Фудбал

А Ице Стоичков не го ни знаат младиве

Во купот видеа направени од пристигнувањата на ѕвездите на свечената церемонија во Париз, на доделувањето на Златната топка, пазете го пречекот на фановите за Мбапе, Бекам и Ѓоковиќ, а потоа за Стоичков. Пусти Христо ниту некој му довикна, ни фотка, ни автограм. А Златна топка има освоено.

100 часа работа, 15 кг тешка - каде се ваја Златната топка која ја доби Меси

Наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот има долга историја. За 67 години од првиот пат на доделување едно време врачувана им е само на Европејци, се даваше едно време под закрила на ФИФА која ја откупи, па пак се врати кај матичниот магазин Франс Фудбал.

Видеото со кое Франс фудбал го најави Меси е генијално

Почнува со неговата прва фудбалска легитимација во Њу Олд Бојс 1994-та, растот во Барселона, неповторливиот слалом против Хетафе, неверојатните потези и голови, најважните моменти и успеси во кариерата, светската титула со Аргентина, времеплов на сите 8 Златни топки...Екипата што го составила клипов, не можела да направи нешто појако од ова.

Специјален гостин на Франс фудбал, Новак Ѓоковиќ

Изненадувањето на вечерта на церемонијата на која се доделуваат најпрестижните фудбалски награди во светот беше тенисер.

Standing ovation за Меси и осма Златна топка

Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.

Статистиката на Белингем 2022/2023 vs 2023/2024

Разликата е неспоредлива. Да почнеш со 13 голови на првите 13 меча во еден Реал Мадрид, на само 20 години и да решаваш натпревари како Ел Класико, тогаш јасно е дека се работи за посебна приказна. Младиот Џуд почна да ја испишува импресивно и да се наметнува како сериозен играч кој ќе граби по трофеи и награди.

Луд гол на 53-годишниот Парву во Романија

Јонел Парву е поранешен романски репрезентативец кој со Стеауа Букурешт дури четири пати бил шампион на Романија. Сега е тренер/играч во третолигашот СР Брашов. На мечот против Черноморец тој решил да заигра од почеток со капитенска лента и постигнал еврогол. Уште појака е и прославата на голот со колут напред.

Сандро го сетил пресвртот на Сардинија

Друг па вели дека Фаџоли на полувреме трчал да ја уплати ГГ7+.

Како помина предавникот Лукаку на Сан Сиро?

30.000 или 40.000 свирчиња им беа доделени на навивачите на Интер пред мечот со Рома, наменети за пречек за Ромелу Лукаку. Да кажуваш дека го сакаш Интер, а во меѓувреме тајно да преговараш со Јуве и на крај да завршиш во Рома, едноставно не поминува кај Интеристите кои славеа 1:0. Уши му дупнаа при секој допир со топка.

Магичните голови на Наполи со Милан

Наполи и Милан одиграа фантастично дерби со 4 гола. Росонерите водеа 0-2 со два погодоци на ветеранот Оливие Жиру во 22’ и 31’ минута. Наполи се врати на 2-2 во вториот дел по евроголовите на Политано во 50’ и Распадори од слободен удар во 63-та минута. Елмас го одигра првиот дел кога беше заменет со стрелецот на голот Распадори.

Драма со киднапираните родители на ѕвездата на Ливерпул од Колумбија

Викендов светскиот фудбал го потресе веста за киднапирање на родителите на Луис Диаз, колумбискиот репрезентативец и член на Ливерпул. Последна вест од Јужна Америка е дека мајка му била спасена и евакуирана, а за татко му се претпоставува дека е уште во заложништво, во Венецуела.

Луд мега пресврт на Каљари, 4 гола за 25 минути

Во Серија А изминатиов викенд се одиграа дерби дуелите Интер - Рома (1:0) и Наполи - Милан (2:2), но спектакл режираа фудбалерите на Каљари и Фрозиноне.

