизвесноста на реваншите. Атлетико и Ајакс можат да жалат за резултатите, бидејќи ги имаа победите в раце.

Страшно добра компилација на врвни потези во ЛШ

Пазете го друштвово: Роналдињо, Иниеста, Ибрахимовиќ, Меси, Роналдо, Нејмар, Зидан, Ривалдо, Хаџи, Окоча, Рибери, Тоти, Анри, Кака...А да, го има и Џон О`ши со оној негов антологиски дриблинг против Фиго. Многу моќна компилација, која те враќа во минатото да сфатиш што чудесија од мајстории сме се изнагледале во ЛШ.