Додека во Шпанија топ тема од спортската среда е пеналот на Столе кој му пресуди на Куман, цела Англија се чуди на потегот на Ориги во Лига Купот. Магичен финиш на Белгиецот против Престон кој го добија со 0:2. Ретко се гледа вакво нешто. Го збуни голманот.
Вториот голман на македонската фудбалска репрезентација беше во исчекување, а првиот се фрли пантерски, му ја скроти топката на Депај и го отпиша Куман од Барселона. Да погледнеме зошто е битно да снима Дамјан.
Рајо Ваљекано се израдува на голема победа против каталонскиот тим, прва по пауза од 19 години. Мечот го реши Радамел Фалкао, а работата ја доврши Столе Димитриевски со херојска одбрана од 11 метри и „го избрка“ Роналд Куман од кормилото.
На мечот со Манчестер Јунајтед У18, голманот на Вулверхемптон У18, Џејмс Сторер во еден напад дури четири пати одбрани на неверојатен начин. Првиот спаси автогол на негов соиграч, а после ги матираше и младите таленти на Јунајтед.
Помина една декада, а како вчера да беше. Што тоа? Незаборавното и неповторливо соочување на Барселона и Реал Мадрид, со Гвардиола и Мурињо, Роналдо и Меси и тоа четири пати во финишот на сезоната. Битка вредна три трофеи. Или си шампион или лузер, трето нема.
Приказната за скопскиот и македонски бренд е раскажана благодарение на тв Арена, јер кај нашиве телевизии се нема простор за една ваква спортска содржина, туку за хронично гњавење со политички дебати. Имаме одлично историско фудбалско четиво, богато со славни соговорници.
Во јапонската втора лига, Каито Танигучи во 76’ од мечот меѓу неговиот Албирекс Нигата против Блаублиц Акита постигна фантастичен гол од пола терен. Неговиот тим на крај изгуби 1-2, ама погодоков го прошета цел свет.
Според стилот на игра, позицијата, па и изгледот го споредуваат со Андреа Пирло, ама детево има квалитети да се развива во можеби нешто поголемо. Погледнете ја оваа цврстина, енергичност и способност за исфрлање противник од игра. Го уништи.
Во последно време не е во мода да си симнеш на терен чисто колку да трчаш како мува без глава. Пред неколку дена еден влета за да му помогне на Меси во контра напад, а овој во англискиот нисколигашки фудбал мислиш на проба го викнале за стопер.
Минхен 1860 го елиминираше Шалке во 3. коло од Купот на Германија со 1:0. Голот падна уште по 5 минути игра, по една лоша проценка на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој се однесуваше многу комотно во одбрана. Тренерот го казни за лошиот потег и го извади во 22-ра минута.
Во Милан сигурно не е, а и што би правел кога “бранеше“, односно држеше место само поради брат му и го цицаше клубот 1 милион евра по сезона како трет голман. Епа во трета лига е дрвцето.
Гигантите Барселона и Бока Јуниорс објавија дека е договорен пријателски меч во декември а натпреварот ќе биде наречен „Куп Марадона“ посветен на првата годишнина од смртта на легендарниот Аргентинец.
Во фудбалот повеќе не играат имиња, туку желбата, срцето, мотивацијата. Да не постоеа овие карактеристики, немаше да постојат приказни од типот на Шериф Тираспол. Но оваа е поинаква од сите други и неверојатна, а ни доаѓа од Африка.
Деветтото коло во Серија А донесе рекорд од четири исклучени тренери, откако црвен добија Мурињо, Спалети, Инѕаги и Гасперини. Да видиме кој се снајде најдобро.
На 25 октомври, во понеделникот вечер АЕК Ларнака на гости го совлада Анортозис со 1-2, а резултатот го отвори Иван Тричковски со гол од пенал. Ова беше вкупно осми гол за Македонецот и тоа на седми меч по ред со што влегува во редот на најдобрите стрелци во историјата на кипарскиот фудбал.
Пикантеријата е кратка, ама многу вредна и важнa. Прво затоа што ја отсликува играта на терен. Второ, тоа е најважниот сегмент кај еден тренер во било кој спортски колектив и нешто непоимливо кај еден Фергусон. Трето, ја кажува еден од најмоќните луѓе во фудбалот и го открива изворот.
Никола Јокиќ на врвен начин ја почна и новата сезона. Но момент на слава синоќа во НБА доби и Финецот Лаури Марканен од Кливленд кој заби преку српскиот репрезентативец. На крајот Кавалирс беа поуспешни од Нагетс со 99:87. Јокиќ го заврши мечот со 24 поени и 19 скока и 3 асистенции.
Тој што дрибла е Тарик Лампти, бекче од Брајтон, роден 2000-та, а тој што се обидува очајно да му ја земе топката е Џек Грилиш за кој Сити на Астон Вила му исплати рекордни 100 милиони фунти. Тарик си го работи како сака најскапиот англиски фудбалер и ја забавува публиката и покрај поразот од 1:4.
Мехди Шаири од Каен изгледа гледал многу клипови од Роналдо Луис Назарио да Лима, бидејќи овие движења и маестрална игра со топка, некако на него не потсетија. Многу профи ги изработи, ама ептен.
Маркос Антонио е Бразилец. Денес има 38 години, а на времето играше во неколку европски екипи. Дали на превара или на којзнае што, овој централен бек, стопер, стигна дури и до Жил Висенте, Оксер, ПАОК, Рапид Букурешт.
Марко Балота и Џиџи Буфон како голмани некако ќе ги разбереме, па и дефанзивците меѓу кои се наоѓа по некој постар кој стои позади како командант. Ама напаѓач да не се дава на 40, па уште и во една од најтешките лиги за играње? Само Ибра.