Судија тргна да свири фаул, му падна свирчето, па Адеми даде гол
Динамо Загреб на гостувањето кај Горица 86 минути не можеше да го најде патот до мрежата зошто голманот Котарски бранеше одлично. Но кога е најтешко, тука за „модрите“ беше капитенот Аријан Адеми, кој како и секогаш е во право време на право место. Интересно пред Адеми да го реши мечот, судијата тргна да свири очигледен фаул за Динамо, ама му падна свирчето а македонскиот репрезентативец го искористи тоа.
Динамо сега на четири кола пред крајот има пет бода повеќе од второпласираниот Осијек и шест повеќе од Хајдук. Трофејниот клуб од Загреб е на прагот на 16-та титула во последните 17 сезони.