Ама им легна на Иско и Ракитиќ

Убави голови паднаа викендов во Шпанија. За сега трите задолжителни кои ги детектиравме се прво оној на Белингем, а потоа и на Ракитиќ и Иско.

Има нешто чудно кај фудбалерите

Јувентус ја победи Верона едвај со гол на резервистот Андреа Камбиасо во длабоко судиско продолжение и бјанконерите го запоседнаа врвот во Серија А после долго време. Капитенот на гостите Давиде Фараони имаше една смешна реакција при еден гол на Моизе Кеан кој му беше поништен.

Златен ауспух

Еден од најголемите проблеми во нашето детство беше кога топката ќе ти се заглави под кола.

Страшен проектил на Белингем и гол во 92-ра за пресврт на Ел Класико

Реал Мадрид сезонава доби нов херој кој блеска од меч во меч со вкупно 13 гола на првите 13 меча, а има само 20 години. Со ваквите перформанси, Џуд Белингем се наметнува како конкуренција на Мбапе и Халанд на светската сцена. Ја сруши Барса на гости со два комада во вториот дел после водството на каталонците со голот на Гундоган.

Им дише мозокот на Баерн, 8 гола дадоа за едно полувреме

Сезоната 2020/2021, 8:0 во првенство го победија Шалке и еве сега со идентичен резултат и против Дармштад. Девет пати низ историјата триумфирале со овој резултат.

Го имитираше Мбапе и ги скина панталоните во студио

Во студиото на СБС каде работи како стручен коментатор, некогашниот десен бек на Манчестер Сити и англиската репрезентација Мика Ричардс стана од столче да ја имитира прославата на Килијан Мбапе ама брзо зажали.

Барселона и Реал се спремаат за прво жестоко сезонско Ел Класико

Во сабота од 16:15 на „Олимпискиот Стадион“ попознат како Монтжуик поради тоа што се наоѓа на истоимениот рид во Барселона, ќе се одигра официјалното 255. дерби меѓу Барса и Реал Мадрид. „Кралевите“ имаат 102 победи, Барса 100 а 52 дуели завршиле нерешено.

Со лева си ја намести, со десна ја испука како од катапулт

Многу голови паднаа синоќа во ЛЕ и ЛК. Четири екипи постигнаа по 5 комада, а две екипи по 6. Ние решивме да го издвоиме оној на најдобриот стрелец во Лига Европа за минатата сезона, Виктор Бонифејс, кој го постигна на мечот Баер Л. - Карабах 5:1. Бомба.

Арнолд како голман без раце

Таков е фудбалот. Голманот на Лацио, Иван Проведел скокна во шеснаесетник и му ја заби на Атлетико Мадрид со глава за израмнување 1:1 во 94-та минута. Тренд Александер Арнолд пак како играч од среден одигра голмански против Тулуз и спаси чист гол.

Дарвин како успеа бе да го промашиш ова?

Ливерпул го збриша Тулуз со 5:1 и има 3 од 3 во групната фаза од ЛЕ. Дарвин Нуњез беше меѓу петмината стрелци, а во еден момент прво се претвори во Роналдо Бразилецот, а потоа финишираше ко Симоне Инѕаги.

Миовски даде гол против ПАОК и ги пецна Грците

Македонскиот центарфор продолжува со одличната голгетерска форма за Абердин и го запиша деветтиот гол сезонава на сите натпреварувања.

Го памтите ли Енди Керол? Да видите каде игра сега

Кога ќе се потсетиме на неговите партии, делува како да е генерација со Ибрахимовиќ уште од времето, а Ендри Керол е роден 1989-та и има 34 години, идеални за центарфор. Некогашниот англиски репрезентативец кој играше за Њукасл, Ливерпул, Вест Хем Јунајтед, Ридинг и ВБА, сега во 2023-та игра за францускиот второлигаш Амиен.